1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Подврзан јазик/подврзана усна (Ankyloglossia) како проблем во доењето

Дискусија во 'Бебе' започната од Kaetana, 16 мај 2020.

  1. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.844
    Допаѓања:
    10.346
    Каj мене двете деца имаа.
    Првoтo имаше прoблем сo цицање ,нo пак пo сите препoраки jа сецнавме на 8 месеци.
    Истo ни викаа дека мoже самo ќе се сределo ,нo не се среди.
    Секунда рабoта, дo кoла веќе не плачеше, крв мнoгу малце.
    Втoрoтo минатиoт месец гo нoсевме, кажаа дека е мнoгу кратка да гo oднесеме за 3 месеци па ќе oдлучат штo да прават, е втoрoтo нема прoблем сo цицање и супер напредува.

    Сoвет средете на време, ксj првoтo дете кoга jа сецнувавме првата не виделе дека има и на гoрниoт дел oд устата па беше мнoгу пoгoлема и мoраше да jа успиjат.
     
    На TarantulaA му/ѝ се допаѓа ова.
  2. 123babygirl

    123babygirl Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2022
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    @Yowannty @Kaetana
    Се соочувам со истиот проблем моментално при доење. Борба е секое доење, и се сомневам на фатен јазик.
    Ако може да ми кажете кај кој доктор се обративте кој ви го дијагностицира проблемот да не талкам насекаде по клиникиве.
    Очајна сум да најдам решение што поскоро додека не се одбие од града.
     
  3. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.679
    Допаѓања:
    174.605
    Пол:
    Женски
    Јас тогаш живеев во Грција, сега сум во Германија и навистина не знам во Македонија каде би те упатила. Каетана е исто во Германија. Ќе ја тагнам @AngelOfArh овде можеби ќе може да те упати најточно.
     
    На 123babygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.163
    Допаѓања:
    102.117
    Пол:
    Женски
    Докторот кај кој бевме ние почина, но на Максило има одлични доктори кои ќе ви помогнат. Не знам колкаво е бебето, нас уште во родилиште ни кажаа, а и матичниот потврди, ама не ни дозволија да го сецнеме пред 8м. Ако си убедена дека е тоа и е до тоа инсистирај побрзо да се реши.
     
  5. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Ние го сецнавме во Ремедика пред некој месец. Детски хирург доага секој вторник од клиника, голема препорака за истиот. Бебе беше 2 месеци.
     
  6. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.253
    Пол:
    Женски

    Ако не сум грешка се породи во Ремедика така?
    Со малово се породив таму, не ми спомнаа за ова а ми ставаат црв околу луѓево дека не го пружал јазичето доволно, дека само го мрдал до непце не знам што, ко да треба да им го исплази до кај нив... ама сакам да прашам следно кога ќе одат да го проверат, ете поради црв од домашниве, инаку е на АД, не цицаше, не знам како би приметила јас самата

    Како е процедурата во Ремедика и колку чини ако не ти е проблем да ми кажеш мајка?
     
  7. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Не се породив во Ремедика.
    И бебе не го пружаше јазичето доволно, малку го движеше.
    Интервенцијата се изведува амбулантски, трае нецели 5 мин. Нас не извадија надвор со мм. Додека се мали не осекат болка, бебе плачеше од што го држат. Само што го земав во раце се смири. Почекавме пола час па го прегледаа супер беше, одма цицаше.
    Е после ја увидов разликата во мрдањето на јазикот, вадењето надвор и движењето. Тогаш бев сигурна дека донесов правилна одлука.
    Знам низ кој стрес поминуваш но не се плаши мама. Ако веќе му е подврзано сецнете порано. Ние добивме различни мислења, имаше и да почекаме додека да прозборе па ако не може да изговара зборови и букви тогаш да се сецне. За мене а и за него тоа би било многу трауматично, затоа си завршивме работа дур не разбира.
    Едит: за цена не ти пишав.
    Ние прво бевме за друго пратени кај детскиот хирург. Па тука он го прегледа целосно и исто ми потврди и за јазичето. Потоа договоривме друг термин за сецнување. Платовме за двата прегледа. Вториот пат за интервенцијата мислам плативме околу 3000 ден.
     
