1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Подготвување за прваче

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 19 април 2021.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.797
    Допаѓања:
    65.516
    Пол:
    Женски
    Што е она што децата треба да го знаат пред да тргнат во прво одделние, кои вештини да ги поседуваат?
    Во што треба да се добри за да се вклопат во тој нов свет?
    Вие што имате првачиња, што ви рекоа дека е потребно да знае детето?
    Ми излезе оваа статија, па ми се виде навистина интересна.
    Некои прашања се дали треба да ја знаат азбуката? Да знаат да читаат? Да знаат некои прости математички вештини?

    Според Sarah Ockwell-Smith ништо од ова не е потребно.
    Она на што треба ние родителите да се фокусираме е следново:
    • Да им читаме многу. Да им дозволиме да си одберат што сакаат да читаат и самиот процес да им е интересен и забавен. Да не се стресуваме за препозавање на буквите, туку само даа им читаме и читаме.
    • Да зборуваме многу со децата. Да ги охрабруваме да водат разговори со нас, оние илјадници прашања зошто и како, ако не знаеме нешто што не прашале да пронајдеме заедно одговор, едноставно да ја охрабруваме нивната природна љубопитност. Ова природно учење е исто така многу моќно.
    • Да излеземе со нив во природа, да истражуваме, одлично подлога за училиште.
    • Да готвиме заедно. Готвењето заедно создава љубов кон добрата храна, но исто така може да послужи и како алатка за природно стекнување на некои математичкии научни вештини. (на колку степени е рерната? Зошто се додава пециво? Нека мерат состојки на вага.) Готвењето исто ја подобрува фината моторика и ракувањето со алатки.
    • Хаотична игра и сликање. Хаотичната игра, односно безредието е важно за креативностаи за сензорните искуства, а сликањето е одлично за изразување на емоциите, за учење на боите и формите, а и за учење на правилно држење на четки, боички и моливи.
    • Работете на нивната фина моторика. Ова доаѓа од претходните точки. Децата не треба да го почнат училиштето знаејќи како да пишуваат, но треба да знаат како правилно се држи молив. Се помалку се посветува внимание на овој аспект, па децата се повеќе тргнуваат во училиште без да знаат како правилно да држат пенкало или молив.
    • Научете ги да си го препознаат името напишано. Не мора да знаат да си го напишат името, но е важно да си го препознаат. Доколку нивните предмети се означени со нивното име би требало да знаат да си го препознаат.
    Не знам кај нас само ова последново колку се практикува, дали се пишуваат имињата на децата на нешто воопшто. Напишете доколку сакате како ова функционира.

    Ќе набројам и накратко според статијата што е потребно детето да знае да напави од физичка гледан точка, па може да додадете според ваше искуство, да дополните или да не се согласите со нешто.
    • Да знаат како да облечат/соблечат јакна или џемпер, тренерка.
    • Да знаат да седнат на подот во турски стил со раце во скут. (поим немам зашто).
    • Дечиња со долга коса да знаат како да си ја врзат сами косата.
    • Да знаат како да се соблечат и облечат за физичко и да се спакуваат во торбата.
    • Да си го издуваат носот и соодветно да фрлат марамче, измијат раце.
    • Да одат во вц, да се избришат и да се измијат раце потоа.
    • Како да заклучат вратата во вцто.
    • Како да си ги препознаваат своите работи.
    • Како да пијат вода од шише, отвораат и затвораат капачето, да лупат банана ако носат.
    Толку беше мислам. Па, би сакала да слушнам ваши мислења и како вие ги подготвувате вашите дечиња.
     
    На azelea, MilaSs12, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Miss.Sweet

    Miss.Sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    1.001
    Допаѓања:
    4.535
    Синко од септември ќе биде прваче. Никогаш не сум го форсирала да учи букви и бројки, секогаш било негова желба. Азбуката ја знае од А до Ш да ја каже и напише. За цртање црта се, единствено луѓето уште му се во чича-глиша стил :) но не форсирам. Ќе научи. До пред извесно време купував само бели празни листови, но сам изрази желба за тетратка по линии. Па се учевме за што служи. Доста вежбаме графомоторика последен период и интересно му е. Се подобро ги извршува задачите. Исто и ножичките за сецкање ги совлада и си креира наочари од суперхерои.
    Многу има желба за математика собирање а почна и сам да прашува за одземање. Знае да собира, брои до 100. Затоа купивме и тетратка по коцки па сам си задава задачи во коцките и ги решава :) Сам пишува честитки и писма за дедо Мраз . За облекување и соблекување се усоврши последниве две години. Се научи и да гледа на саат. Знае дека кога одиме некаде по враќање миеме раце. Се учиме бонтон и читаме од истиот. Па после ми раскажува. За готвење нема проблем. Десна рака ми е. Сам мие садови, поставува маса. Кога ќе му дојдат другарчиња или гости сака да е средено се и сака да ги послужи со некоја грицка. Единствено не може сам да се избрише после одење по голема нужда. Но има време до септември. Таман лани се научи и тоа но закачи салмонела и се погади многу. Така да не го оптеретувам уште некој период. Одговорен е кога ќе го пратам во маркетот во влез. Купува само тоа што ќе му кажам. Е само уште да се научиме дека кога поминува улица секогаш треба да погледне лево- десно дали иде кола супер ќе биде. Не дека не погледнува, но се случува да се завози велосипед без да погледне, па се објаснуваме што може да се случи од мало невнимание.
    Многу сака да чита сам па се труди се што ќе види да го прочита. Човече на мали нозе :) Останува уште патики да научи да врзува и да поработиме на трпение. Некако тоа му е слаба страна од раѓање :( За истражување во природа и осознавање на процеси на растење, среќа што пред зграда имаме недосреден двор па секој викенд садиме нови дрвца-цвеќиња и ги гледаме како растат откако сме ги посадиле. Ако не успеат, ги зема дома и ги става во пластична чашка со вода па чека да пуштат коренчиња за да ги насадиме повторно :)
     
    Последна измена: 20 април 2021
    На azelea, MilaSs12, RainBow и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.212
    Пол:
    Женски
    Според моево искуство, за прво одделение е потребно детето да ги знае бројките до 10 оти многу бргу на почетокот почнуваат да ги учат и подоцна почнуваат со операции, па може да му биде тешко ако претходно не ги познава бројките. Не дека нема да научи, сето тоа зависи од наставникот првенствено нели, ама за да му се олесни учењето.
    Исто така треба да ги разликува боите, животни, растенија... Да знае да се облече и соблече само, да оди до тоалет (иако на почетокот наставничките им помагаат на дечињата кои не можат сами да се снајдат) да се измие раце т.е основна хигиена.
    Буквите може да ги знае, ама не е неопходно. Да знае барем да си го напише името, ако не друго.
    На училиште повеќе се фокусираат на бројките т.е математика, математички операции, форми... Дури во второ полугодие ги „учат„ бројките. Вистинско описменување е во второ одделение, сега само учат да ги препознаваат буквите и ги илустрирааат. Всушност, голем дел од наставата им се состои од цртање т.е се што обработуваат на часовие го илустрираат.
     
    На azelea, SkarletOHara, Miss.Sweet и 2 други им се допаѓа ова.