Има и случаи со пликоа со салфети внатре... Кај братучетка на мм имаше рекордни 11 пликоа со салфета! Душата кај ќе им оди, мајчина им!
^ А салфетите дизајнирани или.....? Не размислував за ова пред свадба, некако не ми беше воопшто на ум дека некој може такво нешто да направи. За воља на вистината, ниту имавме такви пликоа, ама затоа нашата свадба беше релативно мала, 180 вкупно, нашите најмили и најблиски. Добивме и некои си 20на поклони, од кои 8-9 се` уште ми се неотпакувани, и искрено, никогаш не ми текнало да коментирам - „Еј што ми го купиле ова, не ми треба“. Ќе се најди бе Сум ги поканила, ми дошле на свадба, ме испочитувале со своето време и пари (без разлика поклон или плико) и тука завршува се`. Не ги канев за да пополнам некакви „дупки“, било финансиски, било предметни, па да се туфкам што не ми ги погодиле... Заклучок - не поканувајте гости кои не ви се блиски и кои ги гледате само по погреби и свадби, освен ако не сакате да започнете со собирање салфети
^ Ќе ти се најдат, верувај! Мајка ми пола кујна ми ја опреми со поклони од нејзината свадба. Тенџериња, послужавници за сервирање, башка постелнини, ќебиња и јоргани. И тоа Отекс оргинал Маде ин Југославија. Само излегува нешто ново, прво поклон во плик, после ангажирање најчесто сестра/брат на невеста/зет да стојат на врата и да запишуваат кој поклон/плик од кого е, а па сега и список на потребни поклони. Мене воопшто не ми се допаѓа. Не ве осудувам вие што се одлучувате за некои од наведениве обичаи, секој за себе си одлучува, ама јас не се сложувам со тоа. Не сакам никакви услови да им поставувам на гостите, ги викам за да ги ,,почастам,, за мажачка, слободно нека дојдат и со празни раце, нема воопшто да се навредам.
Добро бе се следите ли што пишувате? Душата каде ќе им одела на луѓето ако донеле поклон салфетка! За тоа ли се зборува така. Навистина е нељубезно и не културно во плик да ставиш салФетка како подарок, но исто толку е некултурно и дрско да поканиш луѓе на свадба и да им наговестиш дека мора поклон во плик. Значи свадба не се прави за финансиско профитирање и после од собраните пари да си ги исчистиш долговите и да си направиш куќа. Свадба се прави за да се овековечи љубовта која ја имате со партнерот и да се радувате за истата заедно со вашите најблиски и најсакани. За поклон кој сака, што сака ќе донесе. Се разбира дека ако луѓето ви се блиски ќе ви дадат нешто плус, нели во зависност на можностите. И најубаво е мала свадба со свои луѓе кои знаете дека ќе се радуваат за вас и исто вие за нив што ги гледате тој ден. Е сега тие кои имаат финансии и добиле на својата свадба пари од нивните најблиски, а потоа на истите не им даваат добар поклон туку само кафе шолји и миксер, е тие треба да се засрамат. Тоа е невидена скржавост. Ама секакви не има.
Во право си за ова. Најчесто далечни роднини носат такви поклони. Знам и за случаи каде што младите добиле и користени поклони. Сешто има во денешно време.
Ама ајде! Зарем има некој што го прави ова?! Кај нас свекор ми се сеќаваше кој што ни донел (дека малце поклони), и имаше фикс идеа да направи список, за да знаеме. И искрено, знам дека не сакаше да го направи за демек „Еве толку малце ни дадовте, толку и ние ќе ви дадеме“, туку од што му беше срам некој да не донел нешто многу вредно, а тие да му однесат после него нешто помалце. Од старт му ја укинавме идејата нормално Искрено, јас да одам на таква свадба, со записници, веднаш ќе си одам. Ќе им честитам на младите и налево круг дома, да не им правам трошок, ќе ја одбијат мојата порција.
Најчесто е така. Ама има и обратни случаи. Луѓе коишто на свадби носат поклони, кога прават свадба на нивните покани пишува Поклон во плик. Па нели е срамота да бараш од гостите да ти носат пари, кога ти си однел поклон. Што се однесува до мене, кој што ми донел тоа и ќе добие.
^ Да златна Моира и оваа глупост ја прават денешниве лакоми младоженци. Јас имам слушано од дамна дека се практикува тоа, а и на дело кај пријатели го видов. А па има и некои ,,по културни,, за да не ангажираат писар, ставаат камера таму каде што се врачуваат поклоните, па така си гледаат после кој што им донел.
