1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Подароците од вашата свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од girl1985, 19 мај 2011.

  1. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Ние не правевме класична свадба, но почнаа да доаѓаат и кај нас на честитка луѓе(нормално, претежно блиски и другари).
    Е сега од моите добив многу поклони, гарнитура, трепезариски маса и столови, спална, кола... Од свекрва ми ништо, а не ни очекувам... неможела она, немала бла бла бла... па така на игнор и не ни сакам нешто да ми даде веќе зошто знам и осеќам дека не би било од срце или со ќејф.
    Сите кои ме прашуваат што ми треба, си кажувам дека имам список на работи кои треба да си ги земам, па кој колку може, засега добиваме пари. Сите пари што ги добиваме, право одам да купам што ми треба за да не ги потрошиме и сметам дека правилно постапувам, зошто пара како пара одма може да и го најдам крајот на нешто што не треба, а списокот да си остане недопрен.

    Монибејби јас од моите добив многу, а маж ми се осеќа многу непријатно поради тоа, за ништо нема кажено кажи да ни купат или да ни дадат. А ваква сцена да ми направи во истата секунда би го оставила. Па на што му личам јас него или моите, на извор за пари, за материјални нешта.... Лошо, пред се тој е оној кој треба да ја свести мајка му да не си го пика носот кај што не и е место.
     
  2. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.836
    Допаѓања:
    2.073
    Факла ти меУ за одговорот , ада точно може сум крива сто му простив овој пат али се повтори недај божжжжжжжжжжже ваква ситуација не му прогледувам више па што сака нека биде, ке гледам да не доаѓа до вакви ситуации ако ми земат нешто моите добро ако не ми земат пак добро само се мислам како поише материјалната страна да ја гедаат сто кој ке купел а да ги видиш па свекор ми е колку е стриснат ептен то а сто треба ке ни го земе, иц не замарам ако ми земет добро а ке не јас ке си земам, а па мајкеаму на тоа ми вика ај вика со ке трошиш ти да зимас ке неможжжжжжжжжжжжжжжжжжете месец да претерате реков за понатака пошто сеа не работам, али тогаш устите ке им ги затнам.
     
  3. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    meU треба да ме известиш за потточките во твојот список :)
     
  4. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    луда си :rofl: :lol: да не сакаш да ти дадам фотокопиа :rofl:
     
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    girl1985, ne se sekiraj meU odamna go stokmila toa...samo ceka da ne sobere site na kafence ;)
    mozebi treba da i kupime edna metla i masna na nea...sosema ke e dovolno :D
     
  6. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    нашата свадба беше пред 10 години и од страна на апаратите за домакинство добивме перална телевизор машина за перње алишта имаше сервиси за ручување огноотпорни садови сетови со вилушки и ножеви углавном 90 % од поклоните беа убави и искористливи имавме собрано и пари кои до последен динар си ги искористив за електричен шпорет кревет и шпорет за греенје на дрва мада што веке не го користам аххаха углавном убави поклони за тоа време
     
  7. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Гледам повекето погоре го сметат подарокот во плико за глупост, според мене не е тоа глупо. Во мојот крај веке им стана навика на лугето да не носат подароци туку само пликоа, па не пишуваат на поканите. Сестра ми кога правеше свадба пред 14 години кога не беше актуелно ова “подарок во плико“ доби по најмалку 4 пегли, прибори за ручење, миксери, блендери и секакви други глупости, иако веке беа вселени во домот и имаа се што им треба. Подобро колку можеш толку во плико одколку подароци кои ке факаат прашина и нема никогаш да бидат употребени, а дури и некои ке завршат во ѓубре.
    Да се разбереме јас кога ке дојде ред да правам свадба, не би напишала на поканите да биде подарокот во плико бидејки е банално, и сметам дека треба веке да им биде на сите јасно дека паричните подароци подобро се искористуваат за она што им треба на младенците. :)
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. leilla

    leilla Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    146
    Ти удри шамар?!
    Бегај од таму со повреме.. :x


    Да не бидам офф
    Поклон за младите најдобро е во плико. Но, кога јас ќе правам свадба ако некој од поблиските ме праша ќе му кажам да ми купи тоа што ми треба. Кога се женеше братот на мајка ми, мама и вујна ми пред свадбата излегоја заедно за вујна ми да си одбере шпорет, тоа им требело.
     
