@Nala37 @Macemece @Larahappy кој доктор ве дијагностицираше ? Син ми има ресичка на горната усна, па да знам каде да го носам.
Прво во родилиште ми кажаа, потоа Јасна консултантката за доење исто примети. Последно педијатарот на бебе.
Jas sum stomatolog uste dodeka bese vo oint go primetiv a posle jasna i dragana emel me nasocija kaj mirka da odime da go presece
искуство со јазиче, за 1 месечно бебе? како се одвива постапката и зараснување(претпоставувам е рана)?
каде да се обратам за мислење дали треба да се седне подврзан оти јазиче, зошто педијатарот ми рече малку е нема потреба но нејзе и праве проби лем со доење (од почеток само со силиконска брадавица цица)
На моево малку му има опуштено ама сепак го држи ресичката јазичето. Матичната ми рече на максилофацијална Битола на болница да го носиме, таму да му ја пресечат ама не сме биле, кон 5,6 месеци ми рече еве го 6 и пол месеци е. Со доење немаше проблем тој, цица од почеток, само што ми правеше мене рани на брадавиците, блистери, но тој си напредува надпросечно цело време и незнаеме дали да оставиме за понатака ако има проблем со изговор на некои букви па тогаш да го носиме.
Како да проверам? Последниве денови ми клика на цицање, не фаќа убаво вакум, мрда тегне не довлекува до крај не напредува....
Мајки јас не знам што да правам. Бебуш има скоро две недели, ама има френулум и целосно му е подврзано јазичето… Цица само со силиконска брадавица и само во позиција топка…толку поделени мислења добивме, ќе се шекнам. Какви сѐ не доктори прашавме- од ОРЛ, стоматолози, ортодонти, орални хирурзи и педијатри и сите имаат поделени мислења-или дека да треба да се направи додека е вака, или дека е многу мал, да се чека година, ама ако се чека тогаш како ќе цица и ќе напредува? Како ќе му се развива и вилицата? Секое ваше искуство ќе ми послужи, очајна сум. Инаку он напредува, комбинирана исхрана имаме- аптамил прематур и мое мајчино. На своја рака му го скратуваме број на оброци АД и му даваме или да цица, или мое измолзено
Кога ќе му ставиш прст во устата поради рефлексот на цицање ќе почне да ти го цица и ќе видиш дали прави вакум или клика. Ова ориентационо. Исто со шпатула за преглед на грло можеш да провериш. Консултирајте ја Јасна лактацискиот консултант или д-р Оровчанец.
Лично искуство немам од докторот, но сум сретнала мајки што успешно го средиле френулумот кај него. Стар, искусен доктор е, верувам дека ќе ве насочи правилно. Исто, во меѓувреме можеш да ја консултираш @Kaetana (Наташа-доење со љубов), ќе ти каже совети и насоки од лично искуство.
Средете му го, секунда работа е. На моето му го средивме на детска хирургија, негде 3 месеци беше. За друго бевме, му реков на докторот да го види и одма го сецна. Можеш и на орл, максофацијална или детски стоматолог. моето после тоа уште некое време кликаше во цицање и губеше вакуум ама се научи за брзо. Сега цица супер. Средете го, после повлекува и други проблеми со цврста храна и говор поради неподвижниот јазик, а и вилицата поинаку ќе се развива. И нас секој доктор различно ни кажа. Педијатарот кај вакцините и матичниот ми рекоа мора да се среди и не зажалив што ги послушав. Буквално секунда е, после тоа плачеше можда 5 минути и заборави. Немаше многу крв, одма престана. За родител секако е страшно ама одма минува.
Кај мене е проблем што педијатарот е скроз против и тоа ме предомислува, инаку ич не може сам да цица ниту пак да држи цуцла… толку поделени мислења добив, мир немам
Ако ти значи нешто, во Грција уште во родилиште ги проверувале и сецнувале по потреба. Откако го средивме моето сфатив колку тоа би било полесно. Види, ако му е целосно подврзан кога-тогаш ќе треба да го решите. Ако цицаше убаво ај да одлагаш, ама кога знаеш дека можеш да му помогнеш, зошто да се мачи? Прашај уште кај Оровчанец и што ќе ти каже прави, не мислете многу. Крајно, ова и не е проблематика на педијатар, треба само да ве упати кај специјалист па што ќе ви кажат таму, така. На орл што ви рекоа? Максофацијална?
На ОРЛ рекоа дека е сѐ уште мал, а па друг лекар ОРЛ рече дека одма треба да се среди. Разговарав и со ортодонт- рече под итно- и за цицање и за формирање на вилица. Орален хирург ни рече исто мора да се среди и искрено најлогично ми е он да го направи тоа, орл и стоматолози ми е шубе.
Здраво, моето има подрвзан јазик, сите педијатри досега ми одложуваат, да не се сецнува ако имало проблеми со говор тогаш... што тогаш ќе биде многу поголема траума. За доење не се доиме, дали беше проблем до тоа не знам, можеби, можеби и декљ царски па покасно млеко, он се научи на шише, и то мн лошо шише со слободен пад и тн. Небитно, се молзам сеуште еве не веќе сме пет и пол месеци. Се јавив да закажам кај Мирка Салиќ ама се пребукирани унапред два месеца. Не ми се чека веќе, барам да ме упатите кај некој искусен или Ваш предлог каде? Благодарам
Мене ми ги кажаа Мирка и Демири во Систина… Мене Фидановски и Паскалов ми рекоа да го сецнеме пошо ич не може да цица, а Поп Лазарова викаше не, да сме вежбале така со силиконска
Средете го сега дури е помало, после е покомплицирано. Сега побрзо ќе заздрави и не е толку трауматско за бебето. Оди на максилофацијална хирургија.