Моето бебе е скоро 5 месеци и многу се мислам кога е најсоодветно време за втора бременост. Сакам да се блиску со возраста. Чистам најразлични мислења, дека 2 години треба, 3 години и сл. но ме интересира дали знаете телото кога е веќе подготвено после првата бременост? Идеално? Не зборувам за тешко, тешко ќе биде секако со две мали дечиња, но брзо ќе помине Битно ми е од здравствен аспект за моето тело и моето здравје.
Јас не знам конкретно да ти одговорам на пеашањево, ама можам да ти дадам пример. Јас и брат ми сме разлика 1 година и 3 месеци. Значи мајка ми забременила со мене по 6 месеци.
Ako si prirodno porodena do 6 meseci treba da se ceka ....inace mozelo da se sluci spontan abor..mene taka mi kazaa na bolnica
сигурно бебушот ти е многу мирен штом веднаш размислуваш за второ мислам дека треба да почекаш уште малку.во бременоста и по порогајот се црпат резервите од телото а и да се вратат хормоните во нормала.сепак ти најдобро си знаеш .позз
Браво како така се одлучувате за второ ќерка ми е скоро три години и од кога прооде почнаа бељите и инатите нејзини и не се одлучувам уште за второ иако мм секој ден ми зборува за уште една ќерка
И јас се чудам што ссе решив, особено после она хорор породување што го имав. Прво мислев да останам на едно дете, ама жал ми е да го оставам само, па решивме за второ. Ама сакам веднаш второ бидејќи годинава правам 34 години, маж ми 35 и не сакам следните 5-6 години да се занимавам со пелени, вака одма наеднаш да поминеме све и да се релаксираме Башка и за нив подобро помала разлика.
Ја кога прашував лекари , ми кажаа најубаво побрзо, отколку да чекаш повеќе години. Сестра ми роди 2 во 2 години и со второто лесно помина..мајка ми исто така има направено.
Јас немам некој конкретен пример да споделам, но и од мој аспект и што сум слушала подобро е помала разлика. Јас сакам да ми се мала разлика. Исто така сметам и дека за телото е подобро, мислам дека би поминал следниот пораѓај полесно и исто така јас сум за тоа до 30 максимум да си завршам со раѓање. Но секако тие што го родиле и првото покасно, за нив не важи тоа до 30 туку во рок од 2-3 години двете и чао пријатно. Јас сметам дека ова е посебен период во животот и дека би сакала да си го поминам со еден удар, додека имам мали деца имам мали деца, после ново поглавје и така. Исто така не ми се допаѓа едното да е тинејџер другото уште дете и слично... Мое размислување.
Моите деца се три години разлика, сакав и помала разлика да бидат ама ..и ги родив до 30-та година. Напорно е, посебно оти скрос сами ги чуваме ( кои во странство, кои во друг град се) ама и јас се тешам со тоа дека ќе пораснат па ново поглавје. Инаку мнооогу лесно поминав со вториот пораѓај ( а не беше тежок ниту првиот).
Јас искрено уште отсега размислувам за второ, ама најбитно ми е ова првово да го дојам барем година дена па после тоа ќе видиме.
Не ми е јасно каква врска има разликата во времетраењето од една бременост до другата со тежината на породувањето, секоја бременост е различна. Помала разлика е потешко според мене од поголема, не е лесно да си бремена а да имаш мало бебе, стомакот ти тежи, а малото сака во раце, се учи да оди па си пола ден превиткана итн. Можеби добро изгледа на хартија децата на мала разлика ама во реалност е многу мачно, не само за мајката туку и за бебето. Кај мене измеѓу првото и второто има 22 месеци разлика, тоа и не ми беше толку тешко ама сега измеѓу второто и третото само 14 месеци разлика, многу ми е мачно, цела бременост малиот во раце ми помина, почна да патка, да оди, си сака внимание а мене тешко ми е кога ме боли грб или нешто и не можам да го земам во раце како да му скратувам љубов. Првата и втората бременост лесно ги поминав, освен при крај кога натежнаа момците а породувањата ми беа тешки само поради големината на синчињата ама третата баш поради малата разлика имам чувство како да не се вратило се во првобитна состојба а веќе повторно се растегнува, малку потешка ми е третата бременост, болки во грбот имам константно, некако по летаргична сум, поуморена а и обврските со другите две си го прават своето. Како и да е не се каам за три деца за три години само кога би ги планирала тогаш би направила малку поголема разлика, чисто да уживам во секое бебе повеќе време.
Како што рече bitter, секоја бременост е различна. Гледајќи го сето пазење што сега го правам во тек на оваа (прва), немам кренато ништо потешко од 2-3 кила уште од почетокот, по дома освен прашина бришење и средување на кујна ништо за чистење немам фатено, секој ден после работа лежам 20тина минути, па дури потоа ручек и се останато...тешко дека тоа би можело со мало бебе кое плус и прета и клоца, и си бара внимание. Не дека не би се нафатила - на моја возраст и немам опција да чекам многу години за да останам бремена со второ, но ако би имала избор, разлика од 3-4 години некако поедноставна ми се гледа. Да не збориме дека тие породени со царски рез имаат и дополнително ограничување.
Кај мене разликата е меѓу прво и второ 2години и 2 месеци, меѓу второ и трето ќе биде 2 години и 4 месеци, во просек после година и пол од породување останувам бремена за наредното Три доста се! А сум два пати со царски, и третиот пат исто ме чека, досега ме караа докторите дека многу рано било за со царски, требало повеќе да чекам..... се надевам ќе биде во најдобар ред!!
Спремно телото или не јас родив две,разлика ми се година и еден месец, природно без проблеми ни во бременост ни во поројгај, колку е штетно за телото незнам можеби покасно ке се покаже тоа
Здраво. Темава е за да се споделат искуства. Како се породивте: природно или со царски рез и после колку време ви беше препорачано од гинеколог дека можете да планирате следна бременост? Дали го запазивте тој тајминг и како ви се одвиваше/одвива втората/третата бременост? Според вас, кога е подобро да се направи тој чекор за второ/трето дете? Да се почека малото да потпорасне, да наполни 2-3 години или додека е уште помало? Се надевам на дружба и тема полна со споделени мислења.
Јас се породив царски со двете деца. Од гинеколог ми беше препорачано дека треба да поминат најмалку две години до следна бременост. Јас си го запазив тајмингот па децата ми се разлика 3.5 години. Инаку, според мене, подобро е да потпорасне првото па после второ/трето. Ама сепак кој како си се чувствува така
После природен пораѓај, се препорачува да се почека 18 месеци. Од прилика толку време му треба на организмот да се опорави од претходната бременост.