Колку време и како се подготвувате за излегување. Брзи сте или тоа ви трае со часови? Секако ќе ги разграничиме дневни и вечерни излегувања, најчесто се разликуваат доста временски. Одбрана ви е однапред облеката? Или цел плакар го вадите од шкаф и собата ви е лом? Пеглана ви е облеката или баш во 5 до 12 вие пеглате низ дома. Пред излегување се фенирате, лакирате, депилирате? Или тоа однапред ви е направено? Колку време одвојувате за шминка? Итн... Па девојки ајде кажете си и опишете колку сме комплицирани на едно дневно, а пред се на ноќно излегување
Комплицирана работа...особено кога се рабти за вечерно излегување Почнувам да се спремам од 8 часот. Најпрво се бањам пола час .По бањањето веднаш се шминкам за да има време шминката убаво да се впие(шминкањето трае околу пола час).15мин се облекувам (облеката ми е испланирана уште пред 1 недела така што не пеглам 5 за 12)И најтешкиот дел следува на крајот...најмалку 1 час одвојувам за фризура.Потоа ги ставам штиклите и трчам бидејки доцнам Заборав да напишам дека ноктите ги средувам преку денот. За дневно излегување ми треба околу пола час да се спремам(баз бањење)
Поради ова дечко ми ме сакал, така вика...секогаш сум била точна и брзо сум се спремала, а и нема зошто да не се спремам брзо, ако знам дека ќе излагам на време си бирам што ќе облечам, се е ставено на кревет...шминка на маса...хаос се околу мене..ако треба да се бањам, се бањам преку ден за да имам време за косата, а за туширање само најмал проблем...Се шминкам брзо, бидејќи веќе се навикнав....и немам потешкотии а и ми иде тоа. се облакам се бањам во парфем и преку врата...И нема клучеви од дома..епа нема....сум ги забораила во целиот тој хаос ..Дома оставам ко бомба да паднала...па ако не ракрене мајка ми по мене, не ми се врака дома.
За дневно искачање нема да филозофирам,зошто тоа обично се состои од мн.малце време посветено на шминка ,и комбинирање на прво парче гардероба што го имам фатено Сеа за вечерно. Гледам секад да сум издепилирана,па затоа тој дел пред искачање кај мене го нема,веќе е средено. Е сеа си имам една гадна навика,пред секое искачање да сум тазе избањата.Ете на пример вчера сум се бањала ама јас морам пак и денес да се бањам пошто ќе сум требала да искачам. Следува и пеглањето или довитукувањето или што и да е ,во врска со средување на косата Али пред ова обичајов со бањањето,комбинирам што да облечам. Е тука е гужвата.Све живо вадам пробувам,соблекувам,облекувам,комбинирам...lom.com.mk После купката,се мачкам со триста лосиони глупости,лакирање,и за крај следува шминката. Ако се работи за специфично шминкање на очи,тука иде шминкање,бришење,пак шминкање и така неколку пати,па ми одзима доста време. Ако се работи за понежна шминка или обично исцртување на очи ,ондак сум брзо готова,и ми останува само да го чекам дечко ми пошто он нели секогаш мора да касни...Како и моите другарки. И за тоа време на чекање ,следува досредување ако нешто не е уреду. Звони телфонот ,време е за искачање,ставам кило парфем,идам кај тато пари да земам нели,и тука завршува моето патешествие наречено Подготвување
хехе како ми ја погоди темава значи за дневно искачање е лесно: -шминка(по нежна) -облека(која ја одбирам 1 саат) -парфемче -обезбедени пари а ноќното е веќе друга песна -бањање (да не замирисам на нешто)-ми се вртат глупости у тиквава(цело време викам сеа нема сеа нема ама ете :/) -мачкање со креми (колку да не ми биде сува)и со 300 други чуда -средување на нозете (домашен пилинг)ми се причинува да не ќе ми испукаат ако не ги намачкам со крем -бирање облека(1-2 саати) па ќе се предомислам не ова не тоа(на пола пат ајде пак дома не сум била у последна мода) -шминкање (45мин-1 саат(кога како)) -наоѓање соодветни чевли(10-15 мин) -проверување на вратата дали е заклучена(5-10 мин) И за крај јас обавезно морам последна да сум од сите во друштвото :/
