1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Подготвеноста на телото за следна бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од Vetruska, 28 февруари 2014.

  1. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Премногу време бе. :?:
    Линк?

    Физички после природен пораѓај можеш и после 3 месеци да си спремен за второ.
    Психички може и никогаш да не си :lol:
    А за царски доктор проценува кај секоја жена индивидуално
     
    На Frosty! му/ѝ се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Не си физички спремен по 3 месеци.
    Матката, органите... уште не ти се вратени на место

    Линк
     
    На dromka, S.W.A.G, Bebac и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.176
    Допаѓања:
    18.817
    Се породив природно би сакала после 2 години да почнам за второ. Имав прелесен пораѓај па не му се плашам :D
    Таман бебче да биде поголемо и понезависно а и да решиме станбено прашање.
    Мислам од тоа највеќе ми зависи план за второ :?:
     
    На Bebac, LadyLollypop, Tsukinory и 3 други им се допаѓа ова.
  4. mamaJana

    mamaJana Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    1.477
    Допаѓања:
    7.254
    Пол:
    Женски
    Јас точно по 18м од царски останав бремена.
    Многу сакав бебе, сакам детето да ми расте со друштво, да има другарче. Знам дека ќе ми е напорно, ама ќе се издржи.
    Ќерка ми беше нервозно бебе, вриштење по цела ноќ, ама искрено незнам како некои очекуваат дете да не плаче, посебно во првите месеци кога го мачи меше, па заби.
    Таман ќерле одлучи да не остави да време повеќе од 2 часа сон јас и мм одлучни дека време е за второ бебе :lol:

    Од медицински аспект, матичниот ми посочи дека не се мисли 2 години од пораѓај до забременување, туку од пораѓај до пораѓај.
     
    На abc1234, Ava.84, Bebac и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.834
    Пол:
    Женски
    Останав бремена на 9 месеци после цараки.
    Имав уредна бременост.
    Гинекологот ми препорача за второ после 18 месеци но ете кај нас порано се случи.
    И мислам дека нема правило поголема или помала разлика.
    Се си сака добра организација,трпение и многу нерви. А богами и финансии
     
    На Larahappy, Ava.84, Bebac и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.287
    Пол:
    Женски
    Јас со првото се породив царски. Ептен за кратко време се случи и втората бременост. Дечињата ќе ми бидат разлика 14 месеци. Мислев дека ќе ме искараат докторите што сме подраниле ама не добив никаква критика. Само дека не сум ни прва ни последна и дека бременоста е ви ред. Дека е рано рано е. Ама не е страшно.
     
    На minne992, Fatalnata, Larahappy и 8 други им се допаѓа ова.
  7. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.684
    Допаѓања:
    52.101
    Пол:
    Женски
    Со првото се породив природно, сега со второ планирам исто. Децата ќе ми бидат точно 3 години разлика, дури можда и заедно роденден ќе им славам:)
    Мислам дека е таман разликата, големиот веќе се знае, и спремен си е за сестричка.
     
    На Fatalnata, elcezelce и Ava.84 им се допаѓа ова.
  8. abc1234

    abc1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    1.636
    Пол:
    Женски
    Точно после 18месеци од прва бременост останав со второ.За мене таман .Со првото природно,лесно без проблем со второво се надевам исто
     
    На mamaJana, Fatalnata, monik55 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. naturallmess

    naturallmess Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2018
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    3.694
    Пол:
    Женски
    гледате баш темава ме замисли малку , нели гласи подготвеноста на телото за следна бременост .... тука правиме муабет за биолошка и хормонална промена на телото со што откако ќе заздрави од пораѓајот ( ако е природен ) би почнал на месечно ниво да исфрла јајце клетки кои значат дека репродуктивноста на жената е вратена ,некои остануваат бремени нели и доедека се доилки , тоа би значело дека билошкиот часовник кажува дека таа е спремна одново да се оплоди тоест овулира ( надвор од овој технолошки развиток и препораки на доктори и свашата - и не ме плукајте одма за постов само дискутираме Ве молам ) порано здравствената свест не била развиена и не толку одамна сите знаеме деца има кои се со година дена разлика тоа значи се зачнати два три месеци од последен пораѓај а поминале здрав коректен пораѓај , низ здрава бременост без компликации ..... дали таа временска рамка би зависела од спремноста на женското тело и од неговото враќање во нормала ( кај некои порано кај некои подоцна) отколку да секој гинеколог изричито ја ограничува следната бременост врз основ на стистика ( кршење на човекови права е злоупотреба на здравствен систем , здравствени препораки ( каде се најранливи и лековерни луѓето ) во насока на регулација на популацијата и нејзина репродукција ) , која е реалната слика и дали ја добиваме таа од нашите лекари , дали Google ни ги дава реалните совети и дали е здравството до толку возвишено што ја завзема во овој век конкретно првата позиција за масовна контрола на населението? Офтопик и надвор од темава за било каква болест конкретно да се работи ..... кога не се знаеле овие работи порано се регулирало преку религијата , се влијаело врз основ на религиски " совети" правила , обичаи и слични убедувања како требало да биде па луѓето правеле така и биле послушни , абортуси , бракови , социјални разлики , моќ на поголема сила , разводи ... сега еве конкретно тука се гинеколозите , статистиките , научни испитувања , докази ( релни или нереални ) кои се косат со биолошкиот часовник и викаат НЕ , следно дете мора да имате после 18 месеци порано никако , телото не Ви е спремно , дали е ова таа налик слична СТИГМА ...... и тоа етички или не етички делува контрапродуктивно на хормонските промени на биолошките промени кои ако гледаме од друга гледна точка во здрава околина би биле најверодостоен показател за тоа кога повторно е ВРЕМЕ за ново бебе .... забегав со постов извинете ама ми разгори некое незадоволство баш за конкретното прашање колку здравството влијае врз нашите трезвени одлуки и колкав е степенот на нашето разумно расудување кога се работи за здравствени одлуки и за нашето тело ?
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  10. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Јас не сакав брзо од аспект на дебелина.
    После првиот пороѓај ми беше битно да се вратам тотално во истата форма како пред, а не на таа дебелина пак да зачнувам. Затоа направив пауза. Ако пак затруднев на 10 кг. плус, никогаш немаше да ослабам и ќе си го мразев телото. Тотално ми се небитни моменти као body positivity да ме мотивираат. Раѓање на деца не мора и не треба да значи смрт на витката става.
    Второто дете го зачнав кога веќе со месеци имав издржано минимална тежина и затоа сега сум само 6кг. плус и сеуште мака мачам да ги симнам. Не можам и не сакам да замислам да беа пример 20.
    Ова е само мое индивидуално гледиште, доколку некоја размислува поинаку, нека тера. :)
     
    На Fatalnata и Larahappy им се допаѓа ова.
  11. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.070
    Допаѓања:
    17.204
    Исто и јас размислував. Прво гледав да се вратам на старата килажа, па да останам бремена.
    Инаку моиве ќе бидат разлика 3 год и 10 месеци.:inlove:
     
    На NovusOrdoSeclorum му/ѝ се допаѓа ова.
  12. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Што побрзо сакаш второ, ќе ти биде мотовација побрзо да симнеш. Мада кај мене се одолжи, ама бев истрајна :D
     
  13. ..barbie..

    ..barbie.. Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    657
    Пол:
    Женски
    После царскиот рез, за следна бременост ми рече гинекологот дека е препорачливо да помине 1 година, ама дека има доста успешни бремености и после 6 месеци од царскиот, така да не би било страшно и ако дојде до тоа.
     
    На Fatalnata му/ѝ се допаѓа ова.