Јас свадбата си ја немам прегледано, не па примањето на подароци Претерано, и ептен невкусно. Се изгуби сета смисла на овој чин. Искрено, 100 пати подобро било порано, кога на сред село си ги правеле свадбите. Сите тука на купче, кој јаде - јаде, сите начукани со ракија, зурли, тапани и ајт по дома.
Го виде ли смајлито на крајот на реченицата? Постои нешто што се вика хумор... Ниту напишав на поканите поклон во плик, ниту на некого му кажав да донесе поклон во плик, ниту од некого очекувам да ми донесе каков и да е поклон! Си ги сакам луѓето н свадба да ми дојдат, не рачунам на нивните пари или поклони. А дека е резил да донесеш празен плик или тоа со салфетите е резил, и тоа каков. Поарно дојди со насмевка и искрена честитка, никој нема да те оговара! Барем не мојата фамилија. Не напаѓај одма, мене стилот ми е таков, заебантски! А па има и некои ,,по културни,, за да не ангажираат писар, ставаат камера таму каде што се врачуваат поклоните, па така си гледаат после кој што им донел. Ајдеееееее..... Ниту списоци, ниту камери. За тоа ли бре се прави свадба???
Во глобала гледано јас сум задоволна од подароците на мојата свадба.Оставивме на гостите сами да одлучат што ќе ни дадат за поклон.Од моја страна беа поканети само најблиските роднини и пријатели.А од негова страна имаше и некои подалечни роднини(за некои дури и мислел дека се мои роднини :lol) Некако глупаво ми беше да инсистирам на поклон во плик..кој како сака и може.На крај краева свадбата е за да се обележи тој убав настан..а не повод за собирање на подароци. Сите најблиски и од двете страни ни донесоа пари...освен неколку вази и едно старо тенџере другите подароци беа океј(кои секако ќе најдеа примена). Воопшто не се замарав кој и што донесол но,многу ме изнервира свекрвата кога почна да ги отпакува поклоните и...лелееее не можеше да дочека да види кој и што донесол па почна да остава и нишани,парчиња хартија со кои беа завиткани за да се присетела кој ги донесол.Ми идеше да ја задавам Јас кога одам на свадба ретко купувам подарок,гледам да оставам пари ако не повеќе барем минимум колку што е порцијата.
ние еве пред една недела правевме мала свадба, ца.100 луѓе. Сите знаат дека подолго време живееме заедно, па така најголемиот дел ни донесоја поклон во плик ( без празни пликоа и салфетки внатре ) Се на се само 3 поклони, кои секако ќе си најдат примена..во спротивно ќе завршат како поклон без повод за некој мој блиски на кои знам дека ќе им користи. Смешен ми е делот со записничар на врата или камера на влез...па добро бе луѓе нели денес секој кога носи подарок на било каква веселба се потпишува - добро не со потпис, но во форма на една честитка до младите, славеникот итн.....
ние за нашата свадба добивме поклон во плик и едно 5-6 поклони еве максим 10 да беа. не беше напишано поклон во плик ниту па некој не праша што сакаме секој според желба. немаше ниеден празен плик или слично напротив од сите бевме позитивно изненадени. додуша не ни очекувавме од никој ништо така да се беше ок за нас. поклоните сите беа убави дел си земав веднаш да користам а некои поубави работи си ги оставив здравје кога ќе имам нов стан да си користам нови работи. мислам дека на свадбата добивме онолку колку што потрошивме со оглед на тоа што сами си ги плаќавме трошоците за свадбата и за нашите гости. не барав да заработам од свадбата така да немав никаков проблем со овој дел.
потполно исто како joelle имавме 8 поклони, се друго беа пари, цела свадба си ја плаќавме сами со маж ми така што испаднавме на позитивна нула немавме напишано на поканата поклон во плик, ама мислам дека веќе свеста на луѓето работи и како иде време многу ретко некој купува подарок, сите даваат пари, во денешно време сите имаме се, се би ни било вишок или дуплирано ...
До некаде ги оправдувам тие што прават записник за тоа кој што им донел. Сигурна сум дека тоа го прават за да знаат што да однесат кај истите луѓе на свадба. Некој што на свадба ми донел поклон од 1000 денари не може да очекува да му однесам поклон од 3000 денари. Кој што ми донел на свадба, тоа и ќе добие. Ако ми донел пари, ќе добие пари. Ако ми донел поклон, ќе добие поклон. Ако на некој не му било срам да ми дојде на свадба со 500 денари, зошто на мене да ми биде срам да му однесам 500 денари на неговата свадба. Ова го наведов како пример. Во зависност од тоа колку потрошил за мене, толку и јас ќе потрошам за него. Ако не сакате да добиете сервиси и тенџериња, не канете роднини што ги гледате само по свадби. Тие роднини носат такви поклони.
