Подароците од вашата свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од girl1985, 19 мај 2011.

  1. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Истото мислење и јас го делам, многу мизерна работа, мислам и дека некаде имам пишано, ноќта во 3, свекрвица зема да запишува, и тоа, пази богати, од моја и нивна страна, со цртка, ко табланет да ќе играме, фино лепо јас се надурлив, му спукав на мужето, он на неа, таа се надува, и си легна... :lol:
    Она мене... :devil:
    Не ме интересира што ми донел, помалку или повеќе, ќе однесам тоа што мислам јас да однесам, а не да му враќам, или што вели Лилитка, сеа, еве јас имам поише, ти мене ламба, јас тебе 2, на, види :tmi:
    Јас немав многу ни подароци ни пари, и уште никаде немам искоментирано, дури ни на мајка ми, кој колку и што ми донел...кој што имал, и му благодарам што ме почестил со присуството негово.
     
  2. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.462
    Пол:
    Женски
    Единствен погуп момент од подароци на свадба и нивно евидентирање и архивирање ( ќе прави и он свадба, ќе види јас што ќе му донесам :devil: ) ми е изложување на чеиз. За овој настан дознав пред некоја недела и уште не можам да се начудам .
     
  3. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Уште ми е смешно кога ќе ми текне на фацата на мојата свекрва, утредента после нашата свадба... :D
    Доаѓа таа сета радосна да сме ги отварале подароците, носејќи си со себе пенкало и тетратка :!:
    Кога виде дека се е веќе отпакувано, и дека не сме запишувале и поима немаме кој што ни донел, малку и фалеше да ја здрма инфаркт :D
    Стварно не ме интересира кој што донел, јас ќе носам како јас сакам и колку имам...А ако некој води ред и мерило за почит му е вредноста на поклонот, тогаш нека му биде, негов проблем...
     
  4. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Се согласувам со Phyramide, и искрено, за мојата свадба не ми беше криво што не знаев за некои подароци кои за нас беа тотална утка од кого се, туку токму некои кои навистина ни се допаднаа не беше запишано чии се. За едните одпосле дознавме, ама за некои работи сеуште не знам, ама здравје. За толкави суми од типот на 8500-10000е искрено не верувам, затоа што сите знаеме во каква криза живееме, треба да сме среќни ако некој воопшто и не удостои со неговото доаѓање на свадба затоа што и тоа е сепак трошок. Ние добивме и подароци и пари. Од подароците имаше и побогати и поскромни, добивме 8 преубави уметнички слики, од кои некои сеуште мислиме каде да ги позиционираме, добив два многу штосни зидни саати кои веднаш беа сместени, дојдоа како порачани, и како модел и воопшто дизајнот. Да не кажувам сега по ред што и како сум добила, можам само да кажам дека имавме навистина и креативни, и далеку некреативни подароци, па така, тие што многу многу не се труделе да размислат и не се замарале очигледно, им било најлесно да ни купат некој едноставен мал кујнски уред, па така добив два рачни блендери, два самостоечки (од кој едниот дефинитивно бил користен!), два миксера, и среќа не добив еден куп микробранови, пегли, и слично. За чудо, очекував, ама не добивме сервиси за ручавање, добивме само еден за шест особи и уште еден ама како за служење благо или слично... Најповторуваниот подарок на мојата свадба беше есцајг, добив 4 мислам, рака на срце, едниот беше навистина добар, и беше за 12 особи. Исто така добив некои чудни три украси во комплет кои сеуште не знам што значат, и еден јапонски сет од украси кои исто така не можам да ги сварам...и би споменала и еден така чуден сервис шољи за кафе сите во различна боја. Но нема врска, кој што донел, колку донел, му благодарам и што дошол. Нормално драго ми беше за оние подароци кај кои увидов дека навистина ни обрнале внимание, биле креативни или убаво ги свиткале, убаво ни напишале посвета, некои од честитките дури и на полица ми стојат. Се токмам да си купам плутена табла и сите поубави и покреативни да ги закачам, а останатите ќе ги чувам во кутија. Сите до едно ги чувам.

