Подароците од вашата свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од girl1985, 19 мај 2011.

  1. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.477
    Допаѓања:
    10.927
    Значи според мене нема ништо,ама баш ништо поглупаво од типот ПО МОЖНОСТ ПОКЛОНОТ ВО ПЛИК..аЛО?
    Па значи овде сега ќе се уценуваме,демек еве ние се најдовме,се засакавме,па решивме да ја крунисаме нашата ГОЛЕМАААААА ЉУБОВ и поклонот да биде ПАРИ?Ами ај ако не да пишиме во поканите дека сакаме стан,ама стан сакаат младите.Лелелеле.,тие пред нас шо праеле свадби се ли им било погодено,демек не ни фалат ли на сите денес пари:?Па и на едно дете од 2 години му требаат пари.Мене тоа ми е стварно за жал кога ќе го претпочитам.И шо ако немам пари,а на пр имам можност да земам нешто на рати,ќе глумиме лудило и ќе се позајмуваме за да биде задоволена желбата за поклон во плик.Па кога веќе сакате пари,а еве просечно една свадба е 5000-6000 евра ако не и повеќе па ич не правете сбадби.Мислам нема ништо поглупо уба поканата се и читаш долу УЦЕНА-ПОКЛОНОТ ВО ПЛИК.Па тогаш ќе ги отерам по гаволите и зетот и невестата и нека играат сами на оро.НИ ПЛИК НИ ГОСТИ-САМИ НЕКА СИ ПРААТ СВАДБА,ТАКА БАРЕМ ЌЕ ЗАШТЕДАТ.Лично јас познавам таква свадба,каде во поканата пишуваше поклонот да биде исклучиво во пари и на свадбата не му отидоа гостите,од вкупно поканети 300 биле само 30 најблиски,па ете им го поклонот во плик.ПОКЛОШАРСКА РАБОТА НЕМА.
     
    На lepadama, london-girl, Bibko и 2 други им се допаѓа ова.
  2. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Јас имам роднина на која и пишуваше подарок во плик,како и да е и без тоа ние ќе однесевме пари.
    Татко ми си има правило за вакви работи,барем да си ја платиш порцијата.Секаде каде што биле моите на свадба носеле пари минимум 15/20 евра од член,кај блиски роднини повеќе.
    Јас многу многу не се замарам дали пишувало подарок во плик па сега од инат нема да одам,како да не глупости.Еве на пример кај на другарка ми брат бев поканета на свадба.И што да однесам сама да ставам 50 евра?Не,нит ми се блиски нит ништо.Сакав да купам нешто за младите и купив сет од две шољи за кафе големи со виолетови рози како со искривени тацни прекрасни и голем кожен албум за слики од свадбата.
    Одма после свадбата ме прашуваа од каде да си купат уште еден затоа што премногу им се допаѓал,а имале многу слики.
    Лично за моја свадба здравје,не верувам дека би пишала подарок во плик,на татко ми ќе му биде незгодно да даде таква покана,а како второ и онака немам намера да канам ојле дојле па од блиски роднини филџани не верувам дека би добила.А и да добијам,боже мој битно дошле.Повеќе ми е мило што сепак дошле,а не како некои други што воопшто нема да дојдат и ќе те изигнорираат тотално.
     
    На lepadama и london-girl им се допаѓа ова.
  3. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    Бидејќи правев мала свадба сите луѓе коишто беа поканети беа блиски а на поканата не пишуваше поклон во плико :!:
    срамота е во 21 век да пишуваш такви работи.на крај краева тој човек си го канил и дошол заради тебе па макар и ништо да не донесе, мене ми е ќеиф јас правам свадба а ако чекам да се збогатам од свадбата тогаш зошто воопшто ја правам?!

