Ние немавме напишано на поканите поклон во плик, а речиси сите гости ни донесоа пари. Имав само три подарока, и тоа убави, едно куферче со вилушки, лажици и такви ствари, една постелнина од Тач и од старосватовите имаме ваучер за свадбено патување кое треба да го искористиме во наредните 12 месеци на дестинација која ние ќе ја избереме. Цвеќе добив многу, нешто дадов на мајка ми, на свекрвата, на роднини и пријатели, ама поголемиот дел ми остана и ми ја разубавува куќата. Не верував дека толку ќе се израдувам на цвеќе од свадбата, ама ете. Имам 5-6 flower box и неколку крошни со цвеќе, секој ден им ставам вода од што сакам да потраат. Веќе се засушија ама пак убаво изгледаат. Така да, голем лајк од мене за цвеќе на свадба.
Имaв сaмo сервис лaжички вилушки нoжињa, миксер и еднo зa крoфни прaвење aпaрaтче. Ни пoд рaзнo немaв нaпишaнo пoклoн вo плик. Цвеќињa и бoмбoњери кууууупиштa
Ние немавме напишано поклон во плик, ама скоро сите гости ни донесеа. Од поклони имав сет чинии 18 парчиња мислам беа, од една тетка на мм 2 кутии есцајг и кутија со разни ножеви, потоа перална, мини електрично. Тоа ми беа поклоните. Имав многу торти и бомбоњери, а цвеќиња колку сум имала не се сеќавам.
Немам ништо против ако на поканата пишува поклон во плик. Нека пишува. Јас секако на сите свадби носам пари, бидејќи полесно ми е, не морам да се мачам да бирам подароци. Многу поглупаво ми е одењето по масите и собирањето пари. Што слушнав муабет е зошто да не одам по масите, секој по 100 ден да ми даде спална ќе си купам. Е ајде де, глупост невидена. Тоа ужасно ме нервира. Исто минатата год.еден братучед правеше свадба и потоа тетин ми каде и да одеше свадбата и парите беа муабетот. Кој колку ставил во пликот, имал ама не дал. Плус невестата одеше по масите. Познавајќи го тетин ми кој циција човек е не ми е ни чудно што многу од гостите не ставиле повеќе. Можеби му враќаат. Сега спремаме свадба на сестра ми и таа уште одма си се изјасни дека не сака на поканите да стои поклон во плик, дека сака мала свадба и многу побитни и се луѓето од подароците.
Оваа година прв пат добив покана кај што пишува да се донесат грепки наместо цвеќе. Нормално дека не однесов грепка. Што е следно на свадбиве? Виски да се носи? Ако целта ти е да собереш пари, не прави свадба. На свадбата кај што бев деверот на лице место ги потпишуваше пликоата.
И ние пишавме гребки да ни носат. Наместо цвеќе и торти. Гребките интересно е, цел ден ги гребевме, и ни се падна нешто Ама реално, што ќе правиме со толку цвеќиња и торти? Дома мало е, тесно, уште 200 цвеќиња да налупаме. А тортите па? Ионака на свадба не зимаат сите од тортата, ни остана и од таа. А не па плус 15 торти да ни донесат. Ќе се расипе, неможе да се изеде, греота е да се фрли
Јас мислам ддка е најпаметно грепка место цвеќе. Нема да мислиш кај ќе го ставиш, плус едно цвеќе е 200 ден додека една грепка е 40 ден.
Јас напишав на фб наместо цвеќе и благо да се донира за децата со посебни потреби(имавме кутија) бидејки најискрено билетите завршуваат во канта а благото се дава на најблиските и ти останува за други свечености што се во иднина
Немавме пишано ни поклон во плик, ни гребки. Имавме и подароци, но повеќето од навика веќе носат пари. Букети и цветови имаше доста и дел им дадов на блиските на крај од свадбата, дел дома си донесов и ни красеа куќа и соби неколку денови, недели. Убав период Сум била на свадба кај што пишувало гребки наместо цвеќе и однесов неколку гребки колку што вреди и букетот бар...
Јас не разбирам од каде ви е помислата дека некој ќе ви носи торта и цвеќе, посебно па торта . Тоа веќе одамна никој не го прави. Во последниве 10год на сите свадби што сме биле, парите што сме ги намериле да ги потрошиме за цвеќе, биле ставени во пликото со пари. Не сфаќам со кои луѓе вие правите свадби, па сметате дека ќе ви донесат такви непотребни работи. Зар толку не си ги познавате гостите или тие не ве познаваат вас?!
Многу проста работа ми е ова што се бараат грепки место цвеќе. Нагласено се бараат грепки.Не купувам. Простотилок.
Ние во старовреме правевме свадба и добивме поклони-поклони. Тенџериња, тави, сетови лажици, вилушки и ножеви, сервиси за ручаВАње, и едно кебе... меѓу другото
Мене многу ми се допаѓа американциве како прават за свадби. Си отвараат wedding registry во продавница/и по нивни избор, си избираат работи што им требаат или би сакале да ги добијат поклон и на сите гости им се дава пристап до листата за да купат од таму. Си бираат што ке купат според тоа колку пари планираат да потрошат. Според мене многу е практично и на тој начин ем младоженците ке си го добијат тоа што го сакале и ке си го користат, ем гостите нема да се мислат што да купат. Исто се прави и за бебе, baby registry.
И мене многу ми се допаѓа на тој начин да се купуваат поклони. Ко ќе се премажам, дефинитивно така ќе направам
И ние исто,само ќебе немавме. Ама па скоро се искористивме. Кај нас не би функционирало. Последно што ми кажаа,свадба се прави за да собрало пари за кола,а од грепките за кеш.
Ние ќебе немавме, ама се појави некоја греалица Не пишавме пари во плик, повеќето пликови донесоа. Грепкиве што се нова мода, исто како и пишувањето-поклон во плик, ми се малку невкусни, ама па секој со својот вкус
Нема шанси да барам пари, грепки било што ниту да спомнам што би сакала. Според мене луѓето се канат за да бидат дел од прославата од тој настан , зашто сакаш да бидат покрај тебе и ги почитуваш ,а не дека ми требаат неколку работи што не би било лошо да ми ги купат. Дури и нигде не пишува дека треба да носат поклон. Да, се подразбира и никој не иде на свадба со празни раце ама да инсистирам мене ми е многу ниско и би ми било срамота. Ако дојде и без поклон нека дојде сигурно не сум поканила никого за поклон. Не ми се допаѓа ни тоа да направам список па ајде нека купуваат од него. Секој како мисли дека треба да даде така нека даде, нема што да го ограничувам некого. Да, јасно ми е дека така може да се добијат поклони кои можда јас не би купила ама не ми смета. Многу пати ми се има случено некој да ми купи нешто и погоди поише и од мене, не ни знам дека нешто ми треба и на такви поклони баш се радувам. Доколку ме поканат на таква свадба (досега не и се надевам немам никој таков во моја близина ) воошто и не идам. Јас сакам да однесам тоа што сакам јас, а тие нека си купат сами што сакаат како што би си купила јас.