1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Подготовка за излегување

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 16 јули 2011.

  1. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Хмм, ако ми е договорено однапред спремна сум навреме, ако не знам да закаснам...
    Облеката секогаш ми стои испеглана во плакар и никогаш не морам да пегнал во 5 до 12. Си почнувам ан време со миење на косата, средување нејзино и сл. Депилирана сум секогаш пошто редовно си одам на депилација. Шминката ми одзема 30 до 45 мин. време сила. Е сега некогаш лакирањето ми е проблем, зашто тоа не знам наврме да го средам па некогаш излегувам и неналакирана ама барем не одам со изгребан лак! :D
     
  2. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    ако не треба да ја пеглам косата спремна сум за пола сат е сега ако треба да си ја пеглам уште пола сат ама битно брза сум не сум како повеќето девојки шти ги исчитав дека му се потребни саати за да се спремаат, не ми треба мн време за да одберам што ќе облечам и брзо се шминкам бидејќи скоро секогаш ставам само пудра креон маскара и малку руменило не е тоа некоја филозофија за која е потребно многу време барем за мене
     
  3. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    За 1 саат сум готова ...

    Стварно никако не можам да сфатам шминање по 1 саат ? :^) Или да бирам облека со векови , обично се облекувам како се чуствувам,отворам плакарот гледам што ќе ми фати за око пробувам максимално 2-3 комбинации , набрзина шминкање , косата или ќе ја фатам или ќе ја разбушавам некое сретство за обликување , парфемот и терам ...
     
    На Nymeria му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Ако знам што ќе облакам, за 10-15 минути сум спремна, ако не околу 30мин.
    Ако рачунам туширање пред излагање, ондак 1 саат ме фаќа.
    За шминка, не се шминкам многу, и не комплицирано, така да тоа не ми одзема време,најдолго шминкање ми е 40 мин, и тоа не беше за излегување, нешто си експериментирав јас :) Косата само еднаш ја дувам со фен и готова е, некогаш ако имам време ја оставам така таласеста, не ми се свиѓа многу така, ама ете некогаш убаво испаѓа,и не се секирам многу секое влакно на место да биде. Туширање-бањање најмногу 20 мин. Мачкање со млеко за тело 5 мин, облакање 5 мин ако имам претходно испланирано и тоа е од прилика моево спремање.
     
  5. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Околу 40 минути ми се доволни за подготовка на што од 20 минути до 30 минути се шминкам, онака лагано со музиче, потоа 5 минути околу облекувањето, речеси секогаш облеката ја бирам во последен момент пред да искочам што се вели. И на крај од 2 до 5 минути и послеветувам на косата бидејки ми е природно виткана само ја чешлам и оставам пуштена или евентуално ја собирам во конско опавче. За крај ставам парфем, крема на раце и покрет низ врата. :lol:

    За преку ден доволни ми се 20-тина минути. Од кој 10 до 15 минути на шминка. (пудра, маскара, руж и сјај и ако не ме мрзи некоја ненападна сенка) Во последните неколку години гледам да се водам по тоа дека секоја девојка треба да е средена па макар и да иде по леб и млеко. Што не се придружувам секогаш, знам да искочам и без шминка особено во овие летни горештини некако самата помисла на пудра и 50 степени ми е брррррр но и за тоа има решени, фала богу постојат очила за сонце па гајле немам. :D Пота 5 минути на облекување и коса и за крај ставам парфем. И искачам во нови походи. :lol:
     
  6. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.097
    Пол:
    Женски
    Охоо кај мене тоа траее и траае, како што мајка ми често знае да си каже : Повеќе време се спремам отколку што сум излезена! :rofl: И така е...
    Ако сум се договорила да излезам во 23h тогаш подготовките ми започнуваат уште од 18h! :tmi:

