Подароци за секаков повод!

Дискусија во 'Мода и стил' започната од lavinija28, 17 декември 2014.

  1. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.105
    Допаѓања:
    1.560
    Пол:
    Женски
    Феминки, еве решив да ја отворам оваа тема (се надевам дека нема да е дупла:)- дали купувате подароци по некој повод (ок, еве освен за роденден - што е некако неизбежно)? На пример, дали сте навикнати да давате подароци за Божиќ и Нова година, и што мислите да поклоните оваа година? Се разбира тоа е и во зависност од можностите, некогаш доволно е само вниманието посветено а не материјалното, но мислам дека секој од нас посакал да подари нешто некому. Па, дали имате некој предлог за подароци за оваа година? :)
     
  2. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.275
    Пол:
    Женски
    Еве јас прва ќе одговорам.
    Најмногу ми значи тоа што некој се сетил на такво нешто.Јас кога имам можност сакам да подарувам и со повод и без повод.Гледам да не ги изоставам Нова година,8ми Март,годишнини...некогаш и само на датум да ми текне ќе подарам.Не е битно дали е којзнае каков поклон,доволна е ситница и вниманието за нечија насмевка на лицето.
    Сакам кога ќе изненадам некој со некој мој гест,им го обожавам изразот на лицето во тој момент.
    И што е до мене,повеќе сакам јас да подарувам.Не дека не сакам подароци ама сакам кога јас сум причината за некоја насмевка. :)
     
    На glosipgirl, marija.980 и lavinija28 им се допаѓа ова.
  3. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    358
    Пол:
    Женски
    Секако дека се дава подароци со повод на одредени датуми но и без повод еве јас оваа година веќе знам дека на мојте ќе им купам некоја ситница за празнициве не е многу на родителите по еден парфем а на мојата помала сестричка подарокот ке биде предновогодишен карта за на ЦЕЦА не ни се сомнева дека ќе ја водам со мене и покрај тоа што ќе го добие ланчето кое сама си го избра за подарок ова е дополнително секако и јас кога добивам подароци сеќна сум што некој се сетил на мене па макар да е и чоколадо
     
  4. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.105
    Допаѓања:
    1.560
    Пол:
    Женски
    Јас вообичаено подарувам колекции, некој сувенири или некое парче облека, зависи од ситуација. Така и за овие празници си спремам по некои скромни поклончиња за да ги изненадам и усреќам моите најмили ;).И да, во право сте, понекогаш дури и едно чоколадо можи многу да те усреќи бидејќи е знак дека некој се сетил на тебе.Супер :)
     
  5. sparkless

    sparkless Активен член

    Се зачлени на:
    17 август 2014
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    48
    sakam podaroci i sakam da poklonuvam,dali e so nekoj povod pricina ili nekoj obicen den ne e bitno mal gest dali so povod ili bez povod sekoj na sekogo ke razbudi ubavo cuvstvo i iskraena nasmevka :))
     
  6. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    2.522
    Допаѓања:
    28.608
    Пол:
    Женски
    Обожавам да подарувам, а секако и да ми подаруваат, најмногу љубов и внимание :D а, веќе кога зборуваме за материјалните, подарувам и за Нова Година, за 8ми Март, родендени секако, но и без повод и причина. Најчесто подарувам практични работи, работи кои што знам дека ќе усреќат :P
     
  7. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    4.486
    Допаѓања:
    30.038
    Пол:
    Женски
    Подароците подарени со повод се очекувани, а оние без повод се пријатно изненадување.
    Во секој случај, убаво е чувството кога некој ќе се сети да посвети некому внимание и да изнуди насмевка на лицето без оглед на видот и цената на подарокот.
    Убаво е да се создаде причина за да му го разубавиме денот на некој и да подготвиме изненадување кога другите најмалку очекуваат. Неочекуваниот гест е незаборавен.
    Сакам да подарувам за да ја сподели некој среќата со мене во тие моменти.
     
    На lavinija28 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Portishead

    Portishead Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    741
    Пол:
    Женски
    Мене најдраги ми се подароците кои што ќе ги добијам и знам дека се од срце, без разлика дали се подарени со некаков повод или без. Изненадувања од блиски луѓе, малечка пеперутка од хартија како знак на внимание или омиленото чоколадо после кавга, вредат многу повеќе од поскапи нешта подарени ’ради реда’. :nod:
    Како и да е, јас внимавам да не ги заборавам важните датуми и празници за подарување но сепак најсреќна сум кога на најобичен ден случајно ќе забележам нешто кое што знам дека на блиска личност многу би и се допаднало, ќе го купам и ќе изненадам и усреќам со таквиот убав гест.
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.146
    Подароците за Нова година,8ми Март и нормално родендени, се неизбежни од моја страна и секогаш се трудам на овие датуми да им подарам нешто на најблиските.Се разбира,сакам да подарам некому нешто и без повод.

    А најубави подароци се оние кои си ги добил без никаков повод,во знак на внимание и подарени од срце.Бидејќи знаеш дека за роденден ќе добиеш подарок,но кога во обичен ден не очекуваш може да те израдуваат уште повеќе.
     
  10. 9Natasa

    9Natasa Активен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2016
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Ако ви требаат подароци во 5 мин. до 12, нарачајте си ги онлајн на ЕХ.МК и ќе ви ги испорачаат до врата на примачот на подарокот.
     
  11. larrachi

    larrachi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2015
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    919
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    [​IMG]

    Девојки изработувам чоколади со уникатен дизајн.
    Пишете инбокс :)
     
  12. Loveisintheair1

    Loveisintheair1 Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2017
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
  13. larrachi

    larrachi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2015
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    919
    Пол:
    Женски
    Доколку е страницава твоја неколку совети од мене.
    Прво со среќа, да имаш многу нарачки.
    Второ, среди ја малце естетски поубаво да изгледаат сликите и објавите. Сликај ги подобро работите на обична позадина и ставај ги така сликите.. Вака изгледа премногу аматерско.
    Трето, објави што поконкретно правиш - каков вид работи, цена, податоци итн.
    Вака искрено кога ја отворив ништо не ме привлече, а очи ми ископаа ичкртаните букви и слики.
    Ова се само мои предлози и совети до тебе...
    Среќна работа :)
     
  14. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.105
    Допаѓања:
    1.560
    Пол:
    Женски
    Друштво, што може да се поклони по повод Докторат? Станува збор за девојка...
     
  15. Ljubica87

    Ljubica87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2018
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    310
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да подарувам, но и да ми подаруваат, сопствени креации. Не мора сѐ да е дома направено, ама ми значи некој уникатен детаљ, да се знае дека е подарено со љубов. Исто така и нешто симболично ми значи, на пример ако знае дека сакам рачни изработки, да ми подари нешто што ќе ми служи
     
    На lavinija28 му/ѝ се допаѓа ова.