Препека за него. Кумовите и донесоа, ама она не знае да игра со него. Почна да ми лепи дома по теписи, ѕидови и веќе не и купивме. А само го збори од тогаш Ќе и купиме за под елката, што да правиме. Па ќе го носам тепихот на перење пак
Дедо Мраз кај нас доаѓа вечерта на 31 декември, утредента ќерка ми кога ќе се разбуди оди под елката и ги наоѓа подароците. Оваа година немало да спие, ќе го чекала да дојде и да го види. И реков дека доаѓа само кога сите ќе заспијат. Писмото го напиша сама, јас го испринтав со слика од Дедо Мраз и текст, она требаше да си го напише името и што сака да добие. Куќичка за кукли и боенка и сликовница со Моана (ова не знам кај ќе го најдам) и за братчето камионче и топче.
Една идеја од тетка со многу захтевни внуци Ако не најдеш боенка со Моана, имаш на google free printable листови за боење, испринтај ги, направи еден лист во боја демек корица, нека ти ја укоричаат во некоја книжара и готово
@An-na тоа чудо не излегува никако, ми обои една постелнина и пижами негови, не се перат. Тргај теписи ко ќе игра. Во врска со темата, ние ќе му направиме некое подароче во новогодишно чорапче и ќе му го ставам кај елката. Планирам да има грицки што ги сака, киндер јајце и слично, некоја книга или сликовница и играчка, нешто едукативно. Инаку пред некој ден го прашав што сака да му донесе Дедо Мраз, и ми рече коке (сокче). Скромен е.
Темава некако најсоодветно ми изгледаше за тука да прашам. Сакам на девојчето на добри пријатели да купам подарок за нова година. Има година и четири месеци и не знам дали да правам пакетче и што да има во него(се си јаде, но што е соодветно да ставам- освен животинско царство не и даваат други смоки, чоколади и слично) и каква играчка да купам за да се израдува дете на таа возраст? Лани беше лесно, направив пакетче од кашички
Има бебешки флипс и бебешки кекс во дм или аптеките, доколку не даваат сеуште од обичните, зачинети, а мерак ти е да ставиш и храна во пакетчето. Играчка можеш коцки. Едноставно а секогаш добро искористено кај секое дете.
Па по супермаркетите има веќе готови пакетчиња. Колку што сванав не и даваат ништо друго освен животинско царство. Тогаш стави го тоа и млеко ако пие. За играчка нема да згрешиш, децата ги обожаваат сите играчки.
1. Од оние музичкине играчки со копчиња да стиска, во форма на гитарче или нешто слично. 2. Плишана играчка што свири успаванки, во Крш има едни со пластично меше-прожектор кое свети кога ќе го стиснеш. 3. Гумени коцки.
@PUPICA во тие твоите продавници има ли LOL dolls? Најдов јас во локална предавничка ама да не има и таму па да видам. Имаат фб?
кажете каде можам да најдам лижавки во интересен формат,сем тие во Џамбо? тоа е порачката за дедо мраз
Јас ги гледав на пластичатската. Инаку имаат и во Маџари да, и сега видов и во Кисела Вода над Томи маркет. На фб се Best anakonda igracki.