    Почнувам со туш, кој трае пола саат и повеќе, нанесувам млеко за тело (се тријам, се тријам-исто пола саат. Мислам ако упие, повеќе ќе трае!! :D )... потоа следи сушење на косата, чешлање така што влакната после тоа можам да си ги избројам! :lol: После тоа, одмарам-пијам кафе пушам (3,4,5,6...20) цигари ]:) ...Па кун 20h продолжувам со косата. Ако ја пеглам тоа трае пократко, ама ако ја виткам тогаш сум лута зошто некако не ми испаѓа како сакам :devil: па едно праменче го превиткувам по сто пати! Завршувам со косата, која ми е најважна и пред се мора да ми е убаво средена, ниедно влакно да не стрчи на страна, па продолжувам со пеглање на алиштата (кои пред тоа сум ги здиплила и сум ги оставила над даската за пеглање) Мора пак да се препеглаат :lol: (или па мора да си го потрошам времето!! :lol: Се облекувам и на крај се шминкам. После, откако ќе завршам со се, седам пред огледало, ги ставам слушалките-слушам музика и гледам до ситница што ми фали. Пробувам обетки, ланчиња и гледам кое најубаво ми стои! Завршувам со се и јас сум спремна ( и помалце уморна!!) ... Па во провод секако, а таму чекам комплименти. Кога ќе слушнам еден (на дечко ми! :inlove: ) е тогаш се сметам за кукла веќе!! хахаха... Тој така знае често да ми каже...толку често колку што и знае да најде по некоја мааана, па дури и да се работи за ситница или па за штиклата која сум ја извалкала стапнувајќи ненадејно во некоја тиња! Тоа е тоа... :*
     
  7. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.029
    Бањањето не го бројам пошто е ретардирано да не се бањам ако не излегувам. Собирам косата дури е уште мокра пошто е виткана, ако се исуши убаво фатена ја оставам така, ако не ме бендисува ја пуштам.

    Шминката никогаш не трае повеќе од 10 минути, мислам, реално, и тоа дење не се ни шминкам, на плус 35 ни у лудило. Ноќе океј, пудра тро, маскара, моливче и на устата по избор нешто.

    Бирање алишта никогаш не ми е процес, или знам од напред што, ако не знам отворам плакар и бирам у рок од минута. Дење најизрелаксирано на свет, на рамно, фармерки и маички, фустанчиња, растур пунџа и јака ташна и цвикери и тоа е тоа. Ноќе штиклишта и кратки фустани. :D

    Се има десено да се спремам со саати да, ама секогаш за навечер, и секогаш е проследено со Сексот и градот на лап топ, седење во пешкир/веш и чаша (или две) вино и многу време поминато пред огледало, се расположувам така ненормално многу. :D Не секој пат, и во ниеден случај не доцнам, мразам жени што доцнат. Има женски народ што си го поштува времето и знае да си испланира, а со тоа го поштува и моето. Останатото ми иде на ганглии и никогаш не чекам повеќе од 10 минути. :drunk:
     
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Ви завидувам на сите кои успевате да се спремите за половина час, озбилно.

    За на работа - 10 - 15 минути, веќе имам смислено што облекувам, 5 минути туш, 2 минути облекување, 5 - 10 минути шминка, ама во лето и помалку време ми зафаќа, затоа што не се шлапам толку со пудри и ставам нежна шминка, коса прибрана или лефтерно пуштено и тоа е тоа :)

    А за искачање, молим, многу сум спора, ама многу. Една другарка што ме знае доста добро и долго, кога ми беше дојдена на гости ми вика - ајде живти се ти тргни сега да се спремаш пошто многу си спора (кажано саат и пол пред излегување) :wasntme:
    Особено кога имам друштво и пијуцкаме кај мене дома пред излегување, охооо и 2 саати ми требаат. Па на некоја другарка и текнало дека сака да си позајми нешто од мојата облека - нема шанси да упали моето „ене иди во гардероба најди си нешто“. Морам и јас да сум инволвирана во изборот. И ете кај ми бегаат драгоцените минути :)

    Трендафилке дигам и јас срамежливо раче за долго туширање (освен она утринското пред да идам на работа). Особено ако мијам коса, шампон, па регенератор, па маска за коса, у меѓувреме рибање петици, подбричнување по некое подраснато влакно, па интима па ставање маска, па припреми за евентуален ептен „спонтан“ секс....ехехеее да продолжам? :D