    сега сите знаат дека на младите им требаат пари и се повеќе носат поклон во плико. поблиските ќе те прашаат што ти треба, а другите здравје :) како што спомнаа и некои од вас џабе пишуваш се брукаш поклон во плико некој ако намислил тенџериња да ти донеси и така и ќе биде

    Конкретно за мојата свадба јас бев задоволна 80% од гостите ми донесоа пари, тетките и стрините ме прашаа со сакам да ми купат , а останатите поклони беа супер. се по една ствар која ми треба и не се повторува :)
     
    На ennaz, lepadama, london-girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    О.к е секој со своето размислување, ама мене едно не ми е јасно, зашто ако не сакаш глупости да добиеш, туку ти требаат пари, зашто правиш свадба??? едноставно, ќе те чини 4000евра свадбата? да. Земи си ги, потроши ги, како ти е ќејф и никому ништо.
    А вака, правам свадба, ама пари ми требаат, донесете ми, да го покријам трошокот, по можност и во плус да бидам.
    Ама најверојатно работата ке да е, сакам свадба, ама друг да ми ја плати, т.е гостите што сум ги поканила, меракот да ми помине, да бидам невеста, ама еве ве канам, вие да ми го овозможите тоа.
    Баш така звучи тој муабет според мене, ми бара пари за да си ја направи свадбата.
    Земи си паричките, не прај свадба, и купи си што ти е ќејф.
     
    На tessie, london-girl, kate21 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Стварно е срамота и дрско да се напише на поканата, поклон во плик. Епа за инет ќе им однесам рамка за слика во плик, ете.
    И ние најчесто носиме пари на свадба, барем ќе им се најдат. Или кај пријатели помала ќе биде сумата и готово. 20 евра , не ми се роднини за да носам 50 или 100.
    Ама не се сите во можност да носат пари, можеби имале дома некој неотворен и скроз ноц убав сервис или миксер или било што, зошто да не го однесат на свадбата?
    Каква криза е дојдена, луѓево гледаат да поминат некако, а некои дрско ќе ти нарачуваат пари како поклон.
    Не значи дека ако се добие подарок ќе е некој никаков, баш напротив може и доста корисни работи да се добие. И искрено, би сакала да знам од кого е подарокот. Ме интересира кој на каков начин ме гледа , колку е креативен, едноставно сакам да знам.
    Пример братучетка ми кога се мажеше доби и пари и убави подароци.
    Правосмукалка (лошо би му дошло некому?), убава голема вазна, уметничка слика, миксер, преубав сервис, дури доби и еден преубав накит.
    На крај краева ако не ти се свиѓа некој подарок, го ставаш на страна, (нормално не го користиш), и го носиш некому за некоја друга прилика.
    Најблиските роднини и онака ни носат поголема сума на пари, ама на подалечните или пријатели никогаш не би рекла пари да ми дадат. Можеби некој нема, и ќе се снајде нешто друго да ми донесе. Колку ми е жал за некои , уште пари да барам, нема шанса. :(
     
    На london-girl и Bibko им се допаѓа ова.
  6. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Повеќето носат пари. Моите кога одат некаде, или собираат заедно ако се со колеги, пријатели, други роднини... па ќе купат голем убав букет и убаво плико и ќе им дадат некоја убава сумичка од сите, или сами си ставаат во плик со поскромен букет. :) Па мама ќе скрене по продавници, како што го анализира секое ебано чиниче три саата, дали имало дупче, размачкана шара или што ти знам што, замисли човече сервис да купи, тоа се многу чинии за анализа. :rofl:

    Инаку во право е Лакримоса, тешки времиња се и не знам, невкусно е да пишеш поклон во плико. Па знаете колкав трошок е да ти дојде некој на свадба, само бензинот да отиде и да се врати ќе биде најмалку 10тина евра, пари сигурно ќе стави БАРЕМ 20е, па слика, па букет... Моите не си минат со помалце од 50е. Како викаат, ако ме каниш, фала, ако не ме каниш, трипати фала. :rofl:

    А и да донесе некој подароци, што сте се уплашиле, поклон како поклон. Никогаш доста од чинии. :D :!: Нека стои бе, ни вода ни леб бара, ќе се најде некој ден.