    п.с. Мора да сфатиме дека иако парите на сите млади брачни парови ни се од големо значење, свадба не се прави за да се заработат или повратат парите кои се инвестирани... Поентата на една свадба според мене сепак не е тоа, парите се трошат и заработуваат, важно е свадбата да помине во добар ред, да е весела, да ве направи задоволни и секојпат на неа да се сеќавате со насмевка. Верувам дека после 10г нема да кажам, ех колку пари добив, туку ех колку убаво си поминавме... И уште нешто, многу повеќе ме разочараа особите кои не дојдоа, а дефинитивно кажаа дека ќе дојдат, а дури после тоа не ни се ни јавија да ни честитаат, а скромните или промашени подароци не ме разочараа воопшто, секој подарок ми е драг на свој начин.
     
    На guguence, pamelche, Buttterfly и 6 други им се допаѓа ова.
  5. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Потпис на ова...

    Малце офф топик, мене и бепче ми се роди, а особите што не дојдоа на свадбата ниту ми честитаа за свадбата, ниту пак за бебето. А што останало пак да дојдат, пффф.
     
  6. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.821
    Најмал проблем кога правевме свадба ни беа подароците. Искрено, кога правиш свадба, односно веселба, а бе треба да се веселиш, не да мрчиш за подароци. Ги почитувам сите што дојдоа и што ни ја направија свадбата екстра весела, благодарна сум што после со денови кажувале колку убаво си поминале, затоа што без нив (гостите) ни свадбата немаше да биде тоа што беше. Веројатно тој став е и од домашното воспитување, уште од мали не учеле дека важна е честа, не кој што ти донел (за родендени на пр. и слични убави поводи), дека секој ќе донесе колку може и тоа што смета дека треба. Повеќе почитувам отворен став, на пр. другар мој не сакаше да прави свадба, вика подобро за тие пари ќе си купам се што сакам јас, не да ги потрошам за свадба, па да му ја мислам што подароци ќе добијам. Искрено, поштујем :) .
     
    На Bibko, enca.69, blond и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.226
    Допаѓања:
    67.731
    Пол:
    Женски
    Ние ќе пишеме поклон во плик :) Како што сме во мало станче под кирија, немам кај да пикам сервиси, чаши и сл. глупости. Ако сакаат и по десет денари нека ставаатили ич нека не ставаат. Подобро и така, барем нема да му ја мислам што да правам со сите тие работи.
    А за тоа попишување кој и што донел сигурно нема да го има. Јас нема да се замарам со такви работи, свекрва ми и така нема да биде тука, а мајка ми па воопшто не сака такви работи :)
     
  8. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    116
    Ние на поканите немавме напишано подарок во плик и пак сите ни донесоа пари. Имавме само 5-6 убаво одбрани подароци и баш ми е криво што се толку малку, сега немам ни сервис за ручање, ни тенџериња, ни лажици... :rofl: Ама не се жалам, ќе си купам по наш вкус ;)
     
  9. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    197
    Јас верувам, бидејќи мои роднини добија бкупно 10 000евра и ништо не ми е чудно, 300 поканети гости по околу 33 евра еве ти 10 000, ама тоа зависи и колку носиш ние не одиме без 35 евра на пријатели и на подалечни роднини, а на блиски (први братучеди) нормално 100евра, прв братучед е како брат/сестра...и така :) се држам до тоа КОЛКУ НОСИШ, ТОЛКУ И ЌЕ ТИ НОСАТ.
     
  10. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    35e по човек или? Значи ако твој братучед се жени, а ако сте тричлено семејство носите 300е? Верувај од сите 300 гости не носеле сигурно сите пари, а и да носеле, не носел секој засебно па да сметаш 35е*300 :)

    п.с. На мојата свадба имаше 350 гости, добивме задоволителна сума, иако имавме и подароци, но верувај, тие суми од типот на 10,000е ретко се собираат, а особено затоа што знам многу кои кажуваат лажни суми што ги добиле на свадба од некои X причини.
     
