1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Подароците од вашата свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од girl1985, 19 мај 2011.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.504
    Допаѓања:
    37.759
    Пол:
    Женски
    Изгледа не сум разбрана како што треба. Тоа со парите го пишав за оние кои што носат ефтини поклони, а очекуваат скап поклон или поклон во плик. Тоа за мене нема логика. Што се однесува до мене, ако немам пари, нема да отидам на таа свадба на која што сум поканета. Секој има право да одлучува за себе.
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Goldeneye

    Goldeneye Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    29
    Малку погрешно е сфатен концептот на “поклон во плик“ според образложенијата што ги прочитав.

    Јас никогаш не сум го сфатила навредливо, баш напротив, многу практично е. Боље не се троши за нешто што е многу веројатно дека ќе го утнеш, ако веќе сакаш (и можеш) поклон да донесеш, нека бидат пари па јас ќе си купам нешто што ќе ми ТРЕБА. ДА не се трупаме со непотребни и повторувачки предмети.

    Мене искрено помалце ми се свиѓа да ми дадат список со кои предмети ги сакаат (во Америка и др. земји на запад се среќава ова), позамарачки ми е.

    Вака пари ќе им дадеш и знаеш дека најдобро што знаат ќе ги употребат.


    А ако немаш 20-30 е (1200-1800 денари) што во денешно време не се ништо.... ондак не оди на свадбата. Сум пропуштила неколку прослави поради немање средства и не е ништо страшно :)

    А истите тие луѓе што не сакаат да дадат мизерни 20е (што се циганчат со носење празни пликоа) прават свадби со по 10.000 е... е тоа не ми е јасно.
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    А што ако сакам да му направам на некој чест и да отидам, пример ми е премногу близок, а немам ни толку пари колку што си навела? Треба ли јас за свадбата да се облечам, треба да платам слика? Значи стварно збеснавте и убаво вика Моира скроз се изгуби смислата на свадбата. Ти ме викаш затоа што ме почитуваш и сакаш да ме почастиш за свадбата, ако очекуваш јас (гостите) да ти ја платам не ме ни кани.
     
    На kate21, lolyta777, andromedae и 6 други им се допаѓа ова.
  4. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.015
    Допаѓања:
    42.577
    Пол:
    Женски
    ^^ ако гледате кој колку донел и што донел ИЧ не правете свадба :|
    Па на крај нема да сте задоволни со поклоните ...
    За да не ве нервираат поклоните , не правете свадба одете негде на руЧек и завршено
    Нит се трошите вие , нит некој друг ставате во трошок

    НА последната свадба што бев освен што однесов пари во плик, платив 2 слики од 150 денари, оставав пари на невестата за Баци рака |(
    мене ми е срамно сето тоа


    И нема да идам ! Не дека не би имала пари за да дадам за поклон него од приЧина што денес свадбите се прават само за да се соберат поклони и на крај да се запише сето тоа кој што донел , а се заборава дека свадба се прави за да се сподели радоста со најблиските...
     
  5. Agatha

    Agatha Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.159
    Премногу ме нервира кога луѓето одат на свадба за да однесат нешто и се натпреваруваат кој повеќе ќе однесе, а уште полошо е кога младенците гледаат кој што им дондел и колку вреди тоа.
    Мојот концепт за добра свадба е да ми дојдат оние што јас сметам дека ќе ми ја подигнат атмосферата, да се расположиме и да си поминеме убаво, а тоа се битните и незаменливи луѓе во мојот живот. Би се навредила кога не би ми дошле на свадбата тие што ми значат само затоа што немаат пари да купат нешто (или да ми ги стават во плик). Поклонот се заборава со текот на времето или се троши. Спомените се тие што остануваат за цел живот.
     
