1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Подбрадок

Дискусија во 'Лице' започната од lebarka, 12 август 2010.

  1. lebarka

    lebarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    26
    Ако нешто ме нервира на моето лице тоа е подбрадокот. Немам вишок на килограми, ама ете имам мал подбрадок кој ми се појави пред неколку години. Вака во реалност за среќа баш и не се приметува, ама ме нервира кога ќе се видам на некоја слика на која малку ми е наведната главата и ќе си го забележам подбрадокот. Колку од вас го имаат овој проблем и дали знаете некој тип на масажа или производ што може да помогнат или ви помогнале?
     
  2. Lili.87

    Lili.87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    3
    stavaj potemna kamena pudra ne nego i ke izgleda kako senka pozz
     
  3. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    237
    Хммм..познавам многу луѓе што се многу слаби а имаат подбрадок..незнам можеби тоа со пудрата делува не велам не,ама пробај и со масажа,се надевам набргу ќе го снема.поздрав
     
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Не знам за начин како да се ослободиш од него, но потемната пудра е добар начин за да го направиш овој проблем помалку забележителен.
    Нанеси бронзер (одбери според бојата на кожата, ако имаш блед тен никако немој да ставаш многу темни контури, само неколку никанси потемен) со голема четка на подбрадокот, а со помала четка веднаш под коската на јаболчниците за да ги истакнеш. Оди малку и надолу кон вратот за преодот да не е забележителен, но тоа треба да го направиш многу суптилно, со минимално користење на продуктот.
     
  5. pumpkin

    pumpkin Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    119
    Има една вежба со која се зацврстуваат мускулите во таа област, и се што треба да правите е долната усна да ја префрлите колку што можете повеќе над горната...задржете така 2-3 секунди и отпуштете...повторувајте ја вежбава секогаш кога можете и би требало да има резултати :) Исто така помага и правењето гримаси, особено осмех од уво до уво :D еее баш како на смајливо :lol:
     
  6. mona-li

    mona-li Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    9
    Женски ме интересира дали постои некоја оперцаија или сл интервенција по нашиве клиники за намалување на подбрадокот? Имам слушнато дека во странство имало третман за намалување подбрадок и затегнување на вратот со вбризгување на некоја течност во тој предел...
     
  7. Andrina

    Andrina Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    54
    А зошто прво не пробате со вежбање да го решите подбрадокот?
    Ако има вишок салце на лицето, без разлика дали е налепено на образите или е подбрадок, тоа како и секој вишок сало на другите делови од телото, ќе се стопи со вежбање. Пример, вежбајте аеробик, зумба и сличен тип на кардио вежби кај што има рипање, скокање, каде ќе дојде до доста потење на лицето, со тоа и салото насобрано таму ќе се стопи.
     
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Кога летоска го достигнам мојот врв во кг. имав подбрдок како баба ми. :@
    И дефинитивно со самото слабеење се симнува,ми се врати мојата форма на лицето-а не оноаа топка.
    Има уште малце,ама стварно малце што верувам дека со следниве 3кг што планирам да ги симнам, и тука ќе има погодок.
     
  9. Limpan

    Limpan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2020
    Пораки:
    1.136
    Допаѓања:
    3.598
    Пол:
    Женски
    Постои некоја операција за овој проблем?
     
    На Ajrinii му/ѝ се допаѓа ова.