1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Подароци за професори на дипломска

Дискусија во 'Образование' започната од carazoreli, 27 јуни 2013.

  1. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    13.199
    Пол:
    Женски
    Ја планирам сок и чоколадни бонбони да ги почастам, а за поклони немам идеја, ама сигурно ќе е нешто ситно. Можеби по една книга не би било лоша идеја (на филолошки студирам).
     
    На prashinka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    798
    Само не се троши многу. Сепак тие се таму за друго, а не за поклоните. Инаку фина идеја.
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    13.199
    Пол:
    Женски
    Во никој случај не планирам да се трошам. Не за џабе зимат плата, сами нека си се частат ако им е дојдено до тоа. :D
     
    На prashinka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Starry

    Starry Активен член

    Се зачлени на:
    22 април 2022
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Онлајн дипломирав и бранев дипломска, па ништо не добија од мене. Сум се спасила од една обврска и трошок плус. Такви арогантни професори не заслужуваат ни денар да потрошам на нив. И после не била добра онлајн наставата, еве една предност, да не трошиш пари за професорите.
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. butterfly_mk

    butterfly_mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2017
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    349
    Пол:
    Женски
    Вака, подарок се дава, ако ништо друго едно виски до кај 2000 денари. Скромно и без ептен многу фрлање пари. Тоа е гестот од секогаш, еден куп луѓе прашував и сите така.

    Остај овие што викаат не давам платено било ова она, тоа се некои чудни комплекси. А и за ситни пари нема потреба целиото нешто да се направи да изгледа ептен чудно и глупо.

    Мој близок роднина во странство магистрираше и пак му даде на менторот еден скромен, но интересен подарок. Никаков проблем само големи благодарности бла бла од него.