    Чисто информативно, не дека е исто со свадба, ама кога јас правев матурска (а не сакав, атер за ќеифот на моите, после и мене ми беше убаво и ќе зажалев ако не направев :) ), беа само најблиските роднини и пријатели. Се изненадив, зашто повеќето беа постари и 95% ми донесоа пари. Ќе видите колку луѓето на кои некогаш сте им се нашле, ќе ве испоштуваат. Моите имаат пријатели, им имаат позајмувано пари на неколку пати во итни ситуации и луѓево на матурска ми дадоа 50е, а некои роднини не ми донесоа толку. Ама онака со ќеиф ми ги дадоа... Ние тебе многу те сакаме, ни се најдовте, фала многу, вака така. :) А други пријатели, исто блиски многу, ми донесоа преубава столна ламба, се гледаше дека е скапа и дека била бирана.

    Зборот ми е, тој што сака да ве испочитува, ќе ве испочитува и со пари и со поклон. Тие што ќе се изглупираат со празен плик, нека им служи на чест. Вие битно сте си го завршиле вашиот дел со тоа што сте ги поканиле. :)
     
    На eli25, Annath, guguence и 5 други им се допаѓа ова.
  7. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    419
    Најубав поклон во денечно време се пари во плик. Дрско е да побараш во поканата, затоа што и онака веќе сите знаат дека најубаво е да подарат пари. Од поважните гости може да се избере нешто од бела техника што ви треба по дома, а од останатите кој колку има.
     
    На Mrs.Bass му/ѝ се допаѓа ова.
  8. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.118
    Допаѓања:
    124.390
    Порано ете не се носело -поклон во плико ,па нашите пак правеле свадби.Барем моите блиски што ми имаат кажано,од најблиските добивале да речеме фрижидер,шпорет итн,а другото ситни подароци.
    Мајка ми и свеки викендот ми кажаа-ако пишете поклон во плик не ви ги делиме поканите :lol:
    А и денес ретко кој носи поклони.Повеќето носат плико -во зависност од можнотите.Па дури се добива и празно плико.
    Навистина е малку глупо-на свадбата имаме секакви гости,богати,сиромашни,па јас да го условувам со поклонот.Може ќе му биде мерак да дојде,ќе ми купи нешто убаво кое ќе го отплаќа на рати,а кеш нема да има.
    Нашите беа јасни-дека они ни ја прават свадбата,а со парите да го средиме станот.
    Јас се понудив на мајка ми да земам помал кредит а остатокот таа,но не сака да чуе.Знам дека ќе и помагам во враќањето на него,ќе мора некако да се погодиме :)
    Простете ,ама мене поклон во плико напишано на покана-ми е просење исто како одењето по маси со бонбончињата :tmi:

    Плус,да земе слика,може ќе купи букет,може нема превоз ќе плаќа такси,може е од друг град значи не е само една работа.....

    Уште нешто-пред неколку месеци на свадба кај прва братучедка на дечко ми.На нашата покана не пишуваше поклон во плико,а на некои да.Случајно се среќаваме со наши другари кои беа канети исто.На нивната покана пишувало.И двајцата не работат и мислеле да им купат поклон.Ама-рекоа пишува поклон во плик.А јас пак-не бе не пишува! Значи ги делеле поканите на најблиските не пишувало,на другите да.Е и ова не можам да го сфатам :?:
     
    На thinkerbell и enca.69 им се допаѓа ова.
  9. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.882
    Допаѓања:
    107.876
    Пол:
    Женски
    Ние се уште не сме правеле свадба ( и незнам дали ке правиме воопшто) туку сме само регистрирани :)

    инаку само да прокоментирам - поклон во плик - нешто најглупаво и најмизерно. |(
    Па како сега јас од некој што нема добра финансиска состојба да барам `поклон во плик`
    Па и ништо да не ми донесе - што ке биде сигурно нема да се налутам :|


    Овде во Грција сите пишуваат `поклон во плик`
    Кога требаше да одиме на една свадба во поканата ја пишува и сметката во банка на младоженците , нели бројот и банката и одиш во банка и има посебен шалтер каде што кажуваш дека треба да испратиш пари - поклон и на нив им стигнува од кого се парите. Кога ми го кажа ова мм значи си викам светов до каде дојде. И тоа под 100 евра било срамота да се даде (демек малку биле) :devil:
    А па порано било мода да одиш во некоја продавница од каде што сакаш да купиш поклон , да платиш на пример 50 евра и за тие пари да дојдат младоженците да си изберат што сакаат..
    Сепак за ова поклон во плик значи стварно срамота :x
     
