Ние ‘шмукалки’ ги викаме. Tоест јас така си ги викам Дур беше помал му ги давав со лажичка, сеа скоро научи сам да си ги шмука.
Супер практични, кога беба ручка се е лом околу неа, се мачка со кашата по лице и коса, само со шмукалчињава успеваме да сме чисти плус супер се за надвор нема потреба од носење прибор за јадење. Штета што ги нема во зеленчукова верзија. Превкусни се па се што ќе остане мама и тато дојадуваат
Супер се шмукалчињава. И ефтини се. Јас и пред година ги давам некои, на пример тоа што е праска и банана во јаболко.
Едвај чекав да наполни година за да му давам од овие шмукалчиња. Најразновидни се и со интересни комбинации на вкусови, за разлика од останатите на пазарот. И цена супер. И мама ги сака
И јас се замислив сега обично гледам позади ако сите состојки ги имам воведено, тогаш зимам и не му ја мислам
Мене ми беше страв да не имаат некоја состојка позадинска од тие што не ги разбирам што се, што не е за помали дечиња и затоа не му давав. Еднаш купив пред година и јас си ги сркнав
Омилени се на мојата ќеркичка, но и 10 годишниот батко ги крка иако е голем за нив. Ги купувам баш често најмногу поради тоа што ми се практични, а и кога ручка нема лом
Нашите шмукалчиња Ќерка ми доволно е да го види и веднаш и се подобрува расположението. Ако, денес не го изеди , до утре не се чува, па и мами да ќари . Од капачињата имаме играчка направено ...
Кога ми одбива да јаде (а во последно време е борба за секој залак), тука се овие практични шмукалчиња кои никогаш не ми ги одбива. Посбно кај нив ми е што овошјата во нив се тешко достапни на наш пазар, па они ми се перфектна замена.
Благодарност до сите мамички кои се вклучија во дискусијата. Добитнички во најновиот giveaway на dm се: @Lolipop23 @VDT2906 @ocicka2014 @Верче4 @monik55 Веднаш ќе ги контактираме за достава на подароците.