Прават свадба зошто можеби сакаат свадба, еден ден е тоа, кој се памети засекогаш, нели? Девојката сака да се облечи во бело, да се дотера, нејзин ден е тоа, што е тука страшно? Можеби и тие оделе по свадби, па сега редно е и тие да прават и да ги поканат луѓето. Така оди тоа... Тоа што пишувало *поклон во плик*, не значи дека се алчни за пари. Ама реално гледано, поубав подарок од пари нема. Нека се 500 ден., ама да се пари. Зошто некој знае со еден сет филџани од 100 ден. да ти дојде на свадба, а четворица души од семејство. Или има некои што не знаат да одберат, па ќе ти купат нешто безврска. Кај еден брачед добија дури 8-9 пегли !!! Што ќе им прават? А, со денешново време на криза, најубаво е да дадеш пари. Сепак, свадбата е трошок и за тие кои прават и за тие кои носат. Извини, ама зошто мислам дека ако се работеше за брат ти, сестра ти, немаше да е проблем, туку проблем е сега кога се работи за деверот?
Tokmu zaradi toa I svekrvite si davaat za pravo da se mesaat, najcesto roditelite gi plakaat svadbite.
Ем криза, ем најдобро е пари да однесеш. Ем трошок за нив, ем за нас, а ЈАС сум решила да ја правам свадбата, и ЈАС сум ги поканила Малце нелогично, нели? Зашто би им било нив гајле дали јас имам 1,5 или 8 пегли? Секој со своите можности и желби, МОЈАТА веселба за МОЈОТ брак не треба да значи НИВНА обврска за мое исплаќање на истата.
Тебе може тактички те обработи, мене не ме ни прашува, си зема што сака и што и треба кога ние не сме дома. Јас си ги прибрав оние што сакам да си ги задржам, останатите нека ги носи. Што да правам, куќа отворена. Испаѓа дека во нашава куќа ништо не е само наше, иако тука живееме само јас, мм и малиот. Кај нас секој може да влезе кога сака и да си земе што сака. Мене лично тоа ме нервира, ама јбг, ни мм не е совршен. Треба да му влезе во глава дека нашата фамилија сме само ние тројца, а не плус родителите (небитно чии). Ова малку офтопик отиде, ама ајде, пак е за подароците
Не знам што виде нелогично? Трошок е да правиш, ама ако си и поканет мораш да однесиш нешто (а, да не е штогодно), и да се облечиш за на свадба (да кушиш фустан, чевли ако немаш), башка бомбони, цвеќе. Се тоа кошта. (Мене кога дневница ми беше 500 ден., бев канета на свадба кај блиска другарка. Купував фустан, зошто немав, плус ташна, и за поклон и дававме пари. Јас работев 9-10 дена (отприлика кажано) за да можам да однесам поклон и да се дотерам. И тоа не е трошок? ) И да не се лажеме, многу значи кога ќе ги видиш поклоните. Најпрост пример, ако од својата другарка за еден обичен роденден добиеш нешто глупаво, ќе си речиш ем не се потрудила да ти одбере нешто поубаво, ем го купила поклонот ради реда. И чувството не ти е убаво. Ама, некогаш да добиеш и евтин поклон, ама од срце, и одбран баш по твој вкус, ќе ти биде мило за личноста која се потрудила. Разочарувачки е кога во поклоните ќе изнадобиеш многу кичерајски производи, купени ради реда. Ем, не ќе знаеш што да им правиш. Да ги чуваш немаш место, да ги поклониш, ти е срам.
Значи не се разбираме во муабетот,јас луѓето ги викам на свадба од што сакам да бидат со мене на тој ден,а не ради подароците.Како што кажа и Моира значи јас правам свадба заради што сакам и не очекувам од луѓето да ми ја платат свадбата.Нека донесат и 20,па дури и 30 пегли и ако ми се многу и за нив има решение .Или ќе ги подарам или пак ќе ги однесам во продавница за бела техника каде што сум сигурна дека ќе ги продадам,ако не на цела тогаш на пола цена.значи мене ми е битно луѓето да дојдат,а не парите и подароците.Што пример ако најдобрата пријателка сакате од срце да дојде на свадба,но не е во можност поради вашето барање подарокот да е во плик.Дали тогаш ќе ви се важни парите и вие да си купите што сакате од нив или пак нејзиното присуство.За жал денеска материјалното го зазеде духовното и се гледа од се да се заработи само пари,па дури и некои свадба прават само поради тоа што е многу жално.