    Инаку во просек, ако сум претходно отидена на фризер веќе или не ја тинтрам косата дома, потребно ми е саат време. Облека веќе однапред смислена, што значи многу повеќе време посветувам на шминка.
    Пудра, телефон, сенка, телефон, цигарче на балкон со винце, муабет, руж, па пак телефон, па пак цигарче, трепки, туш, моливче (тука и да ѕвони некој не кревам), па да видам кој ѕвонел, па ајде презакажувај, па ставање маскара, средување коса, цигарче, винце на балкон, телефон, поправање шминка ако нешто не ми се свиѓа.....е многу сум спора, навистина.
    Уште и ако имам дома друштво, тоа ми додава, не ми се остава виното и добриот муабет, што да правам.

    И за крај класика - телефон (леле такси не ми идеше досега, ќе ти каснам малку) :D

    Ти се плукнам у жените! Озбилно ама. А и мојов time management кочи некако. Водолија бе - не смее да е под притисок. Во овој случај, хороскоп ме убио, ама стварно :wasntme:
     
    На mims-89 и Lepaaa им се допаѓа ова.
  9. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Јас спаѓам во групата на прилично брзи спремачи...ако косата ми е измиена и исфенирана, ми требаат околу 15 мин. и спремна сум...еве баш вчера изненадно мм вика -ќе излеземе да се прошетаме :?: ...јас отсечно-ДА, за 10-15 мин сум спремна...плус тука е пресметано и времето за спремање на ќерка ми. :!:
    Однапред секогаш се` ми е испеглано, така што брзо правам комбинации што ќе носиме двете, ставам пудра, сенка-обично една боја, маскара, моливче за веѓи, креон, руж и сјај. Косите ги врзувам на двете или ставаме венче, а понекогаш косата на ќерка ми и` ја средувам и по пат, во кола :lol: ... земам чешел, шноли, стегачи и и `правам фризурче.
    Ова кога се работи за дневна или вечерна неформална прошетка или одење на гости. Исто така кога сами без малата излегуваме со мм брзо се спремам затоа што спие и брза сум за да не тропам и да не ја разбудам случајно. :!: :lol:

    Спремањето за на работа ми одзема околу 20-тина мин. до половина час најчесто затоа што од сабајле ми се спие, ме мрзи да се шминкам, а сакам да бидам нашминкана, мамурна сум и често ми се случува да се пресоблечам два-три пати ..се случува да не ми се допаѓа како изгледам во некоја комбинација која не ми е проверена, па губам време во туфкање и мрчење. |( :@

    За свадби, крштевки и др. свечености се спремам подолго време, некогаш дури и по два часа ако сама си правам фризура, пр. ставам витлери, во меѓувреме се шминкам, па правам нешто со косата, прскање лак, гледање од сите страни со огледало да не штрчи нешто... :D

    Туширањето ми е прилично брзо-5 до 10 мин ако не се бричам, во спотивно може и по пола саат/саат да заглавам во купатило..потоа стандард мачкање со млеко, ставање стик и парфем.

    Порано бев покомплицирана, секогаш почнував да се спремам еден саат пред да излеземе, сега се испраксирав во спремање набрзинка. :D и поубаво ми е вака.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Кај мене спремањето зависи само од ПМС и од ништо друго. Најмногу време трошам на одбирање на гардероба, во нормални услови тоа трае 10-тина минути, во ПМС, може и некој саат да фати (тука ги рачунам и паузите за „приплакување“ пред огледало дека сум се здебелила и ништо не ми стои убаво).

    По елиминирање на проблемот „гардероба“, почнува следната фаза: бањање. Ако имам повеќе време, полнам кадата, оп купка, оп миризлива сол, и музиче од мобилниот, ако не мавам еден туш. Па сушење коса, лицкање, мицкање, тинтрање и слични ритуалчиња, тоа ме фаќа некои 45 минути. Обично е проследено со лагано цигарче и нешто за расположување на тераса.