  11. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    197
    :D не, 100 евра од сите нормално. А и плус во мојот град ретко кој кани 300, има свадби и по 400-450 гости- Македонска работа :D и сега овие 35 евра ги ставив како пример бидејќи има некои одат двајца на свадба со 35 некои со 25 некои со 50+. И затоа велам колку носиш толку и ќе ти носат. Оние кои собираат по 10 000евра (а ги има) можеби ретко, но сепак ги има. Сигурно се носеле барем по 50 евра во плик па нормално дека собрале на нивна свадба.
     
  12. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Јас неодамна правев свадба, и баш ме заинтригира темава... :)

    Прво, да нагласам дека си направивме свадба која што беше точно према нашите планови... за ништо не бевме присилени од ничија страна... Како поклон, секако дека сакавме пари - живееме сами под кирија веќе две години, па си имаме тенџериња... но, секако не беше начин да се пише во поканата "поклон во плик"... барем не за нас двајца... многу невкусно ми делува... инаку, свадбата беше со околу 230 гости. 95% од гостите не прашаа (или нашите) што сакаме, така да имаше ете и пофин начин да се сервира идејата за поклон во плик... поклони што не беа пари беа ептеееен малку (дали 6-7)...

    Со оглед на фактот дека после свадбата бевме во Хавана и кога се вративме немавме сила да направиме ништо (а љубопитност те јаде до максимум) седнавме да видиме што и како... баш си се израдувавме (немавме празни пликоа или непотпишани - и не запишувавме кој колку дал - само гледавме кој дал некоја сума што позитивно не изненадила = повеќе од што сме очекувале)...

    Во секој случај, со оглед на тоа дека викаме блиски луѓе, секој (тргнувам од себе) би прашал што им треба на младите, па не е важно дали е поклон или се пари, оној кој сака да даде нешто што е стварно потребно - ќе се погрижи тоа да е така.... јас така би направила....
     
    На enca.69 и BoaVista им се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.226
    Допаѓања:
    67.731
    Пол:
    Женски
    ^Браво за тебе :)
    Meне воопшто не ме интересира дали некој ќе мисли дека е тоа невкусно, дали некој нема да дојде на свадбата поради тоа или ред други работи. Си знам и јас какви роднини имам, какви гости ќе ми дојдат на свадбата. Тој што намеравал да дојде со некој сервис од 200 ден од пазарче, секако ќе стави толку пари во плико. Само баремн нема да имам потреба од фрлање на непотребни работи.
     
    На piksooki и blond им се допаѓа ова.
  14. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.352
    За тоа поклон во плик, порано бев против ама сега сум некако поделена.
    Од една страна луѓето тоа го сфаќаат како просење, а од друга носат разноразни глупости наместо да прашаат ако ништо друго што ти треба.
    Е сега, 200денари мислам дека никој нема да стави во плик, барем не во потпишан :D
    Отсекогаш сум била за тоа дека свадба се прави само ако имаш средства и без притоа да очекуваш да си ги вратиш дадените пари преку поклонот во плик, ама па и да се затрупаш со сервиси, вазни и безвредни слики после свадба не оди.
     
  15. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    RainBow според мене тој што испланирал да ти донесе сервис ти пишала на поканата поклон во плик или не пишала исто е пак ќе ти донесе :) Мене лично не ми допаѓа да пишува поклон во плик сепак не правиме свадба за поклоните туку за личен ќеф и од лично задоволство. Сепак сите си ги знаеме своите роднини и од кои што можеме да очекуваме. Еве конкретно сестрами правеше свадба во мај, на поканите не ни пишуваше поклон во плик и добија само неколку поклони кои морам да нагласам скоро сите беа корисни, а остатокот беа пари. И пак ќе нагласам кога ќе дојде ред за моја свадба нема да правам свадба за поклони туку од кејф, ако парите се во прашање подобро да неправам свадба туку наместо свадба ќе си ги збришам парите :)
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Не сакам да те разочарам, ама тој што сака да дојде со сервис од 200 денари, ќе дојде со сервис од 200 денари... и тука неможеш многу да смениш....