  9. Oaza.123

    Oaza.123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    24
    Девојќи, ајде ќе ве молам за мислење.
    Јас сега се спремам за свадба. Тоа што сакам да го направам е тоа што го има по странство односно да се регистрирам во неколку продавници низ Скопје и на гостите да им кажам дека сме регистрирани во тие и тие продавници и дека доколку незнаат што да ни земат ете таа листа на продавници со таа листа на работи кои ние сме ги одбрале би можеле да им помогнат во изборот. Ќе внимавам како ова ќе го формулирам бидејќи несакам некој да се навреди. Поентата ми е тоа што мислам дека доколку некој сака да ни подари пари ќе ни подари а доколку некој сака да ни купи поклон нели ќе биде поубаво да ни купи нешто што нас ни се допаѓа и ни треба? Многу нормално дека нема да бирам скапи поклони (од 1000 до 7000 денари најмногу мислам) ама мислам дека ова е совршена формула за никој да не е повреден ниту ништо. Системот функционира на следен начин: ако некој да кажеме ја купи пеглата што сум назначила дека ми се свиѓа, наредниот кога ќе дојде ќе ја нема таа пегла за избор.

    Ме интересираат мислења како вие би изреагирале за некој ваков систем доколку сте поканети на свадба и добиете листа на продавници? Дали какко гости би се навредиле од тоа што младите се имаат регистрирано? Ќе се чувствувате ли повредени што ќе испаѓа како младенцита да ви кажуваат што да им однесете?

    Би ви била благодарна за мислењата. :)
    Поздрав!
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Оаза мене идејата многу ми се допаѓа! :)
    Јас како гостин било на свадба или на некаков друг повод секогаш имам проблем (*се нервирам) кога бирам поклон... многу сакам да угодам, не сум особа која би купила што и да е, само да не отиде со празни раце, па се влечам по продавници, мислам, размозгувам...дали ќе им се допанде, дали веќе имаат такво нешто, дали - ако е украс - ќе им одговара на ентериерот.... :geek:
    Ова е многу олеснителна околност, од причина што не само што ќе заштедам на нерви и на време, туку и ќе се чувствувам многу убаво кога ќе знам дека мојот поклон им се допаѓа на младенците, имаат потреба од него и го користат.
    Е сега, знаеш каков е нашиот менталитет, треба да очекуваш и негативни реакции ( од постарите луѓе посебно), зашто тоа кај нас е нешто ново (барем јас досега немам сретнато) и додека влезе во практика треба да помине одредено време.
    Ама сепак мора некој да го скрши мразот, нели! Така да од мене имаш :up:
     
  11. Angela12345

    Angela12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    26
    хахахахаа ако некој ме покани на свадба и ако напиши поклон во плик јас за инает ке однесам некој срвис хахахаахаах :)
     
  12. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Многу ми е ниско на поканата да пишува подарокот да биде во плик.Ако некој нема,а сака да дојде нема д аможе.Мене ми е битно да ми дојде на свадбата тој кој што ќе го канам,а не да гледам дали некој ми донел пегла ,тостер или пак 100 евра.Денеска повеќето се одлучуваат како подарок да однесат пари кога ќе одат на свадба,но некои носат и скромни подарои.Ако се повторуваат-решен проблем,дуполото ќе го однесам јас некаде на свадба или друго место ;)

    Јас мислам дека идеата е многу убава идеата и дека нема потреба некој да се навреди. Во секој случај многу полесно и за гостите кои што ќе имаат идеа што да купат и каде,а и за вас ќе го имате тоа што ви треба и што го сакате.Но, кај нас некои можеби нема да го раберат тоа и ќе им смета,можеби и ќе им изгледа како да им наметнувате што да ви купат и од каде. Сепак ,размисли си добро пред да го направиш тоа бидејќи е нож со две острици ;) Среќно :)
     
    На MaggieTatum му/ѝ се допаѓа ова.
  13. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Значи дека ако јас сум гостин треба да шетам од продавница во продавница за да видам што е купено, а што не, па дали ми одговара цената? Не би рекла дека ми се допаѓа. Малку сложено за нашиов народ. Додека се рашетавам со списокот в рака, поубаво пари ќе ти дадам.