  10. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    ^^ А зошто срамота? Па реално на младоженците после сите трошоци за свадбата им требаат пари, пари и пари. Едно да покријат тоа што платиле, па ако остане нешто плус да си купат сами она за дома што им треба. Срамота е да е наведена сумата или самите тие да кажат под ХХХ евра не примаме, тука се согласувам тоа е претеризам. Но стварно нема подобар поклон за свадба од пари. И сигурна сум дека и 20-30 евра да се, место да ги даде гостинот за соковник, блендер или што ја знам, многу повеќе ќе им завршат работа на младите ако им се дадат во кеш.
     
    На eleni23 и Spidy им се допаѓа ова.
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.606
    Пол:
    Женски
    Ние не напишавме на поканата поклон во коверт, туку им рековме на тие што не прашаа, а моите кога канеле повеќето ги прашале, и моиве им рекле за ствари дека не сме сакале сега, ако не им е проблем пари и сите се согласиле, рекле дека обично на младиве тоа им треба.
    А и логично, и да ми се блиски и да сакаат да ми купат фрижидер нормално дека ќе ми биде глупаво да одбијам. Но можеби тој фрижидер нема да ми се допадне, можеби ќе сакам поголем, поубав, поскап, и ќе треба да бидам незадоволна од поклонот или да одам да го менувам и доплаќам за друг.
    А вака нај добро нека даде кој колку има, па јас ќе соберам и ќе купам некој по мој вкус, и според димензиите во мојата кујна.
    Еве на пример, сега ми купил некој нешто што не можам да го искористам. Немаме нова кујна, во старава не можам ништо да планирам.
    Ти тие пари од поклони можеш да ги искористиш кога ќе биде нај соодветно, кога ќе уредуваш соба, кујна, купатило. Значи пак ќе ги материјализираш во некоја ствар, ама што ќе биде соодветна на твоето место и простор, а не купено колку ради реда.
    Па некој и сервис од 500 денари да планира да ти даде, ако имаш сервиси и тој да ти е ептен вишок, да ти дал 500 денари, си можел на пример завеса да си купиш или нешто друго што ти треба. Зашто кај нас обично е така со поклониве, не носиме ние кај секого телевизори, домашни видеа, соковници, скапи тостери итн. па да му се најдат на секој. :)
    Па свадбата не се прави само да се почастат сите, туку и да се собереме сите на едно место, да се видиме како фамилија и да им се помогне на младите да започнат заеднички живот.
    Ма среќа не правиме свадби како циганите, па на микрофон да се чита кој што донел, е тогаш ќе видам дали послужавник ќе донесе некој :rofl:
     
    На eleni23 и maca99 им се допаѓа ова.
  12. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.692
    Претежно беа поклони во плико.
    Но имавме и неколку подароци,за кои ептен ми е мерак што ги добив и си ги користам денес.
    Преубав сервис чинии,блендер ,тостер,од другарка блиска која освен што даде пари со другарките ми донесе само од неа убави чаши за бело и црвено вино.
    Така да мило ми е и што собрав некое поклонче,не само поклон во плик.
    Драги ми се а најбитно од се ги употребувам и беа погодени за мој вкус баш :)
     
