Premium пелените од dm марка babylove нудат неверојатен комфор при носење, најдобар квалитет и оптимална заштита, а притоа се неверојатно меки за детската кожа. Што е посебно кај babylove пелените: Неверојатно мека внатрешност и надворешност; Мека и нежна странична заштита од протекување; Долготрајна заштита благодарение на двојното впивливо јадро со што се овозможува сигурна и брза апсорпција и долготрајно чувство на сува кожа; Ултра тенка прилагодлива форма за максимална слобода на движење; Практичен и удобен систем за закопчување – повеќекратни лепенки и супер растегливи материјали за оптимално-прилагодлива форма. Во фаза сум на очекување на бебеце наскоро и дефинитивно прв избор за ми се овие пелени по огромна препорака од други лица па добро ќе ми дојде поклонот
Премиум пелените од ДМ се посебни поради: Неверојатно мека внатрешност и надворешност; Мека и нежна странична заштита од протекување; Долготрајна заштита благодарение на двојното впивливо јадро со што се овозможува сигурна и брза апсорпција и долготрајно чувство на сува кожа; Ултра тенка прилагодлива форма за максимална слобода на движење; Практичен и удобен систем за закопчување – повеќекратни лепенки и супер растегливи материјали за оптимално-прилагодлива форма.
Прво многу се меки. Второ лепенките не му надразнуваат кожичката бидејќи со други пелени имав такво искуство. Трето до сега ми немат потопено. Да бидам искрена влажни не користам никакви бидејки има нежна и осетлива кожа. Ама затоа батко со нив се брише и си ги носи во училиште. А и да бидам искрена и пелените и влажните марамици имаат пристапна цена.
Неверојатно мека внатрешност и надворешност; Мека и нежна странична заштита од протекување; Долготрајна заштита благодарение на двојното впивливо јадро со што се овозможува сигурна и брза апсорпција и долготрајно чувство на сува кожа; Ултра тенка прилагодлива форма за максимална слобода на движење; Практичен и удобен систем за закопчување – повеќекратни лепенки и супер растегливи материјали за оптимално-прилагодлива форма. ги користев пелените за двете деца,презадоволна сум но не сум во можност цело време да патувам до ДМ бар да имаше во аптеките далеку ми е ДМ навистина квалитени удобни не пропштаат и што е најважно за моиве деца е дека не се исфрлаат од нив
Првите пелени кои ги пробавме на бебе во болница беа овие и се покажаа супер. Меки се одвнатре и однадвор, досега ни еднаш не ни пропуштиле! Практични се и удобни, само ретко се наоѓаат бројчиња па мора за замена други да земеме кога ги нема..
Отворив да видам што се дешава во темава, бидејќи е нова. Што се случува луѓе? Зошто ги копирате истите точки?
Бејби лов пелените ги користев за 2те деца уште пред 8 години. Најчесто почнував со 3ка. Тоес од 4 до 8 кила. Така беше ако не се лажам. И овој пат купив неколку пакети, за 3во бебе. За мене најдобри пелени, со достапна цена. После Памперс.. Не пропуштале и по цели вечери..меки се.. Ова е моето искуство со нив. Јас не учествувам во изборот, само мислење споделувам.
Уште пред да се роди бебето имав купено памперс премиум. Кога видов првата недела како се трошат како алва, следни на листа ми беа Бејби лав. По квалитет тука некаде, меки,памучни,нема шушкави делови како кај другите, не стегаат,не пропуштаат, не прават иритации на кожата. После 2,3 недели ги купивме и само надополнувавме залихи со пакети со поголема бројка. Е кога стигнавме кај 5ката вртевме по цел град за да најдеме една кутија. Кога немаше да најдеме пола саат стоев пред рафт кој друг бренд да го земам. Некои се погодија ,некои не,ама дефинитивно сум презадоволна од Бејби лав. Големо разочарување е што нема доволно на залиха . Дури се случи два ваучери со -15% да ми пропаднат зошто две недели по ред одев на Бит пазар и во Кисела Вода ,а пелени бр 5 немаше. Последниот пат на Бит пазар немаше на рафт,ја прашав продавачката да провери дали има во магацин,а таа се довикуваше со колешка и дали тие доле се тргнати за неа. После се сврте кон мене и ми рече нема
Премиум пелените од ДМ, посебни се поради : *Неверојатно мека внатрешност и надворешност; *Мека и нежна странична заштита од протекување; *Долготрајна заштита благодарение на двојното впивливо јадро со што се овозможува сигурна и брза апсорпција и долготрајно чувство на сува кожа; *Ултра тенка прилагодлива форма за максимална слобода на движење; *Практичен и удобен систем за закопчување – повеќекратни лепенки и супер растегливи материјали за оптимално-прилагодлива форма.