Еј баш некна мислев дали има ваква тема, супер е. Инаку, на темава, еднаш имам читано дека на секој човек, на кој му требаат повеќе од половина час за да си ја среди косата и повеќе од половина час за шминката, всушност не знае што со себе. Ова е екстремно точно, барем за мене. Порано, кога експериментирав што и како, се случуваше да се шминкам и по 40тина минути. Сега, се имам испраксирано да нанесам : течно пудро, пудро во прав, руменило, моливче за веѓи, туш, моливче за очи и маскара за некои 10тина минути. Вчера мерев. Сенки не користам, многу ретко за свечени прилики. Имам ,,слипи ајс,, и половина капак не ми се гледа, така да.. А за алиштата, неколку дена однапред си планирам што и како да носам, едноставно ми идат некои комбинации и си викам - е ова ќе го носам вечер/утре. Пеглањето на косата ми одзема некои 10-15 минути, сега оваа пеглава е потенка и побавно ја пеглам. Ама кога ќе ја завршам, мх мх, како фенирана. Бањањето и туширањето нема да ги спомнам како подготовки за излегување, затоа што секојдневно ги применувам без разлика дали ќе испаднам или не. По дневно излегување во лето, па не можам да седам така испрепотена. Плус сега на ова горештиниве, ретко пред 22ч да излезам.
Не излегувам денски,затоа немам денски подготовки за излегување. Шала настрана,но многу ретко излегувам овој период денски дека е многу жешко,ќе се стопам. Но за тоа не ми треба многу време,ќе се истуширам за десет минути,ќе се облечам,ако немам маскара ќе си ставам,ќе се намирисам,ташната и пут под ноге. Се на се,некои 15 минути ми се доволни. Ни за вечерно не е многу различно. Јас сум од тие брзите. Депилација,нокти такви работи ги средувам преку ден или ми се средени. Значи после тушот,се облекувам. Обично не правам проблем за носењето,отприлика во текот на денот дали ќе ми текне,или ќе видам на нет нешто и знам одма што ќе носам. И обично одма го отварам шкафот да видам да не е случајно за перење баш тоа што сакам да го носам и ако е,одма одам го перам,ако не е пак одам и го перам. Сакам така,се да ми мириса убаво. После тоа следи шминкањето (ако би можело да се нарече шминкање),пудра,маскара,руменило,карминче некое и тоа. Јас немам проблеми со косата,си ја сакам вака виткана сакам да ја носам така. Некогаш кога сакам да сменам,се пеглам што да,одзима време затоа што ми е густа косата,али тоа е поретко. Облекувам штиклите и спремна сум. Сума сумарум,околу пола саат,45 минути преку сила. А,заборавив да кажам. Пред да ги облечам штиклите се бањам со некој парфем и тоа е.
Пола час-коса, било тоа пеглање или фенирање (иако во последно време се обидувам да стојам подалеку од топлината). И за шминката ми треба пола час, понекогаш помалку... Облеката понекогаш е претходно испеглана, а ако не е, пред да почнам со коса и шминка, ја средувам облеката. Бањање-ретко кога се бањам дење, секогаш пред спиење.
Многу сум бавна и ако нешто ми штрчи цела вечер сум ваква . Дечко ми ме кара најмногу бидејки секогаш чека пред зграда бидејки каснам. За дневно излегување: -шминка-5 минути -фризура-5 минути -облекување-10 минути За вечерно излегување: -бањање-20-30 минути -шминка-30 минути -фризура-20 минути -облекување-15 минути Бричење депилација и средување на ноктите секогаш преку денот кога имам слободно време. Најчесто најголем проблем ми е облеката. Значи никогаш не знам што да облечам и стално се жалам дека немам ништо иако гардароберот ми е полн. Ако имам испланирано што да облечам, 70 % од работата ми е завршена.
