Подароци за децата од Дедо Мраз

Дискусија во 'Дете' започната од mami blue, 27 ноември 2017.

  1. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.995
    Пол:
    Женски
    Кај нас почна еуфорија Дедо Мраз што да им донел, вчера и писмо пишуваа
    Ич немам идеја што, со оглед на тоа што полни се со играчки, ама треба убаво да му ја смислам:D
    што планирате ајде давајте идеи
     
    На kuc и fina erika им се допаѓа ова.
  2. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.346
    Пол:
    Женски
    Јас немам шанси да шетам и купувам по гужвите со бебе. Затоа големиот ке си добие играчки кои веке му ги купив, а не сум му ги дала. Еден голем абакус и голем дрвен саат ( тоа му е во фокусот, бројки, букви, форми, бои, па знам ке се радува) и ке му ставам парички на сметка. А бебето ке добие некоја ситница, некоја тропка и малку повеке пари на сметка.:D
     
    На Mayyya, Anacid, irenna и 3 други им се допаѓа ова.
  3. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.995
    Пол:
    Женски
    Па и јас сум за парички, ама тоа не се важи :D, подарок си бил подарок
    и јас неможам да одам по гужви, среќа имам во населба огромна продавница за играчки па ќе се најде нешто од тамо, малово изрази желба за касичка- онаа за касиерки,слагалици и други некои играчки , за големава ќе видам, со маливе полесно е
     
    На irena.1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    323.221
    Пол:
    Женски
    моиве веќе напишаа писмо до дедо мраз со желби ,и денес бараат да им го пратам пи пошта :D
    така да тоа што нарачале тоа ке добијат(дел од тоа) :)
     
    На Bozica1980, Jas!, Kitten и 7 други им се допаѓа ова.
  5. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.856
    Допаѓања:
    30.813
    Пол:
    Женски
    Јас ич не знам шпо да правам по повод Дедо Мраз годинава. Уште не го знае концептот. брзо после тоа му е роденден па ќедобие подароци и тогаш.
    Веројатно ќе му купиме нешто ситница колку да се радува. Пакетчиња со балги работи ќе добие на тони тоа знам и толку ќе биде.
     
    На kuc, Jas!, mami blue и 2 други им се допаѓа ова.
  6. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.717
    Допаѓања:
    322.679
    И ние се спремаме да пишеме писмо до Медо Мас:D
    Тој ни се јави на телефон да не праша дали била умна , дали да троши пари на поклони:D

    Мече ќе се купува, тоа е желбата.
     
    На Bozica1980, kuc, Gosh и 15 други им се допаѓа ова.
  7. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.861
    Допаѓања:
    28.402
    Син ми од лани памти што му донел Дедо Мраз и кога ќе го прашаме што сака да му донесе оваа година тој истото го бара. Инаку многу сака тапани па планираме да го изненадиме со тоа. Ајде помош ако некој видел некаде да не лутаме.

    За малата не знам, таа и нема некоја посебна желба за нешто. Може некои играчки со редење оти тоа најмногу време и привлекува или пак некоја кујна.

    Во секој случај ќе добијат играчки колку и да ми се крева косата од нив. Децата најмногу на тоа се радуваат.
     
    На muchacha_a, Jas!, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    847
    Допаѓања:
    8.358
    Пол:
    Женски
    Имам две дечиња во фамилијата и најверојатно ќе добијат пакетчиња.
    Ќе купам што мислам и ќе им спремам во украсни кутивчиња.
    За имендени и родендени им давам пари, гардероба не им купувам пошто имаат премногу и родителите нвини сами кажуваат дека добиени алишта на подарок ги чуваат за друго место за подарок, зошто и двете имаат премногу. Играчки им купувам по некогаш кога ќе видам нешто што знам дека ќе им се свиѓа им го купувам, до сега не сум промашила ништо сите им се допаднаа.
    Лани исто добија пакетчиња со грисини и такви работи. Одам во маркет пазарувам пудингчиња, смоки, сокчиња, грицки ги спремам во кутија и тоа е тоа.
     
    На Jas! и fina erika им се допаѓа ова.
  9. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.520
    Пол:
    Женски
    @mami blue Интересна ти е темава Синко сега има 10 години и сега му е интересно нешто друго.
    Дедо мраз вика не постоел, еднаш купивме еден трансформерс играчка од Локо Кроко и доплативме за дедо мраз дома на врата да ни ја донесе.
    Една година го однесовме пред новогодишно во театарот за деца и младинци гледавме една представа која многу му се допадна,потоа се сликавме на плоштад и добивме пакетче со сликата.
    Зависно дали ти се дечињата машко- женско има многу работи кои можат да ги изненадат.
     