Ако веќе ми е НАЈДОБРА пријателка многу лесно ќе се разберам со неа дека воопшто од неа не ми треба никаков подарок и никакви пари, туку ми треба нејзиното присуство и многу нормално дека ако знам дека нејзината финансиска состојба не е сјајна нема ни на крај памет да ми текне да и споменувам некаков подарок. Ако за таква банална работа како свадбен подарок не успеам да се разбера со неа, тогаш ниту она ниту јас неа не сум и никаква пријателка, а камоли пак најдобра пријателка. Друга работа, ако веќе тргнам после свадба да ги подарувам на други добиените свадбени подароци или да заработувам од нив продавајќи ги по пола цела, тогаш зашто тој што ми донел таков поклон воопшто се мачел и одел од продавница до продавница да ми избере мене пегла или миксер?? И да, секој ги вика луѓето на свадба заради славење, а не заради собирање подароци, ама темава е Подароците од вашата свадба и нормално дека овде ќе дисктураме за подароци, а не за тоа зашто ги викаме луѓето на свадба. И ако некој несака подароци, може многу комотно да напише на поканите - ВЕ МОЛИМЕ БЕЗ ПОДАРОЦИ, и ваква покана имам добиено и гостите ич не се замараа што да однесат на свадба.
Ок,не ми беше целта да се расправам и да одам надвор од темата,јас се извинувам . Тоа за пеглите го спомнав како пример бидејќи беше спомнато погоре од страна на една од членките и пак немав лоша намера туку кажав само пример за тоа што мислам.Секако дека секој подарок ќе ми е битен и трудот на гостите да го изберат истиот, но нема да е важно што е пак ќе потенцирам туку нивното присуство.
Па за подароците коментираме. Ние велиме дека е ОК безразлика какви подароци ќе донесат, а вие велите НЕ, треба да прашаат или пари да донесат, за да си купите што сакате. Мислам дека никој не е надвор од темата, така?
Поради фактот што не правев свадба, делот со броење пари и одвиткување подароци беше прескокнат Имам спомнато повеќепати дека со сопругот заминавме сами во трета странска држава, си се венчавме таму на изненадување на сите(буквално сами родителите знаеја), си направивме свадбено патување ... Далеку од сите. Сами јас и тој. Веселбата не ни претставуваше никакво задоволство и ја заменивме со интимно патување и интимна венчавка. Да не бидам целосно офф. Зетот најголемиот дел од фамилијата не го знаат,или го виделе еднаш пред 6-7 години Така да прва прилика најблиските(тетки и први братучеди) ги имам покането на ручек кај мајка ми, и уз муабет и домашна атмосфера да се обележи денот. Ми имаа дадено плико со пари. Ми дојде ептен непријатно, оти знам тие пари за нив колку големо значење имаат и не сакав да се трошат Се тегневме баеѓи. Не се ни сеќавам на сумите, не е ни важно колку било. Гестот беше важен дека најблискиот не чека ти да правиш свадба па да ти даде. И уз мала скромна домашна неофицијална трпеза тој што сака ќе ти даде. Поради искуството од првата тура гости, , за втората тура на гости не кажав дека ручек ќе спремам оти не сакав да се трошат. Се сеќавам дека 2 тетки беа во стварно тешка финансиска состојба, реков само на кафе да поминат. Не сакав никој да чуствува некаков терет или обврска и таков убав момент да го уништиме поради финансии. Ми рекоа дека друг пат, во малку подобри времиња ќе се одборчат, дека не забораваат и уживавме во друштвото Ги повикав за да ја споделам и прославам мојата среќа, а не за пари да ми даваат. Ако немам пари јас не би правела свадба. Ако е скромна и со најблиските не сваќам зошто да стои во плико. Кои мизерии и бламирања, ко питачи. Да ѕенѕаш таму среќен и задоволен оти после парички ќе броиш додека пола сала зад грб ти превртува очи и ќе дискутира за мизаријата на чинот. Ми се извртува цело значење на тој настан. Ако стварно најблизок си канел, па не треба во пликце да му пишеш, и онака можеш да му кажеш кои се твоите желби. А оние па што имале да канат неколу стотини гости, и поблизок и подалечен, треба да има предвид дека и поклоните ќе бидат од таков калибар. Мене само би ме изреволтирало дека треба паричен поклон да однесам оти ми се вреѓа интелигенција. Ако јас до толку не знам ниту финансиско ниту стамбено стање на брачниот пат и е потребно тоа да ми биде нагласено, значи не требало ниту да бидам поканета. И не е моја грижа ако вас ви требаат пари. Ако толку ви требало и немате, не прави свадба и инвестирај си ги во идниот дом. Да чекам родителите свадба да ми прават па после оти свекрва се мешала.....па во моментот кога она презела на свој грб дел или целкупните трошоци ти си и го дал тоа право. Или да чекам парите од свадба да покријат трошоците поврзани со истата и да се радувам на тоа плус што ќе остане Се ми е така изматеријализирано и безвредно. На еден од најубавите настани му се одзема нивото и вистинската вредност.