    Нека е јасно, што сакате напишете на пликото, тој кој сака да ви купи поклон ќе ви купи без разлика на се. А, тој кој сака да даде пари ќе си даде. :)
     
  14. Oaza.123

    Oaza.123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    24
    Па идејата дојде од тоа дека луѓето како и да е ќе шетаат по продавници за поклони, па зошто да не им ја олесниме работата? Нормално, никој не е обврзан да ги купи подароците од списокот, тоа е само помош, кој сака може да купи, кој не не.
    Ама добро, тоа е мое мислење, дека би помогнало. Како и да е, благодарам за мислењето.
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Мислам дека ова е многу глупаво и навредливо.Да треба да однесам определен подарок на свадба,или пак да мора тоа да бидат пари.Секој си има своја идеја и нормално дека секој ќе се потруди колку може.
    За мене можеби е некој поклон одвратен,а за некој е најубавото нешто.
    Така да,мислам дека е глупо некој да те ограничува со одредени работи.
    или сеа ја наместо да се спремам за мојата свадба,ќе трчам по продавници за праам список со поклони :|
    Секој ќе си избере на свој начин и по своја желба.И нели најбитно е присуството...или можеби и не? :^)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Melaniiii

    Melaniiii Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    20
    Јас правев сбадба пред еден месец. Повеке од лугето носеа пари отколку поклони.
    Мое миелење е дека за поголеми подароци, и да прашаат што ти треба во домот се најблиските како баби, тетки, стриковци.
    Всушност свадбата правиме за веселбата а не за собирање поклони.
     
    На kiki_riki и Greeen им се допаѓа ова.
  17. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Сите правиме свадба за веселба и за да се видиме со луѓето, ама па факт е дека секој кој ќе дојде ќе ти донесе поклон. Зошто во отј случај да не биде тоа поклон што веќе ти треба , барем ќе знаат дека со мерак ќе си го коритиш.
    Сум за идеата со список, направен од младоженците, на него подароци со цени од 600ден па нагоре. Мислам дека е многу прифатливо и практично.
     
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    ^и мене ми се допаѓа идеата засписок.
    сметам дека не ни глупо ни срамотно.
     
  19. sonce10

    sonce10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    116
    Јас лично секогаш давам пари во плико како подарок. Искрено не сум за тоа да се наведува на поканата подарокот да биде во плико и затоа јас ќе си ги поканам само најблиските на кои што ми е лесно да им кажам дека сакам пари бидејќи ми требаат. Од друга страна ве читам, некои викаат дека е мизерно да бараш пари и дека некој мене ми прави чест со тоа што дошол на свадба?? а тоа што јас им правам чест што сум ги поканила?? ако се зборува за чест, тогаш тој што е поканет и решил да ми дојде на свадба, би требало да има 3 чисти во главата и да сфати дека ме навредува ако ми се донесе со се фамилија со некои тањирчиња од пластичарска или подарок што они го добиле од некаде па за да расчистат ѓубре од дома мене да ми го носат. Тоа не е никаква чест и не е ништо повеќе од навреда. Подобро не носи ништо, кажи не сум при пари и готово!
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.913
    Допаѓања:
    32.521
    Пол:
    Женски
    Ние за свадбата добивме само 2 поклони - машина за перење и скара. Машината ни ја донесоа моите вујковци, а скарата моја другарка и дечко и. Пред свадбата не прашаа што сакаме и ние им кажавме. Кога одиме на свадби, даваме пари. Така е најдобро, според мене. Многу ме нервира кога ќе видам гости како носат сервиси за поклон. Па тоа секој го има во денешно време. Со маж ми бевме старосватови на една свадба (тогаш уште бевме дечко и девојка) и младите добија еден куп сервиси за ручање и тенџериња. Гостите знаеја дека имаат се што им треба и пак им ги донесоа тие поклони. Невестата беше многу изнервирана. Неколку дена по свадбата ги виде поклоните и ми вика - и сега, што да им правам? Од свадбата поминаа скоро 3 години и поклоните уште и стојат во кутиите. За тие поклони поарно да добиеше пари. И на уште една свадба каде што бевме се случи вакво нешто. Знам за една случка кога младите на свадбата добиле неколку празни пликоа. Се прашувам кои биле тие будали што им дале празни пликоа? Ама младите знаат кои се - нивни роднини.
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.