Кујна, коцки поголеми, неколку сликовници и некоја кукла бебе. Тоа од мене. Татко и ќе и купел кола на далечинско за по дома и магнетна табла.
Синко е 15 месеци и го прашувам:"Што сакаш дедо мраз да ти донеси"а тој шлапка со муцето сакал за ручкање да му донесел.
Кашички, комплет чинивче со капак со лажичка плус ( има убави по аптеки ама се поскапи сликата е на томи типи, јас имам од џамбо скоро иста 69 денари) и некоја интересна лигавка. Комплет козметика која ја користат. За играчка не знам колку им се задржува вниманието мојата е 5+ и никакви играчки не ја привлекуваат. Ќе земи в раце и фрла. Ама можеш и тоа ако не игра сега ќе игра по некој месец.
А сакав да ти спомнам за некое меко кебенце. Мајка ми на синко му донесе, дали дека разбира, или дека единствен таков поклон, се прерадува детево.