Сабајле ја отворив темава читнав малку и случајно поминав во ДМ да си купам маска за коса и баш земав едно паковање 3 ка да ги пробаме, во потрага бев по нови пелени така да лајк за темава Вечерва ќе ги тестира бебушка и стварно многу се меки , а сабајле ќе видиме дали пропуштаат или не
Јас ги користам за син ми, посебни се штом веќе 14месеци ги порачувам по блиски по неколку кутии бидејќи живеам во град во кој нема Dm а сега купив newborn здравје за кога ќе се породам, предност им дадов пред pampers premium care Туку ако знае некој да ми кажете дали од ребрендираните има 5ки џамбо пакување и каде... едвај најдов обично пакување 5ка во веро јумбо, рано ни е за одвикнување
Неверојатно мека внатрешност и надворешност; Мека и нежна странична заштита од протекување; Долготрајна заштита благодарение на двојното впивливо јадро со што се овозможува сигурна и брза апсорпција и долготрајно чувство на сува кожа; Ултра тенка прилагодлива форма за максимална слобода на движење; Практичен и удобен систем за закопчување – повеќекратни лепенки и супер растегливи материјали за оптимално-прилагодлива форма.
Ги користевме од раѓање па се до број 3 редовно. Но никогаш не наоѓав доволна количина.. Последно купивме број 4 и немаше од големите пакувања. Во ДМ Штип ретко има повеќе од 3-4 пакувања, а ние сме навикнати да трупаме залиха бидејќи немаме ДМ во нашиот град. Омилени ми се поради дизајнот со животни. Тие со лисицата ми беа омилени (број 3 беа мислам.) Друга предност е тоа што никогаш не пропуштаат. Моментално немаме, ни се потрошија, но повторно ќе купиме кога ќе одиме. Дај отворете ни ДМ во Гевгелија, ќе купуваме покултурно. Се зезам Пак ќе купуваме во големи количини бидејќи брзо ги снемува. Единствено овие пелени ни одговараат бидејќи моето бебенце е со пошироки нозе и целосно го опфаќаат а и полесно се закопчуваат. Не знам што е со другите пелени и зошто се толку тесни? Се друго што имаме пробано протекува од страна. babylove пелените ни се најкомотни. Дома имам од оние како гаќички, ми донесоа од Германија, ама мали сме за нив Морам да кажам и дека газето е суво кога менувам пелена. Предобро апсорбираат и фала Богу бебето приметив дека не ика, а се случува кога некоја пелена не апсорбира, на влажна кожа бебето да ика. Со babylove нема икање. Баш и во темата за најдобри пелени ги испофалив, а и жалам што во болница после породувањето ми остана цело пакетче неискористени пелени. Мислам дека и тоа си се пожалив негде. Нема да лажам, сум пробала и други пелени, сум морала бидејќи не можам да најдам доволна количина од babylove, но кога наоѓам секогаш ги купувам бидејќи се единствени кои не го стегаат малото и нема црвени решки од стегање, и се најсигурна заштита од протекување. Единствено овие ги имам дома, дизајнот е за 10ка. Кај и да е ќе ги пробаме нека порасне малиот уште малку.
@Femina Треба да награди 5 мајки, но пак и @Fallen.Angel за ваков текст да е шеста иако не сте планирале така
Ме зезаш? Хахахах.. Бесмислено ми е да копирам од нивната страна кога имам ги испробано и поубаво ми е да си кажам вака.
Јас мислам да се награди и за досетки со бебе Икање од мочана пелена, скокоткање од ќебе на боси ножиња и сл