Многу комплицирано,особено за вечерно излегување,затоа што ако само нешто не сум го направила како што треба цело време ќе бидам нерасположена и само на тоа ќе мислам -Најпрво започнувам со туширање кое вклучува бричење на секое ама баш секое влакно на моето тело,било да е зима или лето (секако освен веѓите и косата ) и затоа трае точно еден час.Што да правам кога влакната се мојот најголем непријател и од кожа ме вадат,не можам да ги поднесам -Потоа следува средување на веѓите и надусниците -Следен чекор е фенирање на косата -Одбирање на алишта и пеглање -Облекување, шминкање и лакирање кои заедно траат околу 40 минути Уфффф
За днево излегување максимум 20-30 минути, се облекувам (земам што прво е при рака), ставам маскара, парфем, земам пари, телефон и клучеви облекувам балетанки или римјани и испаѓам. Тоа е тоа. За вечерно- депилирање, лакирање и такви работи средени во текот на денот, туширање 30 мин, облекување (алиштата одбрани во текот на денот) 10 мин, косата 15 мин, шминкање 20 мин, бањање во парфем, облекување штикли, земање пари, телефон и клучеви 15 мин, и тргам и каснам
Најпрво избирам што ќе облечам-морам да знам унапред за да немам проблеми сама со себе и да се нервирам.Потоа одам на туширање обавезно,па се мачкам со лосион ставам дезодоранс,па облекувам маица и пижами така ми е најкомотно хахаха...ноктите мора да ми се средени претходно зашто не сакам измачкани нокти ми се гади ако не се перфектно налакирани!!!ме нервира тоа! Следно е шминкањето,околу 20 минути трае и се е бавно и без брзање,и никогаш до сега не сум се размачкала па да се преправам после тоа нема шанси!!!сакам од прво да е убаво и затоа не брзам. На крај ја средувам косата зависно што планирам да правам со неа, ми треба околу 15 мин до пола час. На крај се облекувам и ставам парфем.Ја местам чантата ставам се што ми треба,моб,цигари,пари,клуч,парфем,кармин и влажни марамици облекувам штиклички,се гледам на огледало од горе до долу,се восхитувам на убавината и си велам:Вечерва зрачиш,многу си секси мачко излегувам,и не каснам што е најважно,на време сум точно,ама излегувам до ходник па се враќам уште еднаш кај огледалото ставам уште малце сјај пак шприцам парфем и по скали наконтена и со огромна возбуда тргнувам на журка
почнувам околу 8 ќе се истуширам набрзина и после почнувам да се спремам и си викам стално, имам време не се брзам, и кога гледам дошло девет а јас не сум ни приближно готова. И после тоа во 10 минути успевам да се облечам да се исчешлам и да се средам скроз и после тоа каснам едно 5-10 минути ама бидејќи сите во друштвото каснат редовно по најмалку 10 минути и да каснам не се потресувам.
за денско излегување многу едноставно.. облека онака лежерна, малце шминка .. косата фатена или пуштена зависи од расположение ... а за на вечер 1 саат некаде .. облеката ја планирам преку ден , пред излегување само ја ставам на мене , се шминкам за 15 минути најмногу брза сум во тоа, фризура пеглана виткана, зависи кога како .. чвлите на нозе и заминувам
За денско отприлика 10 до 20 минути(ако ме мрзи се 20). Се мачкам со крема, ставам дезодоранс, се шминкам 2,3 минути, за да упие млекото и облекувам тоа што прво ми доаѓа (да не се лажеме сепак внимавам да одговара). За вачерно излегување се туширам половина час пред да излезам за косата да ми биде побујна, а и да не ја мијам времето за сушење го трошам во врзување што значи за сето тоа , туширање и средување на коса 10 минути, млеко, дезодоранс, шминкање 10 минути, облекување и излегување. Парфемот, чевлите и чантата ми одземаат по 2,3 минути. Прилично брза сум.
