Ако некој сака да присвои кутренце, нека пише ЛП, имаме на 'лагер' неколку мали буцкави преслатки палавковци Улични се патем, ама многу мили и убави Стари месец дена
Имам и јас! Едно само! Пред пола саат го најдов кај мене на улица.Немаше ни да го видам во темницата,ама цивкаше Го земав во раце и го ставив во двор (не мој личен, сопственост е на сите станари дворов). Му дадов да јаде и ете го сега седи таму. Јас веќе имам еден таков лепотан дома, а во дворов не би ми дозволиле да го чувам. По моја процена кученцево нема повеќе од месец дена.Црно е и ми личи на лабрадор. Душава ми се кине, ќе бидам најсреќна на свет ако го вдоми некој.
Се подаруваат две мали кутриња, на возраст од 2 месеци, женски, мајката е од раса Rat terrier. Идеални за чување и во домашни услови и во двор. Се наоѓаат во Куманово, имаат обезбеден превоз до Скопје. СЛИКА: https://fbcdn-sphotos-c-a.akamaihd.net/hphotos-ak-ash4/1002118_479231758834594_383968016_n.jpg
POdaruvam 9 mali kucenca Podaruvam 9 mali kucenca od koi 7 se mashki, ve molam pomognete da gi vdomam, za da ne zavrshat na ulica https://www.facebook.com/allen.ahmed.5/ ... 905&type=1 linkot e album so sliki od malite kucena 076/755-462 e telefonskiot broj. Ve molam za pomosh. Pozdrav i Bozji Blagoslov.
имам три мали маченца (возрасни се отприлика 2 месеци), во боја се бели со жолто и бараат домче мирни се многу, едно од нив е малце по енергетично, две машки и едно женско.. од Битола сум, па ако има заинтересирани, нека пишат во ЛП ..
Барам на подарок бушаво бело машко кученце (со мал раст). Доколку има некој што не е во состојба да го чува,нека ми пише лп. Ќе биде во добри раце
Дали некој има за подарување минијатурен(џуџест) пинч , не е битно колку е стар? имам искуство со миленичиња и голем љубител сум, а имам и време слободно за да му посветам. се надевам ке си најдам, (смајлишосемоли)
mirc, еве овде во анима мунди се подарува некое... https://www.facebook.com/media/set/?set ... 732&type=3 и тука можеш да побараш таков вид на огласи. http://www.pobaraj.com.mk/lista_na_ogla ... aruvanje/1
фала многу ама ова кутре е големо од искуство нескам да земам големо кутре затоа што еден пријател ми даде имаше околу годинка и ме касна па морав да го вратам сега сакам мало до два месеци и да можам да се навиканам јас на него и оно на мене
^ Англиските булдози се 400 евра најмалку, така да можеш да одиш и да вдомиш ако сакаш бесплатно куче. За куче треба најмалку 100 евра да се потрошат, ако не можеш да вложиш пари за тоа, не земај куче, кучињата се + членови на фамилиите.
^ Ни мопс. Тие се поефтини, 200 евра се најмалку. Јас ти препорачувам да вдомиш некое кутре како овие: https://www.facebook.com/photo.php?fbid ... =1&theater https://www.facebook.com/photo.php?fbid ... =1&theater На страната има уште многу слатки кутриња кои чекаат дом. Мопсовите и Булдозите имаат премногу здравствени проблеми, а ако се подаруваат 99,9% е сигурно дека има генетски проблем. Сега е време во кое што луѓето кои имаат расни кучиња ги продаваат за да собираат пари или да бидат сигурни дека ги дале во добри раце, зошто ако немаш пари за да се грижиш за кучето, нема да имаш расно куче. Добро и за бездомните кучиња потребни се пари, но повеќе луѓе би ги ценеле расните кучиња за кои дале над 200 евра од мешанчињата...
Мачиња на подарок! Стари се 1.5 месец, лево мачето е машко горе десно женско и доле десно машко. Сите се премногу мили но не сум во можност да ги чувам Доколку некој сака да вдоми нека ми пише ЛП за повеќе инфо. и слики од мачињата а ќе ми значи многу и ако се распрашате наоколу ако некој сака да вдоми маче.
Се подарува ова убаво бушавко маченце кое вчера беше оставено на улица самичко. Ќе го добиете избањато и прочистено од надворешни и внатрешни паразити. Ако има заинтересирани нека ми пишат пораче
Кучињава ги нема во Македонија. Норвиџ Териер е инаку и треба да се има енергија за да се справиш со едно вакво кутре. Можеш да набавиш, ама скапо е, над 550 евра сигурно ќе е.
Женски, итно ми треба mops кученце да се подарува. Ве молам доколку знаете некој или имате вие, исконтактирајте ме. Во сигурни раце оди кај вистински љубители. Итно е.
Здраво дечки Ако имате некое кученце што се подарува Ве молам да ме исконтактирате. Доберманче, биглче или нешо слично. Фала Ви.