    На artemidis и galijan им се допаѓа ова.
  6. galijan

    galijan Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2012
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    260
    Се сложувам со Agatha, не сакам свадбата да ми биде пресметување на тоа колку ќе потрошам и кој колку ќе ми донесе.Свадба е и се знае дека тешко ќе бидеш во ќар.Ако немам доволно пари за голема свадба, ќе си ги викнам само оние кои ми значат на мене и на мојот сопруг.Нема да напишам на поканите „Поклон во плик“, едноставно бидејќи се коси со моите убедувања и чувство на култура.И нема да одам по масите да давам бонбончиња или картончиња за пријатна вечера, да ги ставам на уште еден трошок гостите.Кој каков сака поклон нека ми донесе.Извинете ако некого навредив со моето мислење.
     
    На Agatha му/ѝ се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.227
    Допаѓања:
    67.733
    Пол:
    Женски
    Видете вака, вие со самото носење поклон веќе на некој начин плаќате. Ај ако не и поклони да не се носат, ете ве викнале само зашто сакаат да присуствувате на денот нивни, па зошто ондак поклон?
    Мене па повеќе, уствари најмногу ме нервира адетот кога невестата оди по маси и дели бонбончиња а и се даваат пари, по сто денари обично. Па ете, уште има што го прават тоа во некои градови. На кој како му чини.
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Ima Moira, ima...za zal.
    Moja sveki otkako ni zavrsi svadbata se nacrta kaj nas so zolva mi I so sestra I so edno livce I penkalce I si zapisa se-koj sto I kolku donel I veruvaj mi koga bea kaneti so svekor mi na svadba kaj nekoi od nivnite rodnini koi ni bea na svadba, si go vadese
    spisoceto I so nego si se konsultirase. :$
    Istoto se sluci I za svadbata na zolva mi....sveki si izbra pretstavnik od familijta koj stoese u pozadina so spisoce I belezeze sto nosi gostinot. Prvicnata ideja bese mm da zapisuva bidejkji gi znae site rodnini ama jas ne dozvoliv. Uste mi se luti sveki za toa.
     
  9. Pepaaa

    Pepaaa Активен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    21
    jas ne vidov .. svekrva mi vecerta se otvorila taka da neznaev koj od kogo e ... (bog da cuva)
     
  10. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Абе ајде,свадба се прави за да ја споделиш радоста со своите гости,а не за парите кои што тие ќе ги донесат |( .Значи некој ако сака да дојди и ми донесе еден сервис од шољи за кафе,а нема да дојде бидејќи ќе биде ограничен со тоа поклон во плик тогаш не ми треба свадба.Можеби тие ќе бидат најубавите шољи на цел свет и на крајот и јас и тој ќе сме задоволни.Јас ги викам луѓето бидејќи сакам да дојдат и да се радуваат,играат заедно со мене,а не за парите и подароците :fubar: .И не :!: никогаш нема да правам списоци и ставам рецки кој што донел и колку пари донел бидејќи за мене тоа не е разбирливо и не ги делам луѓето според тоа.И ако некој ми пиши на покана поклон во плик ќе му ставам внатре една салфетка или пак клучеви лажни ,па нека се мисли дека се од кола :wasntme: :D .И то е поклон шо,јас си го почитувам побараното :D.
     
  11. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    48.714
    Пол:
    Женски
    ^Илипили добра ти е идејава со клучевите.Уште скриена камера да има да им ја видам реакцијата коа лакомо ке се радуваат дека некој им подарил кола а всушност стаил клучеви од подрум вратата. :D :D :D
     
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.504
    Допаѓања:
    37.759
    Пол:
    Женски
    Зарем уште го има ова по свадби? Срамота. Ете уште еден доказ дека свадби се прават за да се соберат пари. Јас си стојам на ставот дека ако немам пари, нема да отидам на свадба. На мене ми е срам да отидам на свадба, ако не можам да ја платам барем порцијата. Јас не ја правев свадбата за да соберам пари или поклони. Да беше така, ќе правев голема свадба, со 300 и кусур гости. Напротив, јас направив свадба со 50 луѓе. Беа поканети само најблиските. А има се уште такви луѓе кои што викаат 300 и кусур гости на свадба (повеќето од нив не ги виделе одамна), само за да соберат што повеќе пари и поклони. Чест на исклучоци.
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  13. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Некако се осетив дека сум недоречена, а имам потреба да се доискажам. :wasntme:

    Значи пред да ни биде свадбата, свеки излезе со идеја да запишуваме кој што носи од родниниве на самите поклони. Немавме покани со поклон во плик, бидејќи и јас и мм сметавме дека е ептен глупо, иако свеки и тоа го бараше (да, да, ептен ни се мешаше во свадбеното планирање).
    Јас не се согласив, бидејќи не сите од поканетите роднини од страната на мм ги знаев и не ми беше јасно како мисли да го изведеме запишувањето. Таа предложи да запишуваат сестрите наши.
    Познавајќи ја сестра ми, од старт идејата беше тотален промашај, а и золва ми се изјасни дека нема шанси таа да запишува. Затоа кога таа се мажеше, јас пак не дозволив мм да биде записничар... некогаш сум страшно злопамтило. ]:)
    И така на нашата свадба никој не стоеше и не запишуваше.
    Имавме поклони и во пликоа, а и доста подароци.
    Кога се преселивме тука, сите поклони од свадба кои беа неупотребени ги оставив во ходникот додека чекав да се ослободи место во подрумот. И така си стоеа добри 2-3 недели, колку само се сопнувавме и колку само сметаа на сред ходник. |(

    Се наближи една семејна прослава и свеки без наше прашање си извадила она што им било потребно во консултација со золва ми.
    Јас се налутив не затоа што земале, туку затоа што не не` прашаа. Утредента се` што употребија без мое прашање го собрав и заедно со другите поклони самата ги однесов во подрум.
    Долго време си стоеја на едно купче...изгледа се надеваа дека брзо ќе си одиме, па ќе си ги земеме. :?:

    Ама свеки постепено тактички ме обработи...изгледа додека стоеа во ходникот, добро ги проучила поклоните и почна полека да кажува дека треба да се купат нови тенџериња, дека треба ново ватростално, нова тава за печење месо, тањирите биле распар и сл.... а јас наивна и глупа, неискусна и желна за мир и прифаќање, а и се` уште не знаев со кого живеам :!: , реков дека нема потреба да се купува затоа што се` тоа имам и нормално ги извадив.
    После извесно време сфатив дека квалитетно ме обработи :D ....сега се смеам, ама кога сфатив како ме изигра ми идеше да се обесам. :fubar:

    Инаку и свеки запамтила дека сме добиле некој миксер и ми рече да го извадам на користење, ама јас веќе и го дадов на мајка ми (нормално во консултација со мм, ни беше дупол поклон, тоа свеки не запамтила :lol: ), и одма се пожали дека неа ништо не сум и` дала :o ....а јас се` извадив.
    Тогаш мм и` рече да се засрами и дека станала многу чудна жена.

    Само чекам да видам како ќе реагира кога здравје Боже ќе се преселиме и кога ќе си ги земеме поклоните. :D
     
    На pepita82 и ilipili им се допаѓа ова.
  14. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    197

    Па нормално ако парите се биле позајмени едно две-три години како што и обично прават сите.
    Не знам што си изненадена?! Вие сте хаос не тие.
     
    На galijan и joelle им се допаѓа ова.
  15. Mravce

    Mravce Популарен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    804
    Ние за свадбата добивме 6-7 поклони другото се беше во плик, а имаше и некои што дојдоа и без поклон бидејќи јас и мм инсистиравме, дека ни беа блиски луѓе, а немаа тогаш доволно средства, немавме голема свадба околу 100 луѓе, претежно млади бевме и собравме пари таман да си ја исплатиме свадбата дека сами си ја правевме, никогаш не се полакомивме за пари да ја правиме свадбата, додека пак кај едни што бевме лакоми за пари дури и на поканата пишуваше поклон во плик што нормално и однесовме имаа тродупло повеќе луѓе и пари колку нас собрано, а плус имаа и тоа делење на купони за пари, а мене тоа ми е нешто што најмногу ме нервира, ние дури со мм се договоривме ние да не ги носиме купончињата за вечера само за да не ни оставаат пари, сепак свадба правиш да се развеселиш со најблиските, а не да им собереш што е можно повеќе пари....
     