    Следно иде дополнителното улепшавање на коса, па дур чекам да се загрее пресата, повторно излегувам на тераса, и дур филозофски зјапам во ѕвездите, нечесто знам и да добијам просветление и целосно да го сменам изборот на гардероба. Па се пеглам, и на ред доаѓа шминкањето.

    Тоа ми е барем увежбано, 10 минути максимуми сум спремна, тип топ. И потоа доаѓа мачниот дел, чекањето на другарките што веќе доцнат. Повторно проследено со цигарче и впивање на чаирскиот амбиент, се` дур сите не се спремат.
     
  11. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Опишано со еден збор- хаос!
    Дневното излегување ми одзема временски период за припрема од 30 до 60 минути.Кога сум на факултет, кога треба да одам на кафе, на сладолед- секогаш се спремам околу 60 минути. Едноставно, така сум навикната и така функционирам. Реално, можам да се спремам и за помалку време, но ова ми е како ритуал.
    Ако ми остане време- ги средувам шминките и алиштата кои сум ги растурилаи пак ми зафаќа саат.
    Никогаш не ги спремам алиштата од вечер и тоа ми е лоша навика. Наутро пробувам неколку комбинации и тој процес си го прави своето.
    Вечерното излегување е прича само за себе. Татко ми се вади од такт. Нон- стоп вика дека утре нема никој да ме чека толку време. И да имам и да немам замислено комбинација е исто. Пак се облекувам и преоблекувам по 3/4 пати. Се шминкам се додека не добијам идентичен резултат на двете очи. Прво го сенчам лицето со пудри, па сенки, па коса....ах таа коса, ми одзема највеќе време.
    Се’ на се’ знам да се спремам и по два часа....
    Обично сум веќе издепилирана. Не би да излезам тазе депилирана и со отворени пори а врз нив нашљакан лосион. А и тоа би значело плус саат ипол во спремањето.
    Истото важи и за чупањето. Исчупана сум пред излегување, а богами и ноктите ми се налакирани. Се случува некогаш да сменам лак пред излегување, но тоа е реткост.
    Со едноставни зборови- долг процесе дотерувањето во мојот случај :D
     
  12. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    626
    Допаѓања:
    598
    Многу брзо се спремам,не сум од оние што со часови седат пред плакар и се мислат што да облечат,единствената мана ми е што сум мрзлива и се влечкам додека се спремам па затоа и ми треба повеќе време не за друго! :D се на се околу 30 мин.ми требаат за да можам да искочам од дома( ги тргам на страна сеа моментите на сушење коса,депилирање чупање веѓи итн.тоа секогаш претходно го средувам) ;)
     
  13. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Најмногу време ми одзема изборот на облека цел сат седам пред плакар и се думам што да облечам :?: од кога ќе одберам се облекувам ама нешто не чини па уште 3 4 пати се пресоблекувам и моево обекување трае 2 часа потоа средување на косата (ах мојава грмушка) дури ја направам дури ја намазнам па не вака па не така абе 1 час понекогаш и повеќе ми треба а за шминката најбрза сум не се шминкам толку многу пудра, маскара,креон,сијај и за 10 мин се шминкам , се туширам 20 минути и 4 часа си викам доволни ми се да се спремам ама кутрата јас секогаш сум закасната на дечко ми некоја ден ќе му се смачи од моето влечкање и постојано каснење :doh:
     
  14. Miss.Waldorf

    Miss.Waldorf Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    16
    Туширање 10 мин
    Облекување 3 мин
    Шминка 15 мин
    Коса зависи или ми е готова пеглана или 20 мин ја виткам =)
    Пари, парфем.. 5 мин
    а сепак секогаш доцнам =)
     