    На Vanilla15 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.253
    Пол:
    Женски
    Фала ти мама многуу, он е веќе 7 месеци, а следен сме на педијатар таму и на ортопед, на 8 дури, само ми е мисла дали вистина не приметиле такво нешто ако он го има уствари
     
    На Nala37 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Мислам до сега ќе ти кажел педијатар, сигурно го прегледувале детално кога си го носела. Мене уште на прв преглед ми потврди, пред тоа во родилиште ми кажаа.
     
    На Vanilla15 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.148
    Кој ве дијагностицираше? Каде може да се провери јазикот?
     
  11. Тинке

    Тинке Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2019
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    се породив пред три недели со царски, млеко стигна покасно, и додека стигне млеко во болницата му даваа ад со шише коешто практично тече без никаков проблем во голема количина.

    Бебе се научи на лесно достапно млеко, и доењето беше проблематично, не сакаше да фати воопшто. Нормално почнав веднаш да се измолзувам, и преку шише да го хранам со моето млеко, и со ад преку ноќ две или три дози колку ми фалеа од моето. Со цицање сеуште се учиме, цица кога не е премногу гладен и ја фаќа убаво и циц, но после цел саат цицање он е сеуште гладен и јаде цела доза прку шише што значи не шмука доволно за да се најаде.

    Ресичка под јазичето е видлива и ни е кажано дека можеби ќе има проблеми со говорот и дека на отрпилика една година треба да го средиме тој проблем. Но како се зачитаме и истражуваме гледаме дека можеби е тоа проблемот со цицањето и сега се размислуваме да го решиме што поскоро, но не знаеме од каде да почнеме.
    На клиника да идеме или приватно? Со ножици или ласерски?

    Ви благодарам најмногу
     
  12. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.734
    Допаѓања:
    23.219
    Пол:
    Женски
    И моето бебе е со овај проблем, јас темава ја прочитав и потоа го заприметив кога плачеше дека скоро до врвот на јазикот му е ресичката, побарав и слики на нет и бев 100% сигурна дека е тоа, среќа него не му прави проблем, цица и е на ексклузивно доење и напредува супер, ама мене ми направи блистер и еве месец и пол можи го имам и ме боли при секое доење.
    Одма отидов кај матичната тогаш и таа ми потврди рече дека ќе треба да се сецни, ми рече кон 5,6 месеци, сега е 2 и пол. Битола на болница го работеле, ако има некој искуство со Бт на болница нека ми пиши тука или во лп.
     
  13. Тинке

    Тинке Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2019
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски

    Здраво,

    ме интересира на која возраст не бебуш го сецнавте? Кај кој доктор во Ремедика? Нашево е 20 дена па се мислам да не е прерано...и дали со ножици или ласерски?
    Благодарам
     
  14. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Мислам околу 2 месеци имаше.
    Тодоровски Лазар детски хирург, топла препорака за истиот, прекрасен е.
    Но ножички го сецнаа.
     
    На Тинке му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Macemece

    Macemece Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2022
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Nie pravevme resekcija na jaziceto pref 4 dena , maliot e 3ipol meseci odlozuvav do sega za malku da prkne posto e prematurce.bevme kaj mirka salic doktorkata e za uvo nos i grlo ama j toa go pravi taa ni ja preporacaa i zavrsuvme rabota se nase za 5 min
     
    На lackygirl и Тинке им се допаѓа ова.
  16. Тинке

    Тинке Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2019
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски

    докторкава мирка салич работи на клиника или каде да ја барам?
    Фала Ви најмногу

    и ние ќе причекаме да пркне малку да не се закачи некој вирус сега, нека помине месец и пол па ќе одиме. До тогаш молзење и ранење од шише...
     
  17. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.734
    Допаѓања:
    23.219
    Пол:
    Женски
    Како беше после тоа бебето? Дали плачеше? Нешто оток, крв дали има?
     
  18. Macemece

    Macemece Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2022
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Privatno raboto pozadi dom na pratenici vo istata zgrada so lozankovski. Nema guzva se e so zakazan termin nema cekanje
     
  19. Macemece

    Macemece Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2022
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Nemase nisto, 1 sekunda trae intervencijata poplace nekoja minuta i tolku. Nema ni otok ni krv navodno ni bolka ( ni edno bebe ne kazalo deka ne boli taka vikaat). Ne treba nisto posebno posle toa najnormalno si cica. Sin mi odma posle pola saat pocna po malku da go plazi jaziceto nadvor
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.148
    Каде ги правевте зафатите,?