1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Подарување миленици

Дискусија во 'Дом' започната од Justice.Girl, 4 декември 2011.

  1. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Се надевам нема ваква тема, а ако има - КЛУЧ :| (ако е дупла би ве замилила за линк од оригиналот)

    Па вака, во оваа тема би сакала да си подаруваме миленичиња :) наидов на многу вакви страници на фејсбук, но овде ненајдов ваква тема :) Се надевам добро ке функционира :)
    Правила:
    -треба да се стават слики од милениците кои се подаруваат
    -милениците може само да се ПОДАРУВААТ, не и да се ПРОДАВААТ :shake:
    -информациите може и тука да се напишат, но може и заинтересираните да побараат податоци преку лп
    -мора да се извести ако миленикот е подарен за да знеме дали е вдомен или не :)
    -претходниот сопственик на миленкот ако сака може да побара слика од својот миленик (кој е вдомен од друг човек) за да се увери дека му е добро, дека не е малтретиран...
    и најбитното правило
    - МИЛЕНИЦИТЕ (КУЧИЊАТА ВО СЛУЧАЈОВ) НИКАКО НЕСМЕАТ ДА БИДАТ ЗЕМЕНИ ("ВДОМЕНИ") ЗА БОРБИ СО КУЧИЊА ИЛИ БИЛО КАКВИ МАЛТРЕТИРАЊА! СОПСТВЕНИКОТ, КОЈ ГО ПОДАРУВА МИЛЕНИКОТ МОРА ДА БИДЕ СИГУРЕН ДЕКА МИЛЕНИКОТ КЕ ОДИ ВО СИГУРНИ РАЦЕ! ( се надевам нема вакви НЕЛУЃЕ на форумав, но морав да го напишам и ова правило за секој случај)

    Јас имам маченце кое би сакала да го подарам, но се извинувам што засега немам слика од него (в село е, одам во недела (наредната), ке го сликам и ке го постирам)
     
    На Moli❤️, Simonche-to, SexyLady и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Ваооо колкав интерес :rofl: :rofl: ја преполнивте темава :rofl: :rofl: Дај заклучетеја темава, барем да не се брукам :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
  3. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Никако клуч!Темата ти е совршена, стрпи се малку...Барем сега имаме кај да пишеме кога имаме некое невино душиче за вдомување :)
     
    На Justice.Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Alegriaa

    Alegriaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Женски
    Јас немам за подрување но сакам да прашам дали некој ма да подарува малтешка пудлица??? :wasntme:
     
  5. Lallly

    Lallly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    33
    барам на подарок маче старо највеке до 1 месец ,машко.се надевам ке ми помогнете :)
     
  6. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    Јас барам на подарок персиско маче.. Ако некој има/знае... кажете!
     
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Ози следи ја страната на фб, таму објавуваат ако случјано некој подарува персиско...
    http://www.facebook.com/pages/SPAS-ZA-Z ... 9817651321
    ама не верувам и овде да најдеш, пошто одма ги зимаат, плус на неколку пати имам начекано како подаруваат и тоа еднаш имаше 3 годишно маче на подарок. Мое мислење е, немој. Мене мојот на година ипол ми го подарија скоро два месеци е кај мене и уште неможе да се опушти кај нас. Подобро собери пари и купи си, има луѓе што ги продаваат, од 50 евра па нагоре.
    Оти малце се деликатни персиските, се чуваат претежно дома, нели сега ако сакаш можеш да го пушташ надвор али не ти препорачувам, зашто прво може некој да ти го украде, второ домашни мачки се и го немаат инстинктот за борење и трето ако ти фати болви кај ти е крајот. Ако го земеш постаро може и да ти се ретардира, паѓаат во депресија, мојов беше во депресија некое време откако ми го донесоа. Само спиеше, не се ни галеше, ни играше... :)
     
  8. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    ја сакам поклонче машко бело или златно ретриверче со педигре, прочистено и вакцинирано до 2 месеци старо. :wasntme:
     
  9. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    Ретко кој ќе подари миленик со педигре. Некој од тоа заработува прави бизнис. Единствено ако се работи за некој мелез или пак од толку многу роденчиња нема што и да им прави па тогаш да подари, али и тоа ретко. :worried:
     
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    ^Мислиш ретко кој подарува расно маче :) Оти кај мене е персиско без педигре :)
    Исто можеш да проверуваш и на пазар3 често и таму има луѓе што објавуваат дека продаваат персиски мачиња.
     