За вечерно излегување кое е најчесто накај 21:00, почнувам да се спремам уште од 18:00, со тоа што предходно косата ми е измиена во текот на денот и веќе сува и ноктите ми се средени. Околу облеката си планирам предходно, но ништо не одделувам, ниу пеглам. Се облекувам 15 минути пред да излезам. Барам алишта, а мама пегла дур се спремам јас. Еден час ми е потребен за косата, еден час за шминката, а останатото време го користам за детали и некои мали корекции на коса и шминка. Сите ми рекле дека сум многу спора, ама многу ми е гајле.
брза е цигарче си се бањам околку 30 мин и воедно тоа е најдологото нешто што го правам пред да излезам средувам коса,околку 20 мин,бидејќи брзо ми се пегла а природно ми е онака дива се шминкам за некои 20 мин (сега на горештиниве и побрзо) се облекувам (со претходно направена слика што ќе носам ) и тоа е спремна сум
Доколку веќе имам во главата решено што ќе носам (а обично имам направено таква визуелизација во текот на денот), ми требаат од 20-30 минути. Имено, навистина не знам како успевате да се задржите 30 минути под туш? Алал да ви е, пробувам навистина, ама мене просечното бањање ми е од 8-12 минути максимум. Сум мерела. Можеби дека косичката ми е лесно скротлива и не бара толку внимание. Ја сушам многу брзо и истовремено ја фенирам, не ми одзема повеќе од 7-8 минутки. А шминкањето - рамно 10 минутки. Без разлика што и како ставам, со исклучок ако не лепам вештачки трепки, па да ми одземат некоја минутка плус. Дезодоранс, крема, лосион тоа не го ни сметам, не ми одзема ниту цели 2 минутки, нормално дека оди брзо, не се шлапам ко некои, со саати. Се облекувам, парфемче, сите потребни ситници во чантичето и - на журка. Ова нормално оди вака лесно доколку значи - точно знам што ќе облечам, до најмала ситница, дури и какви обетки ќе носам и кои чевли - ноктите ми се средени - издепилирана сум. А обично ваквите големи работи си ги правам во текот на денот и сум во можност да се спремам и за 20 минутки. btw - мразам да чекам луѓе што се спремаат со саати, мрзи, бавнотии и на крај - не можеш ни да видиш по неа за што толку се спремала Таквите не ми се другарки. Иш.
Секогаш во од кога ќе договорам за излегување па додека да почнам да се спремам смислувам што како ќе направам и како ќе се облечам и 1 саат време пред да излзам почнувам најпрво вадам облека,обувки и ташна па се лакирам и потоа следи брзо туширање, ставам лосион,стик додека лосионот ми се упие,се облекувам евентуално ако треба нешто да поправам,се шминкам,косата и тоа е тоа на крај времето што ми останува го користам за поправка на шминка или коса но ретко дека останува
Ако ми е измиена косата, спремна сум за 20 минути. Се туширам околу 5-6 мин , се облекувам, се шминкам, ташната и готова сум. Никогаш не се депелирам пред излегување, косата ја мијам најчесто или сабота или петок, и тоа не пред излегување, бидејќи за неа ми треба околу час за да ја средам. Имам многу густа коса, па затоа. Обично во текот на неделата или денот смислувам што ќе носам . За излегување преку ден 10-15 мин.. Практична сум и брза , единствена мана ми што 15 минути пред да излезам почнувам да се спремам или се успивам, па ради тоа нон- стоп доцнам , и морам да се чешлам во лифт или по пат .