Темава не е многу активна, ама па и посоодветна не најдов. Ќе бидам малку off topic и не барам совет за подарок, туку сакам ве прашам нешто друго. Дали и вие сте воспитани како мене при секој даден подарок да го отворите и да се испозаблагодарувате 100 пати, па макар и никогаш да не го употребите истиот или да речеме и да не ви се свиѓа? Old school воспитание. Од почеток на месецов бев на 3 места кај што однесов подароци за различни себапи. Секогаш бирам нешто што според мој вкус е убаво и посветувам внимание и на пакување и на самиот подарок. Првата личност кога и да и’ однесам нешто никогаш го нема отворено подарокот пред мене, само ќе се заблагодари и после неколку саати ми пишува порака од култура дека и’ се свиѓа, ама сепак никогаш не сум ја видела да носи нешто што сум и’ купила јас. Втор случај: давам подарок - личноста ми се заблагодари во моментот, подарокот не го виде воопшто, а после тоа не ни ми пиша барем дека и’ е точна облеката. Последниов случај беше тотален пресврт за разлика од горенаведениве. Со отварање подароци, пробување, па после и порака дека го покажале и на други луѓе, едноставно се чувствуваше благодарноста (макар и да беше одглумена). Секогаш ја добивам истата реакција од оваа личност и со ќеиф купив поклони уште пред една недела дури. Не дека е битен муабет, само ме интересира како вие реагирате кога примате подарок и како очекувате да реагираат другите кога им давате подароци? Јас во глобала реагирам секогаш искрено, отварам подароци одма. Досега не сум добила нешто што не ми се свиѓало, а и да се случело такво нешто никогаш не сум менувала поклон, туку сум давала на мајка или сестра.
Јас па некако од мала сум научена дека не треба да го отворам подарокот пред тој што ми го купил. Некако се осеќам дека му правам незгодно не знам, тоа најверојатно од родендени како мали ми останало, да не ги гледам одма подароците, туку на крај, на само. Ако е роденден ако има повеќе луѓе нема да им пишам после тоа. Ако е некој друг повод можеби би пишала. Што знам, не се замарам а не ми е ни нешто многу битно дали кога ќе подарам одма ќе видат. Попријатно би ми било да не е пред мене отварањето
Зависи колку ти е блиска особата. Порано со другарките многу сме си подарувале облека и во тој случај сакам да биде отворен подарокот за да видиме бројчето дали е точно. Дали има потреба да се смени и слично. Ама ова принцип за со многу блиски особи и од кои нема да имаш срам да кажеш дека не ти се свиѓа
На втор роденден сум кај ќерка на другарка, а плус има и новороденче, машко. Предлог подарок за двајцата? Се мислев по едно комплетче да им земам, ама не знам.
Е сега вака, во принцип цел живот ќе одиш на роденден и кај двете деца, затоа за роденденкото ќе купуваш подарок, а за другото нешто симболично да не се лути, АМА ако не си била "на бебе" тогаш купи подарок за таа пригода сега, а за понатака практикувај како што пишав, мислам дека е фер. Зависи колку сте блиски таков нека биде и подарокот. Дете од 2 години може веќе некои играчки за развивање на менталните способности, може тротинетче, може некое убаво фустанче ... Штом ти е другарка може и да ја прашаш што им фали, што им треба ...
И јас ќе бидам офф топик и ме интересира дали ве нервира кога даден подарок личноста го менува со сосема друг. Значи немам проблем за број да се смени ако е мало, големо, или се погодило слично нешти да има, но целосно менување на поклонот мене некако ме навредува, а сум потрошила и време да смислам и пари. Што мислите вие? Јас си земам при срце или?
Па да, мислам дека не е баш убаво да го смениш поклонот и да земеш сосема друг. Да го смениш во смисла ако ти е мало или големо па да си земеш соодветно бројче тоа е океј.
Добро значи не сум само јас со таков став. Два пати ми се случи со иста особа и сега пари и давам за роденден па нека си одбере што сака. А прати ја иронијата ако нешто особава ми донесе поклон ако не и пратам слика како ми стои или ако не види дека сум носела се лути.
Некое убаво парче облека, книга, ваучер, накит, козметика, чанта, рачен часовник, парфем, нејзин портрет.
Ме викнаа на роденден со дечко ми кај негов другар. 36 години прави, не знам што да му земам. Дечко ми му земал со 5 другари заеднички поклон Daniel Klein саат минатата недела, а јас сега сум викната зошто јавно скоро официјализиравме со дечкото и немам идеја што да однесам, срамота е да се влечам со подарокот нивни. Каиш, новчаник, некој пијалок? Мислите добра идеја е?
Да земиш пијалок, ама да се договорите да му го дајте како заеднички со нивниот поклон (ако веќе немаат земено тие пијалок). Така ќе учествуваш материјално, а нема да се делиш. Не знам некако глупо ми е тие со еден поклон, а ти посебно.
Пијалок дефинитивно, и нека го дадат заедно со другиот поклон, заеднички од сите ќе дојди, глупаво е да се делиш ти посебно
Поканета сум на родендени кај 3 и 4 годинки. Децата се на моја најдобра другарка , па не знам што да им земам . Што мислите вие? Дали е добра идеа да им земам некое ранче бидејќи одат во градинка или некоја голема плишана играчка
Јас често сум носела ранчиња на подарок, секогаш би биле искористени. За плишани играчки низ разговор имам слушнато дека само место и прашина фаќаат. Евентуално некои креативни сетови, дрвени играчки како потрајна опција итн
Плишана играчка не,обична да. Пример коцки, има Лего, има од турските Dede поефтини...некоја едукативна сликовница...сетови со пластелин