  15. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Прилично сум брза поради тоа што секогаш знам што ќе правам со косата, секогаш сум издепилирана (само тоа правам се корнам по цели денови, веѓите уредни, ноктите секогаш средени - зошто ова ако не ми е направено во текот на денот нема шанси да излезам во град)
    Туширање пред излегување обавезно.
    Денски се шминкам за 10тина миути, ставање стикче, пробно облекување ... и летам за пола саат максимум сум спремна.
    Вечерното секако одзема повеќе време, најчесто немам што да облечам :lol: врткам низ плакарот, пробувам 100 комбинации, се нервирам, пеглам коса, се шминкам брзо за среќа, лосиони чуда, парфем и шибам, али пак сум за саат саат ипол готова :P
     
  16. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Често низ форумов зборам за косата како ми е дива и бесна, па од таа причина косата често ми е измиена во текот на денот, исфенирана, испеглана средена.

    Е кога косата ми е средена, времето кое ми е потребно за подготовка се преполовува или е уште помалку.
    Дневна прошетка, кафе, сладолед, чај и сл. за мене се опуштени инвенти па и не посветувам толку големо внимание да бидам тип-топ. Особено во летниов период одбивам да излезам по жештиниве но кога морам ми требаат некои 15-20 минути.
    Отварам плакарот и бирам нешто лесно и тенко, скоро секогаш имам однапред смислени комбинации, па тоа трае неколку минути, одам во ВЦ ставам малце крема и додека таа се впива низ косата правам некои растурени плетенки(хит ми се летово) тоа трае 5-10 минути, го зграпчувам коректорот заскривам некоја бубуличка доколку ја имам, малце маскара и сјајче, дезодоранс и спреј за тело потоа се враќам во соба, се облекувам и одам во ходник барам сандали, апостолки, патики...Уште неколку минути се врткам пред огледало и правам корекции, клучот на врата и во акција.

    Е сега за вечерно излегување ми требаат некои 30-40 минути за да бидам спремна(но доколку само се туширам).
    Кога се бањам, а во последно време за вечерни излегувања често ја виткам косата, па бањањето трае окулу 30 минути, толку трае и сушењето и уште пола саат виткање. Вака изгледа како саат и половина, но кога ќе додадам неколку цигарчиња сето трае окулу 2 часа.
    Кога косата е средена понатака е лесно, гардеробата секогаш ми е испеглана и на закачалка така да не ја пеглам, ако нешто не ми е испеглано, тука е свекрва ми или мајка ми тие пеглаат додека се шминкам.

    Шминкањето со крема, пудра, руменило, сенки, моливчиња и тако даље трае некои 20-30 минути освен ако не сум расположена да експереминтирам, тогаш ми треба повеќе време но не подолго од 40 минути.

    Облекувањето и парфемисувањето траат 5-10 минути и тоа е тоа.
     
  17. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Мноогу време :D
    Прво се бањам околу половина час, па потоа млеко за тело и средувањето на коса кое ми одзема најголем дел од времето. Се фенирам околу 30-40 мин. и се пеглам околу 20-30 минути. Потоа гледам што ќе носам дремам пред плакар 10 мин. и одвојувам неколку комбинации прашувам сестра ми што да носам по 15-20 мин. веќе сум облечена. Шминката ми трае најмногу 20 мин. ставам накит, парфем, се моткам 5 мин да ми текне дали сум заборавила нешто спремам ташната и излегувам.
    Лакирањето ми е обично или пред или после бањањето и трае до пола час. Кога ќе стигнам до вратата секогаш се враќам, ми текнува дека сум заборавила нешто :tmi: Се на се 3 часа заглавувам.

    Денско време сум побрза, зависи и до времето кое го имам на располагање.
    Се туширам, ставам млеко за тело, наоѓам што ќе носам со претходно дремење пред плакар 15 мин. Многу ретко се случува да се облечам и да променам комбинација, но сепак се случува. Зависно од тоа каде одам, се шминкам околу 5-10мин, ако ми треба ташна ја спремам и излегувам.
     
