Подароци за професори на дипломска

Дискусија во 'Образование' започната од carazoreli, 27 јуни 2013.

  1. carazoreli

    carazoreli Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    10
    Здраво девојки,

    наскоро треба да ја бранам дипломската. Би сакала да ве прашам што ви би им однеле/што им се дава на менторот и на професорите во комисија како подарок.

    Ви благодарам многу за сите предлози.
     
  2. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Според мене не е вкусно да се даваат подароци на професорите на чинот кога ќе ја браниш дипломската. Ако е јавно бранење и свечено ќе си почастиш, пак по мое - колку поскромно толку повкусно или “помалку е повеќе“.
    На факултет ќе треба повторно да одиш на свеченото доделување на дипломите .... а и пред тоа сигурно. Е во таа пригода би можела да го посетиш професорот и симболично да му заблагодариш за менторството .. да речеме со еден убав паричник или кожен тефтер или пенкало ...
     
    На carazoreli му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LejdiD

    LejdiD Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    154
    Ниту јас сум им дала ниту сум чула некој од колегите да дал. Мислам дека навистина е непотребно и онака им плаќаш за да дојдат на презентацијата, само можеш да ги почастиш со нешто тоа сите го прават :)
     
  4. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Јас мислам дека не треба да се замараш со одбирање на поклони за професорите, твое е да си ја спремиш дипломската и истата да ја презентираш најдобро што можеш. За што всушност го наградуваш(читај даруваш) професорот, кога тоа е дел од неговата работа. Дали би му поклонила нешто на чичкото што продава весници во трафика, бидејќи ти го подал весникот?! Во однос на тоа да почастиш по бранењето на дипломската се сложувам, бидејќи тоа е твое достигнување и истото го прославуваш со твоите најблиски И СО професорите кои ти дале поддршка да стигнеш до таму. Така да, од мене категорично НЕ за дарување на професорите :lol:
     
  5. carazoreli

    carazoreli Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    10
    Ви благодарам на сите за одговорите. Скоро гледав и слушав луѓе на оваа тематика, потресени што да им однесат на професорите, каков букет, каков пијалок, спомнуваат нешто виски, вотки, коњак.....па си викам дај да си прашам :)
     
  6. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    зависи и од факултет до факлутет ....некаде даваат подароци некаде не...
    пример јас не дадов подарок затоа што кај нас и не се даваат подароци...подарокот за професорот е моето завршување и бранење на дипломската работа токму под негово менторство ...после бранењето ги почастив професорите и присутните со благо и виски и тоа беше се. :)
     
  7. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.942
    Допаѓања:
    34.428
    Пол:
    Женски
    Наскоро ке ја бранам дипломската и морав да ја ѕирнам темава... бидејки јас и не мислам нешто да правам као прослава на факс туку скромно со нешто да ги почастам тие што ке се присутни (моите родители и нај најблиските неколку другарки) не мислам да носам и правам кетеринг ова она ко што другите го прават туку да ја одбранам почастам и цао на факсот ххх... Или сепак да не правам така што велите?
     
  8. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Оф топик. Мене ме интересира од другата страна :) Што им се носи на оние што ја бранат дипломската. Јас сум поканета кај колешка па незнам што треба да однесам?
     
  9. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Најчесто се носи буќет цвеќе :) ама може и некое мало подароче.
     
    На Mimi123 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.942
    Допаѓања:
    34.428
    Пол:
    Женски
    Букет цвеке ... бонбониера или некое подароче...
     
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Набрзо ќе биде чекам дата, па воедно и за ова размислував. За менторот Bowtie Republic машна, а за професорките (2 во комисија)или марама од дуки дасо или сваровски елементс. Што велите?
     
  12. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.197
    Пол:
    Женски
    Јас на членовите од мојата комисија им подарив по едно виски на секој од нив, и онака беа машки па подарокот беше соодветен. Доколку има женски членови мислам дека би било во ред да им се подари парфем или пак убаво парче накит а ако се некои кул професорки не се исклучува можноста и на нив да им се подари некој пијалок. :lol: Доколку сте ограничени во финансиските средста можете да издвоите поскап подарок за менторот додека на останатите членови да им подарите нешто поскромно. Сепак менторот е тој кој има најмногу удел и најмногу помага, останатите членови не се замараат баш многу. Барем кај мене беше така. Пак ќе кажам, се зависи од можностите на кандидатот.
     
  13. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    963
    Допаѓања:
    2.233
    Пол:
    Женски
    Активирам малку постара тема бидејќи можеби се има нешто променето.
    Прочитав различни мислења, едни се за подарок, а други не. Па се прашувам, сега, во услови на пандемија и маски, дали уште важи частење, што се подразбира под тоа (мезе, сокови?) и што и како околу подароците?
     
  14. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.222
    Допаѓања:
    13.155
    Пол:
    Женски
    Другарка само по едно шише виски мислам дека им даде на комисијата, а на менторот не знам точно што зема. Не частеше и не беше дозволено да има никој друг со неа.
    Од претходно шо имам гледано носеа бааги сокови и благо за частење, букети за ментор и поклони за сите во комисија.
    Јас оваа година треба да дипломирам ама искрено не сум во можност да купувам прескапи поклони за сите, а и според мене нема смисла ова частењето и поклоните. У смисла како да треба да си им благодарен шо си дипломирал, божем они учеле и пишувале дипломски труд наместо тебе. :rofl:
     
    На Sani_35, NoirSerpentine и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    963
    Допаѓања:
    2.233
    Пол:
    Женски
    После долго размислување иако порано воопшто не сакав да давам подарок, сега се размислив. На комисијата иако сум за истиот став, сепак мислам едно вино и мини бонбониера (што ќе ја собере во истото ќесенце од виното и за ќесенцето сум исто против ама дека ќе патувам па морам некако да ги спакувам и однесам без да ги оштетам) е океј внимание. За менторката среден новчаник, марама, бонбониера и можеби и чаша, а персонализирано наместо букет - саксиско цвеќе, убаво спакувано бидејќи парфем можеби нема да се погоди. Има уште еден персонализиран подарок ама уште го осмислувам. Никој нема да има освен професорите (не ни знам дали е дозволено заради пандемијата ама и не сакам) и за таму сок и бонбониера ќе носам за секој случај бидејќи може нема да е дозволено и тоа.
    Порано воопшто не сакав никакви банкети ама ова го смеам само како внимание од моја страна и како почеток на крајот.

    Го делам мислењето со чнм и не знам зошто се размислив особено во овие времиња :D ама сепак нема да правам некои страшни трошоци.
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    798
    Скромен поклон беше мојот. Комисијата секако не се израдува, знам дека очекуваа да дарувам исто како и другите. Од друга страна, ни тоа што го добија не го заслужуваа според мене.
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.222
    Допаѓања:
    13.155
    Пол:
    Женски
    Што им даде?
     
  18. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    Не знам што и дали очекуваа ама ништо не добија :rofl: ова се глупости според мене.
     
  19. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.353
    Допаѓања:
    11.798
    Пол:
    Женски
    И јас ништо нема да им дадам, тоа им е работа, за тоа се платени, која е потребата од подароци..
     
  20. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    798
    На комисијата по еден тефтер (со тврди корици) и пенкало.

    Не носев ни благо, ни алкохол, ни сокови.
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.