На моја најблиска другарка и роденден за една недела па и купив ваков привезок подолу на сликата што е. Го купив 300 ден и плус карго што платив пошто го нарачував од фејзбук. Е сега се прашувам дали е доволно да и го дадам само приверзокот или да купам уште нешто како дезедоранс или кармин или пак маскара. Не ми е проблем за парите него сакам да ми кажете ваше мислење дали да купам уште нешто или пак ќе биде премногу?
Здраво, дали некој знае дали бутиците како Зара, Котон, Ваикики... имаат ваучери кои можат да се купат за подарок ?
Во Зара има, почнувајќи од 2.000 ден па нагоре. Во Комерцијална банка можеш да купиш гифт картичка од Сити мол. На линкот имаш за кои продавници важи. http://skopjecitymall.mk/gift-kartichka/
Здраво. Дали некој знае некоја страна на интернет каде што изработуваат персонализирани сложувалки. Или некоја продавница. Сакам да подарам за роденден.
Девојки мајка ми има една многу драга пријателка и се мислиме што да и купиме за роденден. Има 49 години. Предложете нешто пошто мајка ми многу ја цени, многу и има помогнато во се и секогаш кога ќе се видат и има давано еден куп подароци па сега се мислиме што ние да и дадеме на нејзе. Секој предлог е добредојден.
Чанта, кујнски прибор пример ако некогаш зборувала што сака, а нема. Едит: не знам од каде си, но можете да прошетате Базаро или такви слични продавници, нешто ќе ви го изеде окото.
Ви благодарам на сите за предлозите. Ќе купиме или чанта или новчаник или пак некој убав украс за во домот, ќе видиме што повеќе ќе ни се допадне.