А што ако, БАШ во тој период, фамилијата која ти донела 1.000ден во плико е во таква криза, да и тие пари им се позајмени, а ги земале за да дојдат и да ви направат чест?
Никогаш немој да ги цениш луѓето според тоа што ти донеле на свадба. Кој колку можел, толку донел, независно дали подарок или пари. Па дошле луѓето, чест направиле, и да водам сметка кој каков подарок ми донел. Мене лично ми е глупаво тоа. Јас ги викам луѓето на свадба за да ја поделиме радоста, а не да заработам од нив. И секогаш кога одам на свадба кај некого, носам подарок што сметам дека ќе им треба (сум прашала прво) или носам пари. Без разлика колку тие луѓе мене ми донеле, ако ми донеле нешто. Не ја ценете материјалната вредност на подароците, ценете го гестот што некој и покрај тоа што немал и не можел, ви направил чест. На мојата свадба гостите носеа и пари и подароци. Не броев, не сметав, ниту правев записници кој што донел, ама затоа свекрва ми и свекор ми (кога ние бевме на одмор после свадбата) си ги пребројале сите подароци и направиле список кој подарок од кого е, и ми мафтаа со тој список пред очи летото дека фалеле подароци, дека сум ги носела кај мајка ми да се поднови, што не е точно. И тогаш мака ми падна што воопшто правев свадба, да знаев дека така ќе биде, искрено, само ручек за најблиските ќе дадев, и ќе им речев да не ми носат подароци. Секое мое отсуство од дома на подолг период резултира со намалување на бројот на неотпакувани подароци, гледам дека свекрва ми време не губи, си зема ако и треба нешто или за на свадба или за по дома. Нека и се, само да не ми се меша во бракот. Таа тортура што ја доживеав од неа, не сакам пак да ја поминам, ако треба цела куќа ќе и' ја дадам, само да нè остави на мира.
Кога ќе се најдеш во ситуација да не можеш да однесеш толку колку што ти донеле, тогаш обично се менува ставот и се вели-не е битна вредноста на поклоните, битно е да се направи чест. А до тогаш ќе листаат сите списоци и ќе прават пресметки. На оваа ситуација и тие суми што се даваат како поклон се многу. Јас сум за тоа да се искоренат големи сведби и да прават оние кои вистина сакаат и имаат можност да поканат роднини па и до трето колено без да рачунаат на тоа да истите им ја исплатат свадбата. На колку свадби можеш да заприметиш овенати лица и кисели насмевки на луѓе кои веројатно последните пари ги дале за да направат чест и на крај некој да се потсмева дека донеле сервис за кафе од пазар.Како да не е доволно што тие се свесни колку ти си им однела и срамот што не можеле исто да ти возвратат. Ако не па нека се задолжат и нека исплаќаат поклон на рати само затоа што ти си имала повеќе и си им однела поубав поклон. ..
Јас сум против пишување на поканата-подарок во плик. Ако сака некој да донесе пари не мора да му се потенцира тоа на покана. Инаку за нашата свадба добивме и пари и поклони. Од парите не видовме ништо. Ги потрошивме не знам ни јас за што. Некои поклони секојдневно ги користам и го спомнувам тој што ни ги дал. Некои пак ми фаќаат прашина во визба.
Неодамна едни и не така далечни роднини ни донесоа покани но за да не ги даваат одделно на баба ми на тетка ми па на мајка ми ти ги оставиле кај баба ми сите 3 покани(нормално мајка им е одат секојднено па ќе си ги земат) е сега на поканата на баба ми пишување: Десанка и Митре( дедо ми починат од пред 17 години) со фамилијата(а освен двеве ќерки за кои веќе има посебни покани нема друг) на поканите на мама и тета пишуваше: името на мама и името на тато -без деца -директно во хотел -поклон во плик значи од тогаш толку мизрено ми е тоа поклон во плик што ако некогаш се мажам ни случајно не би го пишала овде буквално се поканети луѓево за да им помогнат финансиски на младоженците, па за тоа ли се прави свадба?? Пишува име на починат човек уште пред 17 години,а не заборавил да пише без деца и поклон во плик Значи мој став: категорично против ПОКЛОН ВО ПЛИК