  18. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Јас сум брза во спремање за излегување и скоро секогаш сум готова точно на време :P
    И за дневно излегување и за вечерно скоро ми е потребно исто време за да се средам, отприлика 20-30 минути(ако косата сум ја фенирала претходно)
    Депилации, пеглање на алишта, средување нокти, фенирање...се тоа ми е најчесто предвреме завршено, не чекам во последниот момент да се гњавам со тие женски работи за кои секако е потребно и повеќе време и трпение!
    Најмногу време ми одзема косата, за пеглање ми треба половина час па знаејќи го тоа си практикувам да ја фенирам или пеглам порано, а не пола час пред да излезам од дома!

    Цела таа подготовка за излегување се сотои од:
    -туширање за кое ми е потребно десетина минути;
    -потоа одбирам што да облечам и најчесто брзо си ги правам комбинациите без да пробувам 100 парчиња, па да се пресоблекувам, па да пеглам и сл;
    -се шминкам едно десетина минути (за вечерно излгување ми е потребно некоја минутика повеќе)
    -ја средувам косата која како што реков практикувам предвреме да е исфенирана, пред да излезам само ја подсредувам (ја чешлам, или ставам венче, или шнола и сл)
    -чевлите на нозе и ташната во рака и средена сум тип-топ за излегување!
     
  19. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    1.087
    Аххх фалеше темата :D
    Ве читам и седам ваква пред компјутер :o
    3 часаа??Кога одам на свадба не се спремам толку :D
    Кога се спремам за на факултет сабајлечки ми требаат 45 мин. до еден час,но многу ретко (со вклучено време за да каснам нешто и понекогаш пеглање на мантил :!: )..
    Кога ми е нафрлено лицето,тоа ми одзмеа многу време,додека да се маскирам |(

    За вечерно излегување...туширање 10 минути,ако мијам и коса ми треба малку повеќе време додека да ја исушам...
    Нокти лакирам 15 минути(додека чекам лакот да се исуши :geek: )
    Шминкање просечно 30 минути..Косата ми одзема исто 10 минутки,или е пеглање или пак некоја фризура кој ми паднала на памет во моментот.
    Гардеробата ми е претходно одбрана,не чекам до последен момент..па не ми одзема многу време.
    Се облекувам и тоа е.
    Отприлика 1 до 1 и пол саат ми е прифатливо време..и сосема доволно..
     
  20. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Од 18 часот почнувате со подготовки???
    Уууф ту мач. Нели имате други обврски? :lol:

    За дневно излегување се спремам 20тина минути. Еве пример за на работа станувам, основни работи во тоалет, облекување летно време 2 минути а зимно 5 минути и шминка околу 5 минути, ставам мобилни во ташна, вадам цвик, облекувам чевли и да ме нема. Секогаш облеката ми е спремна од вечерта, освен ако има некоја природна временска непогода и сум ја згрешила прогнозата само тогаш менувам облека. Јас бели балетанки оно врне, не иде одма се се менува :D

    Навечер кога искачам она депилации, нокти, веѓи се е тоа завршено претходно. Се бањам доста порано зашто косата си има третман сушење во крпа 1 час, па ферање па пеглање, ама за тоа си е 2 пати неделно стандардна работа, некад пред излегување доволен е само туш. Облеката мора да ми е смислена претходно. Си знам во 95% од случаите што сакам да носам таа вечер. Освен во 5% пример ПМС ситуации кога јас не знам што сакам со мене а не па со облеката. Се шминкам 15тина-20 минути, пa облекување, а иначе заборавив се веќе што ќе носам ми е на кревет од ташна, чевли на теписон, акцесорис на кревет, парфемчето го истурам врз мене и да ме нема.

    Најкомплицирано е за свадби, тогаш ако сум во 19 часот на свадба во 11 почнале подготовки. Од бањање, фризура 5 саати, шминкање долготрајно, облекување, 5 пати во вц ќе отидам, а секако се касни секогаш.

    Најчесто јас не каснам, додуше каснам по 5 минути до 10 и дечко ми збеснува. Стално му велам најди си бе друга девојка што само 5 минути ќе ти касни. Другите по 30 минути ги чекаат. Биди среќен! :!: :rofl: