Добив тоалетна вода и купка, цвеќе саксиско, каранфили, буќет од гриоти чоколада, кујнски помагала, кошула. Подарив долен веш на три особи, паричник, цвеќе, кошула, купка со дезодоранс, марами.
Јас планирам на мајка ми да и подарам сложувалка со слика фамилијарна и букет цвеќиња.Дали е добра идеја и ако може други предлози.
Букетот е секогаш добра идеја, но сложувалката мислам дека нема да ѝ биде од никаква корист... Според мене, подобро би било сет фиџани, чаши, некој интересен сад, нешто за во кујна што би ѝ требало, облека (пижами, маичка, џемпер...), парфем, постелнина... Но ако веќе си се решила за сложувалката, во ред, и тоа е интересна идеја.
Убаво е некоја марама или шал,новчаник,јас само на Мајка ми и Свеки давам подарок,Свекрвами е малку манџика па неможам да и нагодам се па затоа обично и купуван хулахопки затоа што знам дека ќе ги облече или долен веш маица.На Мајка ми што и да и дадам не наоѓа мана а мајмногу се радува на Салонско цвеќе.
Ќе купам поклони за учителките на децава. Планирам да им купам по една стаклена здела. Лани беше колекција. За жал, немам мајка за да и подарам поклон. Ниту баби.
Како и секоја година, така и оваа, се спремаме за 8ми Март. Што би земале ? Јас ќе земам нешто мешано од поситни работи од околу 600-700 ден. да не е ни премалку, ни премногу. Свекрвата ми сака козметика (секакви шампони, кремови, лосиони) и секогаш се радува на такви работи, никогаш не и се доста.
Јаа ова истово мислев што да земам на мама и на свекрвата, прво мислев по еден парфем бидејќи скоро се им имам веќе подарено дали за 8ми дали за нова год или роденден(ракавици зимски, марами, новчаници, козметика, благо, грепки, книги итн), а парфем е потрошен материјал, но во последен момент се одлучив за чинија на спрат за послужување благо. На мама знам ептен и се допаѓаат а си нема купено, а свекрвата ептен често прави благо и секогаш послужува со кафе па сега ќе ја модернизирам со убава чинија
Јас ништо нема да и купам. Маж ми нека и купи. Она самата си кажа дека не сака поклони од снаите. Уште поарно. Да не си правам трошок за неа. А и не заслужила поклон од мене. За безобразни како неа не трошам пари.
Многумина знаат да речат не сакам поклон, а се лутат ако не добијат. После одма трчаат со комшивките и пријателките да си кажат која што добила од снаата, па и се фалат. Затоа не сфаќам кога некоја постојано глуми како не сака поклон, ти вели не троши се, а потајно сака поклон. Подобро нека си ќути. А, за тоа, дали заслужила или не поклон, не ти ја знам ситуацијата, иако мислам дека некоја ситница не е страшно, колку-толку барем ти ќе покажиш човечност, почит, можеби ќе ја потсетиш каква и таа треба да биде. Иако ова си го размислувам општо онака, бидејќи сакам празници и истите ги гледам како повод за помирувања или за поголеми разбирања.
Имала она кој да и купи поклон. Затоа не сакала од нас снаите поклон. Инает жена. Јас сакам поклони дадени од срце, а не ради реда. Оваа година треба да купам поклони за 5 учителки. Малиот има 3 во градинка, а големиот 2 во школо. Ќе се потроши некој денар повеќе.