Абе 'тие' прават свадба, тие одлучуваат како ќе биде организирана. Кога ќе правиш ти, ти ќе си кажуваш за твојата. Не ми прави разлика што ќе побараат. Чим одам, значи ги сакам и почитувам. Чим ги сакам и почитувам, им ги почитувам и желбите. Не знам што ви прави разлика што поклон ќе однесете? Сигурно пак ќе купите нешто што сте во можност. А за грепки и 'поклон во плик' пак, најмал проблем.
Сепак врвот е кога ќе речат парите за цвеќе донирајте ги. Значи ситнишот донирајте го, ама нас донесете ни поклон, не се откажуваме од него. Патетично.
Оти бе патетично? 200 гости. Да речеме од прилика, тројца ќе донесат еден букет. Тоа се 70 и нешто букети. 70 букети по 400 денари, најмалку.. се 28.000 денари. Не се за потценување.
На последна свадба што беа моите јас не бев ( бебчо е сеуште бебе ) пишуваше наместо цвеќе да им се купи грепка (од оние игри на среќа) . Интересно, не ми текнало да препрашам колку грепки собрале и дали нешто им се паднало
Кога би имале малку повеќе пари и стил и култура, не би побарал никој ништо за поклон, ни регистрирање во продавници, ни "случајно" спомнување што ти треба по дома, дали пари или букет или грепки. Американците убаво си правеле Они и култура.
Рачунај на пример ако се 200 гости тоа ти се 80 пликоа по 1 грепка да стават доста е. Мада поблиските ставаат по 2-3. Јас на свадби кај што сум била сум ставала секад по 3 а кај поблиските ставам од видови на грепки по една освен онаа среќен роденден.
Кај нас имаше бајаги грепки, маж ми таков муабет пуштил на работа, и доста колеги и другари носеа грепки. По 5, 10, на крај околу 3000 денари ни се паднаа вкупно. Да имаше некоја кола баш јако ќе беше....
Па да јас за себе си кажувам и што мислам јас. Ако некој не мисли така слободно нека си прави како сака, мене тоа ми е ниско да барам и да им наредувам на некој начин што да ми купат. Ајде некој нема пари може сака да донесе нешто поефтино ама не јас ќе кажам што сакам и мора да ме почитува. Јас не се сложувам и не сакам да ставам никој да се осеќа во ситуација дека е должен и мора и да му е незгодно.
Здраво, мене ме интересира од кај ја нарачавте кутијата за поклоните во плик и после сликањето со гостите дали треба да стои таа кутија на невестинската маса или во кола?
Кутијата за поклоните си оди заедно од ресторанот каде што правиш свадба. А подоцна кога сите гости веќе се влезени мислам некој од најблиските ги собира поклоните и каде ќе се договорите таму ги остава.
Нас ни беше од ресторанот, инаку нас ни дадоа соба и таму ни стоеше. Ако има ресторанот соби, може во соба.