    На пример, мојата баба - знае дека ми требаат пари и дека имам дома вилушки, ама сепак - јас добив вилушки и лажици и така натаму.... и што можеш тука? Да ја вратиш? (Јас радо би и од други причини :lol: , ама ај... )

    А за тоа "си ги знам гостите" пак, позитивно можеш да се изненадиш.... :)
     
  17. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    јас не мислам така, дека некој ако решил дека ке ти донесе некој сервис, и слично така ке направи, или ке ти даде 200 денар, верувај ти кажувам од искуство... кај нас најмала сума беше 700 денари, точно толку беше порцијата, а такви имаше два-три. јас сум за поклон во плик ;)
     
  18. langida

    langida Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    13
    eve i jas da se nadovrzam na temava zosto do neodamna i jas pravev svadba od najbliskite dobivme toa sto pobaravme megutoa imase i pokloni sto se povtoruvaa nekoi tendjerinja,tanjiri i dr raboti.Isto taka dobivme i stari pokloni sto im stoele po doma ili sto imgi nosele na niv,a za stramota imavme i eden prazen plik
    ,zatoa mislam deka ne e stramota ako na pokanata napises deka sakas poklon vo pari
     
  19. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.462
    Допаѓања:
    4.228
    Пол:
    Женски
    Јас сум некако неодлучна во врска со ова прашање.. Секое едно си има свои недостатоци и предности..

    Јас лично, не би пишала на поканата поклон во плик, бидејќи ми е некако глупаво но од друга страна пак, си ги знаеш роднините па што ќе ти се тенџериња од 1921 година?? Колекции ли јас ќе правам?

    Но, практично да му наредиш на некому донеси ми пари, мислам дека ќе се навреди па дури и нема да ти дојде..

    Јас мислам дека најдобро е да се носат пари на свадба.. Барем ручекот да си го платиш.. Некој прави веселба, те повикал и тебе, сакал да е со тебе на тој ден но да не се лажеме сега, не е убаво кога ќе дојдат 6-7 души со едно ќебе за поклон... |(

    Мојата свадба сакам да биде поскромна, само најблиските од моја и негова страна а не некои теткици кои се дојдени само за фаќање сеир и да се видат со роднините.. Да сакале да се видат, ќе одвојат еден викенд и ќе дојдат на гости а не се чека свадба и оп, највеќе се сакаме..Мада ова е веќе друга тема..

    На мојата свадба нема да кажам дали пликче или поклон да ми донесат, гостинско право ама не сакам некој да се заиграва со мене...

    Сепак, ќе кажам фино е од моја страна што сум ги поканила но би било фино и од нивна страна да не играат мајтап..

    За претходните постови, кај што спомна некој празни пликоа носеле.. Јас сметам дека тоа е мајтапење, правење налудничави и понижување на некој начин.Демек еве ќе идам на свадба, ќе јадам,ќе пијам а нему ќе му тутнам пликче без пари... Безврска бе!! :swear: :fubar: :@
     
  20. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    јас лично сум задоволна едно 70% ,знаев кој колку и што ке даде пола пола ни беа поклоните,имаме се што е потребно за дома од електрични апарати,ама има и сервиси за једење кои што ама баш не се по мој вккус,не е работата за поклоните секој си знае колку може да даде ,ама луге мои имам мои најблиски роднини дојдоа со 1000 денари верувале или не 6 членови па ај замислете ,а не да немаат пари ,или моите да не му дадоа добар поклон,се сеќавам мала бев али моите му дадоа поклон од 5000 денари и то тогаш пред едно 12 години ,плус тогаш беа евтини порциите а сега ние една порција ја плаќавме по 850 денари замислете колку за еден член не дадоа поклон,али нема врска ,важно кефот беше голем за моите јас да се прашував ке направев минијатурна свадба ,и пак тие луѓе што сакаат да ти дадат ке ти дадат ,важно она што е најпотребно од кујнски работи од машини за садови за алишта се имаме ,и плус пари ;)