  16. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.709
    Допаѓања:
    5.491
    Пол:
    Женски
    Немам абер од свадба сеуште, ама ве читам и се чудам зошто дозволувате свекрвите/родителите да ви го прават есапот околу свадбата и бракот? И покрај нивнаата заслуга и благодарност за се во животот, неможам да ги слушам нивните мислења од 19-20 век, т.е рекла казала муабети, математики и сл. Ова е др време и своја свадба, мој избор се гости, подароци и организација, а не тие да мерат кој како што и колку, кум стар да ми изберат, нивниот збор во организацијата да е последен... Но сенс ова според мене....
     
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.504
    Допаѓања:
    37.759
    Пол:
    Женски
    Девер ми ќе прави свадба во мај. На поканите ќе пишува Поклон во плик. Причина - на него и на неговата идна сопруга им требаат пари. Па ако им требаат пари, зошто прават свадба? Парите што ќе ги дадат за свадбата нека ги искористат за тоа за што им требаат. Не можам да ги сфатам оние што прават свадба само за да соберат пари.
     
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  18. sonce10

    sonce10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    116
    Ако некој напишал на поканата пари во плик не значи дека собира пари за да ја плати свадбата или дека е лаком, едноставно му дава дознаење на гостинот дека нема апсолутно никаква потреба да се малтетира и да купува подароци како тенџериња, тави и чаши туку најлесно и наједноставно да стави пари во едно пликче колку што може, да стави една насмевка и да дојде и да се весели на свадбата. Јас искрено не би го напишала тоа на поканите од проста причина што само најблиските би ги викнала и тие сами ќе ме прашаат што би сакала за поклон, но воопшто не ме навредува кога ќе добијам покана со барање за таков вид на поклон.
    И друга работа, ако одам на свадба и знам дека младите живеат заедно дали посебно или во заедница со родителите, тогаш со кој памет би им подарила на свадба миксер, соновник, кафемат или тањири??? Што, демек досега сум мислела дека немале миксер па јас ќе ги просветлам ако на свадба им го донесам тоа?? Или сум мислела дека досега јаделе од пластични тањири па ајде јас да ви покажам како изгледаат вистински тањири - еве ќе ви ги донесам како свадбен поклон?? Епа бидејќи има такви луѓе кои што очигледно имаат такви размислувања, затоа има и такви млади кои што наведуваат на поканите поклон во плик.
     
    На elanor, eleni23, Goldeneye и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Goldeneye

    Goldeneye Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    29

    Ете тоа пробував и јас да го кажам, ама јбг, погрешно бев сфатена.


    Со прости зборови, ако ВЕЌЕ планираш поклон да носиш, нека тоа биде нешто што младите можат сами да си одберат.

    Секако дека честа е поважна, поважно е нечиво присуство (НИКОЈ НЕ РЕЧЕ ПОИНАКУ), уште еднаш ќе повторам ако на некој не му е јасно - ако ВЕЌЕ мислиш поклон да носиш, ти ставаат на знаење да не се замараш да носиш дрангуљии, туку боље пари донеси, да можат самите тие да си одберат нешто што стварно ќе им ТРЕБА.
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367

    еве јас ќе ти кажам зошто. затоа што веројатно родителите ќе ја платат целата свадба, они нема да потрошат денар, ќе си имаат свадба ќе се дотераат ќе си поминат убаво и сите пари што ќе ги соберат ќе бидат за нив. значи они трошок нула но со заработка и со забава. тоа е моето мислење.
     
    На elena.mak, ilipili, Bozica1980 и 1 друга личност им се допаѓа ова.