Подароците од мојата свадба,некои стојат уште неупотребени,од сликите што ги имавме некои се закачени,на некои не им ја разбирам уметничката вредност ,ТВ што го добивме од кумот се расипа,тањирите ги користиме иако бројката им е преполовена,на видео не гледаме(не постојат ВХС касети повеќе),микро печката врши работа,некои вазни стојат,на некои модата им помина. Имавме преку 20 есцајзи,ги дадов по баби,стрини,тетки и секако задржав за мене,опремивме и викендици. Саати и украси,2-3 пегли кои се расипаа. Поклоните во плик ги потрошивме ,не ми ни текнува на што,одамна беше. Сума сумарум,ниту сум се замарала кој што ми донел,ниту со враќање,они мене ми дале ова,сега ќе им вратам.Знам дека имаше поклони од некои луѓе кои, искрено познавајки им ја финансиската ситуација не очекував да бидат толку дарежливи,дури и непријатно ми беше.Знам колку си скратилле од себе,за да дадат. И најважно од се,десет години после свадбата,остануваат само спомените,ниту некој броел,ниту списоци правел. Битно е сите да уживаат во тој момент кој сакате да го споделите со блиските и секако со подалечните(како во мојот случај). Така да не се замарајте,кој колку донел,куќа цел живот се куќи,не очекувајте дека свадбата,парите и подароците се темел за среќен брачен живот.
И да се работеше за сестра ми, пак ќе го мислев истото. Не е убаво на поканите да пишува Поклон во плик. А што ако некој од гостите не е во можност да даде пари, туку планира да однесе поклон кој што ќе го купи на рати? Тој некој можеби нема да дојде само затоа што младите сакаат да им се донесе Поклон во плик. Баш дека е криза и не може секој да однесе пари. Повеќето купуваат поклон на рати. Една моја пријателка доби таква покана пред 2 години. На поканата најдоле во заграда пишуваше Поклон во плик. Поканата беше од нејзин прв братучед. Таа се изнервира и не отиде на свадбата. Причина - со сопругот не беа во можност да однесат пари, па планираа да однесат поклон кој што ќе го купеа на рати. Жално е што во денешно време младите прават свадби само за да соберат пари. Чест на исклучоци. Што се однесува до девер ми, сака пари за да си ја исплати свадбата. Многу ќе се потрошел за свадбата. Па никој не го тера да вика многу луѓе и да прави свадба со сите можни адети. Ако очекуваш свадбата да ти се исплати, поарно ич не ја прави. Потроши си ги парите за она за што ти требаат.
^ Ние секогаш за блиски купуваме подарок на рати нешто поголемо што и треба , ако би дале поклон во плик тоа би било помала сума па така на пример ако купиме нешто на рати во вредност за 300 евра , а ако треба кеш би дале 150 евра
Па не би рекла дека сите коментираме за подароците туку некои упорно коментираат дека викаат гости заради славење, а не заради подароци. Тоа на сите ни е јасно, не сум сретнала досега, лично кажувам, некој што прави свадба заради подароци А во контекст на твоето прашање дали некој е или не е надвор од темата ете ти го одговорот подолу
Па тема се подароците и јас мислам на нив и за нив цело време зборуваме сите,а неколку од вас погоре спомнаа дека со парите што ќе ги соберете од свадбата ќе може да купите што сакате и зошто пишувате поклон во плик кога не е важно тоа? Затоа и го кажав тоа дека луѓето ги викам поради тоа што сакам тие да се со мене на тој ден и правам свадба бидејќи јас сакам и сум во можност без да очекувам со парите од гостите да си ја платам свадбата. Значи не е важно дали ќе донесат пегла,комплет чинии или пари,тоа си е мој став,нормално дека вие имате друг.
99 posto bea pari,iako na pokanite go nemase ona klasicnoto 'poklon vo plik'. Znaci od poklon dobivme samoeralna,pravosmukalka,mikro,mikser,umetnicka slika,pegla i servis fildzani.
Малку ми е чудно што овде повеќето се изјаснија дека не им се битни поклоните, ама во реалноста одвај чекаат да ги пребројат парите и да ги отворат подароците, за што и се пишува во темата Што правевте на првата брачна ноќ...
Не познавам некој човек кој не се радува на подарок . Ама за било каква пригода не се кажува што сакате да ви донесат . Тоа не е подарок туку собирање донации Се губи смислата на подарокот кога од некого побарате пари . Што сакаат тоа ќе ви донесат .
Ние ги броевме парите само од љубопитност. Немавме скриена намера со тоа. Знаевме колкава е финансиската можност на нашите гости и кој колку може да донесе. Ако ни беше целта да собереме што е можно повеќе пари и поклони, ќе направевме свадба со огромен број на луѓе, а не свадба со најблиските.
И јас се смеев како тебе ама кога ќе подразмислиш и кога ќе треба да правиш свадба ќе видиш и ти како ќе напишеш подарок во плико.Пред се кога ќе ти раскажуваат сите дека им донеле подарок од 100-150 денари.Па и да не е подарокот од 100 200 денари,кога ќе потрошиш најмалку 5000 евра,ти ќе иницираш да се напише подарок во плико.