  11. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266

    абе знам. :)
    ова појше иронично е кажано пошто со ценине 300 за машко и 250 евра за женско не се нормални.
     
  12. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    шо неми подари мене некој некое убаво кученце :lol:
     
  13. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426

    Е тоа да. Скапи се. Раса си е раса. Но јас повеќе би избрала кученце "од улуца" и тие се душички, така мали оставени сами на себе, никој не ги згрижува па после нормално дека ќе се агресивни. Ќе се најде некој ненормален и ќе ги малтретира, стварно крајно недолично. Греотичка... Јас кога би имала можност би згрижила и 5, а не едно,но да имав услови... :(
     
  14. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.288
    Зошто под убаво кученце подразбирате расно?
    Зар мелесчињата се грди? :^)
    Ако се тие убави тогаш имаш избор.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    срцки најубави

    Тука имате полно кученца за подарување најчесто мелези
    http://www.facebook.com/pages/SPAS-ZA-Z ... 9817651321

    Иначе и јас не би подарила бесплатно кученце како што бара Каша па и прочистено па и вакцинирано па и уште навики да напишете стекнати да се. Вакцините не се бесплатни, не се бесплатни ни апчињата, ни витамините, ни храната. И јас сметам дека се прескапи кучињата, ај 300 евра е стандард цена, ама кога ќе видам 700 евра, 1500 евра за померански шпиц. Побогу не вреди!
    Ама 50-100 евра, 30 нека се, се доволни за некое кученце кое стварно е згрижено од мало, не за друго трудот е битен, некој се грижел за него 2 месеци, има непроспиени ноќи, некои кученца дури и се хранат на неколку часа со млеко (го помните Бетовен филмот е баш така е), па вакцини и прочистување, барем нормално е да им се платат трошоците, ако веќе леглото не се плаќа.

    A пред некое време прочитав убава приказна, доказ дека сеуште постојат добри луѓе.
    Несакајки некој дечко/маж удрил кученце со кола многу малецко 3 месеци отприлика, го однел во автокоманда, го снимале и оперирале и санирале скршениците, дечкото чекал за тоа време во амбулантата, си платил се и тоа висока сума околу 100тина евра и го однел во Вардариште за жал. Но некое девојче го видело таму како се мачи а не се грижат за него па одма го вдомило без размислување.
    Постојат добри луѓе, малку се но постојат!
     
    На SV1911, AnaKarenina, BoaVista и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Секој си има право на избор што ќе чува и колку ќе го плати, има избор за секого, има расни скапи, има расни евтини, има мешанчиња на подарок ... значи избор колку ти душа сака ;)
     
  16. Lallly

    Lallly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    33
    посетете ја страната
     http://www.facebook.com/pages/SPAS-ZA-ZIVOTNITE-zdruzenie-za-vdomuvanje-na-zivotni/149817651321  можеби ке ви се допадне некоја напуштена и осамена душичка ,па ке ја усреќите 
     
  17. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Супер тема, браво за неа! :) Се надевам ќе се најде некој да постави слика од куче, маче..што сака да го поради и ќе се најде некој кој ќе го земе. Ако имам и јас некоја таква можност без проблем би ја сторила :) Животинчиња :l:
     
  18. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Женски ја сакам едно мало ангорче жолто, имав порано ама ми го украдоа :(
    ако знае некој кај да најдам или ако има некој нека кажува
    Иначе ако сакаат 4-5 женски хрчак можам да ги спојам моиве да се спарат па да ви дадам ако сакате :)
    ваква раса
    dom/sliki-od-vasite-milenicinja-t8478/10.html?hilit=%D0%BB%D0%B5%D0%BB%D0%B5#p738145
    скролајте подоле не го давам папагалов :lol:
     
    На Black.Beauty му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lallly

    Lallly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    33
  20. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Lallly фала што си се потрудила, но брат ми сакал цело жолто како што имав а и плус големко е ова за да стекне навики. Фала уште еднаш :)