    На M&M, Milobebence, toogood и 3 други им се допаѓа ова.
  10. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.995
    Пол:
    Женски
    Пред некое време со колешка си правиме муабет, нели за подароци, таа ми вика дека уште од сам почеток на дечињата нејзини им кажала дека дедо мраз не постои, и крај на приказната- подароци нема
    Знам дека ќе дојде време и дека сами ќе си го сфатат тоа, ама јас така не сакам, одвај чекам да дојде моментот кога ќе ги отвараат подароците, пред две години од џамбо купив вреќа, и сега сите подароци им ги виткам и ги ставам во вреќата, и под елка, па рано сабајлечки трчанката и право кај елката да видат што им донел, епа таа радост не сакам да им ја ускратам, не се радуваат само тие, туку детето во мене се буди, мене ми е задоволство кога купувам, па скришно им ги виткам..па ден пред тоа, си ставаат чоколадца во чорапите...
    @fina erika ,две девојчиња имам, два ипол и седум ипол годишни
    отприлика знам што да купам, големава многу сака книги, па сигурно ќе има книги со новогодишна тематика, едукативна некоја игра , гледав и некои играчки за нејзина возраст да може сама да направи-пример има делови кои треба да се доработат, дали да се украсат,залепат,со монистри и слично, интересни ќе се тие за нејзина возраст, пишала сака монопол, па ќе се соберат неколку работи
    за малава не е проблем, бар за нејзина возраст има доста работи кои ќе и бидат интересни
     
    На vitamina, Jas!, do-re-mi и 3 други им се допаѓа ова.
  11. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.520
    Пол:
    Женски
    Чим ја интересираат книги имаш избор на едукативен материјал[​IMG]
    [​IMG]
    450 × 472 - prosvetnodelo.com.mk
    Јас му ја имав купено бон тон за деца интересна е.
     
    На Milobebence, Jas!, azelea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.995
    Пол:
    Женски
    Дел ги имаме , и бон тонот исто
    Лани и ја земав оваа
    9df4fcb0-fc1e-4e7a-9fe4-95f69f3f92c7_golema slika.png
    Многу интересна
    А ги имаме и со Виктор
    b8d0fe77378c459c01db702da38c6977.jpeg
    Ваква има и црвена, неможев на нет да ја најдам
    Кој е по книгите еве предлози, нема да згрешите :)
    И со Хајди
    585_32_18_11__17__5_2012hajdi_ja_praznuva_nova_god.jpg
     
    На TutiFuti, Milobebence, buba4e89 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Како што и јас сум трчала на 1ви да видам под елката што ми оставил Дедо Мраз, така и за ќерка ми планирам да не ѝ ја расипувам фантазијата дека дедово ѝ донел поклони зашто била умна. Мене ми е многу убава традиција за деца :)

    И се знае какви ќе бидат поклоните, играчки. Сето друго не се важи, се знае на што се радуваат деца.

    Оваа година е поголема и сама си кажа дека од Дедо Мраз сакала кујна за барбики. Ама пак сакала и стаза со колички, барбика принцеза, каса за продавница... :^) Изгледа ќе им поделам писменца на дедо мразовците наречени баби и дедовци :D
     
    На Bozica1980, Mari-Ja, Milobebence и 10 други им се допаѓа ова.
  14. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.097
    Допаѓања:
    75.912
    Пол:
    Женски
    Интересна тема :) И ние ке го прашаме што сака да му донесе Дедо Мраз.. добра е идејава на @referentka да ни се јави дедо мраз.. зашто мислам мал е за писмо.. не би сфатил :D
    На роднини синчето е 9 години и се до минатата година му кажуваа дека постои дедо мраз (и веруваше) и он писма пишуваше што сака :D Арно ама оваа година решил да му напише писмо дека сака Sony PlayStation најновото :rofl: и решија да му кажат дека не постои :D
     
    На Mishela, Bozica1980, TutiFuti и 10 други им се допаѓа ова.
  15. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.346
    Пол:
    Женски
    Па ако нема дедо мраз подароците може да бидат од мама и тато. Како што викаш радоста и срекните очиња се битни. А дете да се направи радосно не треба многу.
    А од друга страна мајка ми вака вика. Зошто детето да го нема концептот дедо мраз. Не е штетен, му носи радост и како расте и созрева само ке го напушти овој концепт. Па и верниците веруваат во господ, им дава сила, верба, утеха и надеж, а не е присутен. Чувството е важно, а не дали постои или не.
     