  13. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    и кај мене повеќето беше поклон во плик а останатото беше бела техника, лустер ,и 2 сервиси тањири :)
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.226
    Допаѓања:
    67.731
    Пол:
    Женски
    Јас морам да кажам дека бев многу, многу изненадена, во позитивна смисла. Сите не испоштуваа максимално, добивме само два поклона кои не беа во плик и тоа беа прекрасни што верувам долго ќе си ги служиме. :)
    Немаше некој да оставил празно плико, или плико со 500 или 1000, што јас лично не можев да поверувам дека се случило. :lol: Е сега, ќе имаме и ние многу за враќање. :!: :lol:
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.611
    Девојки, ај дадате идеја за некој фин и интересен подарок до кај 1200 ден.
    Ова се другари од средно, не некои посебно блиски, ама ете, упатиле покана, јас само нудам помош при изборот за подарок.
    Јас досега предложив Делимано тавче (оти јас ги сакам, под импресија сум дека - и други ги сакаат бе) :D или шејкер за коктели, со комплет чаши за коктели или мали чашки за текила.
    Друго не ми текнува, спомнав и од оние филиграните во рамка од срма, тоа ми рекоа било монотоно и досадно, мене не ми е, да ми донесат и 10 јас ќе се радувам и сите ќе си ги закачам, ама нејсе. :)
    Нешто друго?
    Идеја?
     
  16. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318

    во карес париз она на ул.македонија има убави сетови на ножеви или некој кујнски сад :) прекрасно е се и со врвен квалитет :) малку е скапичко ама мислам дека ќе најдете нешто интересно за тие пари
    или пак во вектра во рамсторе има многу штосни саати за на ѕид ;)
     
    На kiki_riki и Trendafilka им се допаѓа ова.
  17. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342

    За 1200 ден може да се земе - тостер, блендер, пегла, сет чаши за вино на пр., оние комплети за торта што се еден голем тањир и 6 мали, некој комплет на куглофи (на пр еден голем и 2 мали), иноксни садови за сладолед, штосна вазна ако е познат интериерот на младенците за да им се вклопи, сет куфер со алатки за правење скара, здела за овошје -никогаш не е вишок, чаши за фрапе или жестоки пијалоци, огноотпорен сад за печење, ...одиш во Вицко или џиџимиџарница и што има за тие пари тоа купуваш
     
    На blond и Trendafilka им се допаѓа ова.
  18. olence86

    olence86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    287
    Допаѓања:
    91
    Девојки,
    Пред две недели ми беше свадбата и си добив преубави подароци.
    Повеќето беа пари, но имав и подароци кои не се дуплираја ( што ми беше најбитно) и
    што ќе ми користат.
    Си добив блендер во комбинација со миксер, грил тава, правосмукалка, ДВД плеер, преубави чинии за сервирање на благи работи, и многу други што ќе ми користат.
     
  19. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.352
    Што убава идеја ова, гаранција за долг и среќен брак ако правилно се користи :D
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    2.166
    ВАака ме интересира нешто.Се веривме со мажми пред една година и живееме заедно од тогаш во заедница.Место злато да ни купат се договоривме да ни дадат пати нешто да си земеме. На мажми неговите ни земаа тросед двосед и фотеља.А моите ни дадоа пари и не земавме ништо така ги потрошивме за сметко глупости.Е Сега правевме свадба и оваа свекрвами почна со муабет да си ги симнела нејзините работи од дозгора за ние да си купиме нови работи за во другата соба, за во спалната и сеа демек тоа останало од старо време татко муи и мајмкаму се малце старомодни луње се се враќаат на некоја си традиција и сеа маж ми нешто спомна па таа соба соба ке и зимаат нејзините спрема.И сеа ја му викам слушај не сакам иод нив ништо, доволно ми давале за факултет и тоа приватен се претрошиле еве свадба дај ние да си земеме што ни треба.Кога маж ми се ужустри па поцна да ми се дере па паднаа некои шамари па ја му вратив , па после ми се извинуваше ми идеше одма парталите да си ги земам, па и свекрвами тука се меша слушај утре ке ти биде криво ако те остаат така, па ми викаше како нејзините и купиле една спрема, цело време ко да сакаше да не подбуцне затоа и почнавме да се расправаме, не се оставало на девојче да не и се купело нешто бла бла.Како да се справам со ситуација моите нејкам да им викам ако ми земат ако добро несакам да ги форсирам и викам на свекрвами да не ми плакале факултет одма ке ми земаа, а она па добро не ти викам сеа одма али да не ме остаеле така, прости луње еј.И кажете ми кој е у право они или јас и како да се справам со ситуацијава.Поздрав.