Решете го, дефинитивно не е мало и греота е да се мачи. На моето на 2 месеци му го сецнаа, на детска хирургија, со упат од матичен. Може и на орл, и на максофацијална. Матичен нека ви даде упат, буквално 5 секунди работа е. Плачеше можда нецели 5 минути, повеќе од газата во уста. И мило ми е што толку рано ја решивме таа работа. На поголемо бебе е дефинитивно потешко. И доењето е невозможно така.
Секако ќе барам да се среди, барем да можеше раат со шише да пија, немаше толку да се траштам..Дали и кај вас беше постериор? Дали одма имавте подобрување во цицањето? Претходно се засркнуваше, правеше клик? Фала тии
Не знаев точно како е, еве по слики ко што гледам да, постериор беше. Се засркнуваше,губеше вакуум, кликаше. Голташе воздух, цело време имаше грчеви од тоа и жално беше да се гледа, стомачето огромно и згрчено. Повраќаше низ нос цело време од рефлукс. Му требаше време после тоа да научи убаво да цица, но научи. Дефинитвно имаше огромна разлика по сецкањето. Со ножички му го сецнаа, ако и тоа те интересира. Рефлуксот за жал остана и долго откако вклучивме цврста храна, никогаш не сфатив што му беше маката со тоа ама ете, и тоа помина.
Здраво бебе има 1 месец,многу брзо се уморува и заспива на шишенце. На адаптирано е иначе. Малце ќе повлече и заспива,при хранење се слуша како кликање и многу споро пие. Дали ова личи на tongue tie?
Да, мене ми личи на тоа. Килажа си качува? Консултирај педијатар, лесно се решава а стварно греота е да се мачи со хранењето.
Да си качува килажа ама имаме проблем многу со пиење млекце.. Има моменти ќе си го испие млекцето убаво ама има моменти по 40-50 мин едвај 40 макс 50 мл не може да ги допие само заспива,како да нема сила да влече. Педијатар вика не и личело на тоа ама па мене некој мајчински инстикт ми вели дека нешто не е во ред со бебево.. Не ми е прво дете,првото детенце си пиеше уредно без никаков проблем. И баш и кажував и на докторката се слуша како кликање кога влече,се бори со шишенцето нема убав фат.
Можеш да одиш на консултација кај орл специјалист да го види јазичето. Моето имаше целосно врзано јазиче и многу тешко пиеше млеко.
Здраво Се сомневаме за подврзано јазиче, матичната не упати на максилофацијална да закажеме Кој доктор го препорачувате?
Добри се таму докторите. Јас имам за мене искуство, ама не беше докторот што ми беше на упатот. Во секој случај, само да ти кажам дека се спремни сите.
Орл вика ако не му се издолжи ресичката ќе требало да се сецне ама тоа понатаму.. Педијатар исто вика ќе чекаме а детево едвај пие млеко. Како наводно било мало да се прави било што..
Не е мало. Во многу држави уште во родилиште ги сецнуваат ако го има проблемот. Барај друг доктор, можеш и кај детски стоматолог да прашаш, или приватно орл. Можеш и да инсистираш матичниот да ти даде упат за максофацијална, па таму најстручно ќе ти кажат. Многу читав и се информирав пред да го однесам моето. Не се остава така зашто доведува до неправилно развивање на вилицата, понатака и други проблеми. А сега додека е бебе, ако клика кога пие млеко, се мачи, се полни со воздух, па го мачи мешето од тоа. Нема потреба да се мачи кога лесно се решава работата.
Педијатар вели нема tongue tie.. А детево го гледам се мачи,по 40-50 мин еден оброк трае,се изморува.. Со првото дете немавме вакви проблеми. Пробав со авент шише не го сака,бејби нова така пак споро пие,клика,заспива.. Сега земавме нук да видиме