    На Mari-Ja, Milobebence, Kitten и 9 други им се допаѓа ова.
  16. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.362
    Допаѓања:
    7.810
    Пол:
    Женски
    И мојот напиша писмо,беше убеден дека не постои Дедо Мраз ама јас му велам постои некаде далеку, нека си верува уште некоја година зошто да не. Радоста е голема. Порача таблет ( не знае што сака) и лего коцки со нинџи.
     
    На Mari-Ja, buba4e89, zuto и 4 други им се допаѓа ова.
  17. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    28.472
    Периодов ова е топ тема и кај нас, како Дедо Мраз тргнува од Лапонија и кај сите послушни деца остава подарок под елката. Овде одма следи - А јас послушна ли сум? А тогаш кога плачев ме виде ли? А кој не е послушен? А кога ќе дојде? А како ќе влезе кога дома е заклучено?
    И јас барам одговори, ММ се смее од страна и воопшто не ми помага во приказните! АХхаха... ама ако, важно детево ми верува во постоењето на дедо Мраз, па периодов ќе го напишеме писмото и ќе си посакаме играчка! Викендов планирам и да украсиме по дома!
    Минатата година органзирав дома да ни дојде Дедо Мраз (наш си беше, ама она не го препозна), па играчка, па радости, па се сликнаа... Детево две недели беше под еуфорија дека Дедо Мраз дојде... Фацката никогаш нема да и ја заборавам.
    Оваа година не ќе да можам да органзирам дома да дојде Дедо Мраз, ама во градинка ќе го види и секако ќе ја сликнеме некаде..така да ќе и мине меракот. Играчката ни е одбрана и ќе си го најде под елка!
     
    На Mari-Ja, НаталиЛили, Milobebence и 9 други им се допаѓа ова.
  18. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.861
    Допаѓања:
    28.402
    И јас се согласувам дека треба да се користи "лагата" за постоење на Дедо Мраз додека децата се мали, додека не сфатат сами дека не постои. Не се согласувам дека тоа влијае штетно и дека децата немале претстава за реалноста. Јас никогаш не сум била "излажана" дека Дедо Мраз постои и ми е многу криво за тоа. Ама па затоа сега се соживувам со децата и се радувам многу заедно со нив.
    П.С: другарка ми не го лаже детето оти не сакала да му ствара искривена слика за реалноста. И онака еден ден ќе дознаело и плус ќе и се лутело што било излажано.
     
    На azelea, fina erika, Lianna Anna и 5 други им се допаѓа ова.
  19. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.995
    Пол:
    Женски
    Првиот подарок стаса:)
    IMG_20171129_115756.jpg
     
    На cresa-jagoda, kuc, Milobebence и 13 други им се допаѓа ова.
  20. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    7.345
    Јас верувам во Дедо Мраз :) Можеби тој лично никогаш не ми донел подарок, но доволно е што ја направил магијата околу подарокот за Н.Г. па сега родителите, бабите и дедовците подаруваат наместо тој. Но се мислам таа “традиција“ морало да почне од некаде. Постојат многу приказни за св.Никола кога бил млад како носел подароци на сиромашните околу Н.Г., некои велат дека од него е почната, некои дека и пред него имало некој со таква приказна. Како и да е мене ми е убаво на душичката кога мислам дека некој таму дебел дедо со бела брада и со црвен костум ги радува дечињата за Н.Г. и го викаат Дедо Мраз (па дури има и санка која ја влечат ирваси што летаат, така стигнува насекаде во исто време (плус и временската разлика што се јавува при патување околу светот му помага да стигне на време)):lol:
    И не, никој не може да ми докаже дека Дедо Мраз не постои или не постоел исто како што јас не можам никому да му докажам дека постои или постоел :?:

    Инаку on topic внуката сака Дедо Мраз да и донесе барбика ама со едно бебе во мешето и да има уште едно бебе во количка, па ако знаете за некоја таква помагајте :D:D
     
    На azelea, toogood, fina erika и 1 друга личност им се допаѓа ова.