Сакав да прашам што мислите дека е најдобро за роденденски порадок на девојчиња. Сакав да слушнам и ваши мислења. Се надевам ќе ми помогнете што да подарам!
некое типско парче накит и некој друг моден додаток : капче , марама , ташна .. некоја трендовска маичка ... сигурно ако ти е поблиска другарка добро и го познаваш вкусот.. јас никогаш не сум за подарување на парфеми бидејќи парфемот ќе се истроши а сакам нешто што ќе остане за спомен ..
Сестра ми полни 16 години. Немам никаква идеја што да и’ купам. Што мислите? Некој уаб подарок, да не биле клише како лакови, накит...
^ ако ги сака штиклите можеш тоа да и купиш,можеш да и подариш албум со ваши слики и некоја блуза,или нешто што го посакува да го има одамна
Женски дали некој знае каде може да се најде табакера за цигари (ама да биде марка Пјер Карден, или слично) во Скопјево (освена во таа продавничката на даме груев до космо)?
Здраво, на мој многу близок пријател му се ближи роденденот па ете се мисли за подарок. И двајцата многу сакаме алки, па имам идеја да му земам една на која ќе изгравирам нешто Е сега, алката е купена, зборот е пронајден..Проблемот е што не можам да најдам каде гравираат арапско писмо Некој од вас гравирал нешто досега? Знае некое местенце такво? Како алтернатива ми се и концертот на лени кравиц на 3ти Мај и нотес со спомени Но сепак би сакала ова со алкава да се реализира
Дали ми е добра идејата за роденден на мојот дечко да му подарам кутија со слики која што се состои внатре од уште помали ктуии со слики и во најмалата кутија на мали ливчиња да напишам помали текстови(мислам дека ме разбирате),да купам блуза,колекција парфем и милка чоколадо.Се тоа убаво да наместам а околу да ставам свеќи.Или премногу е?Или дајте ваши идеи.
@butterfly.285 Многу е. Ако е романтичен тип, идејата со слики е добра и избери едно, или парфем или блуза. Ако не е, тогаш мислам не мора кутии и слики со повеќе големини, можи една ако ти е ќеф.
Убава замисла , ама мислам дека е многу , јас би земала алки такви што се за парови или дуксери идентични , послатко амин
Супер е , би ти предложила и да му напишеш нешто , некоја честитка или направи "отвори кога" писменца
Даа,ке напишам на мали ливчиња текстови повеке и ке ги ставам во кутијата,а онака на кутијата ке пипам Open me
Јас обично носам пари на сите пријатели кога ќе ме поканат на роденден. Најубаво е така бидејќи со тие пари ќе си купи што си сака. Е сега на мојата најблиска другарка и носам секогаш нешто како парфем, маскара, некоја крема, лак за нокти, туш и се некои вакви работи пошто обожава производи од шминка. Ако веќе купуваме подароци за родендени треба да знаеме што највеќе сака личноста и што највеќе обожава да има. Еве најпромашен подарок кој го добив беше прљаво мече ем не сум љубител на мечиња ем беше и прљаво Таквата пријателка и ден денес ми носи потполно промашени подароци но не им ја мисли дали ќе ми се допадне или не битно таа да дојде на роденден да не пропушти нешто