1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Подготовка за излегување

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 16 јули 2011.

  1. lattie

    lattie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Кога е во прашање вечерно излегување мислам дека подолго се спремам отколку што сум излезена хах значи едно добро саат време ќе ми опине пред шкафот мислејќи што да облечам,шминкањето ми одзема околу 30 мин,а туширањето,депилирањето ми се однапред завршени
     
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Кога како... обично за да се спремам ми треба околу час време, во зависност од тоа за каде се спремам. Најпрво си бирам облека и чевли, па на тоа одбирам накит, па следи средување на косата и на крај шминкање.
    Никогаш не оставам неред зад себе и никогаш не го вадам цел плакар. Си ги гледам алиштата како што ми се наредени во плакарот и си одбирам што ќе носам.
    Облеката ми е секогаш пеглана. Штом се испере и исуши веднаш се пегла, па потоа се спастира во плакар.
    Ако планирам да сменам лак на ноктите, да се депилирам или да и‘ правам нешто посебно на косата, тоа го правам порано во текот на денот, за кога ќе дојде моментот вистински да се спремам, тоа да ми е завршено.
    За шминка ми е потребно некаде околу половина час, ама тука спаѓа и шлакање по телото со креми и разни чуда.

    А, да. Многу сум бучна додека се спремам, се шетам низ сите соби кај што има огледало да видам како изгледам на различни светла па...
     

    Прикачени фајлови:

    • img-thing.jpg
      img-thing.jpg
      Големина на фајлот:
      8,3 KB
      Прегледи:
      313
  3. Bloom

    Bloom Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    40
    Кога станува збор за днево излегување спремна сум за најмногу пола саат. Прво бирам што да облечам, што воедно ми одзема најголем дел од времето - правење комбинации, па не тие фармерки, не таа блуза, 100 пати се предомислувам. :lol: Потоа се шминкам, само пудра, креон и римел. Косата бидејќи ми е виткана само ми треба убаво да ги средам прамените и да ги запеглам шишките. Ставам парфем, земам ташна, пари, и фаќам правец.

    За ноќно излегување друга приказна. Однапред сум издепилирана, налакирана, и имам веќе смислено што ќе носам. Кога се спремам за навечер сум многу спора, се влечкам, сакам да уживам во подготвувањето. :) Се туширам, ставам млеко за тело. Се облекувам, па се шминкам. За пудрата и тушот веќе сум испраксирана, а доколку ставам сенки ми треба малку повеќе време. Косата или ја пеглам, за што ми требаат 15-20 минути, или пак правам некоја многу едноставна фризурка колку да разбие монотонија. Ставам менѓушки, алка, едно кило парфем. Ја средувам ташната - пари, слободна, лична, телефон, сјајче, паломи. Облакам штикли и тоа е тоа. Се на се - саат, саат и 15 минути. :)
     
  4. Irreplaceable.xD

    Irreplaceable.xD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    67
    Јас си знам да си се средувам и со саати :)
    али ајде да одвоиме саат и пол за комплетно средување :)
    доволно ми е :D
     
  5. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Моите подготовки се цел ритуал. Сакам да си пуштам музика, да се дотерувам и да се радувам што сум женско. Само што за жал, секогаш брзо се спремам.
    Додека се туширам, размислувам што да облечам. И потоа само додека сум во бањарка, ќе си потврдам комбинацијата. Јас повеќе внимавам кога ја купувам облеката, затоа што така верувам во моите парчиња. Косата многу ретко ја пеглам, два пати во еден месец, ако има некоја посебна прилика. Среќа што ми е права, не мора да се замарам. Ама проблем ми е ако сакам да си ја навиткам.
    Сакам убаво да миризам, па обавезно на мене има гел за туширање, млеко за тело, дискретно ставен парфем и силиконски капки на косата.
    Шминкањето ми е многу лесно. Мразам многу шминка, јас сум љубител на природниот изглед. Знам дека мн шминкери, намерно трупаат многу шминка, за да го истакнат природниот изглед, ама јас неможам да го поднесам тоа. Не се чуствувам убаво. Па и како што сум бела и нема да ми стои. Секогаш си ставам бела сенка под веѓите, затоа што мислам дека така шминкањето нема да биде завршено.
    Ама се зависи од локациите во кои ќе излегувам. Ако одам на драм енд бејз или псај транс журка, сигурно нема да ставам сенки. Патичиња и лесна облека.
    Се на се, обожавам да се спремам.
     
  6. PetiteCherry

    PetiteCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    35
    Мислам дека ми треба цела вечност за да се спремам, и цел ден да сум слободна сепак на крај финалните подготовки најчесто ги правам по улица :D Од прилика ми треба пола саат за туширање, десетина минути за одбирање облека и уште 10-15 за шминкање, фризурата дефинитивно ми е смрт, поготово ако правам пунџа и не ми испаѓа убаво, а уште па да треба да се лакирам и тоа ме докрајчува. А и да секако, обавезно ми се сојадува пред излагање, па уште тоа ми фали во целото брзање. Не сакам неуредност, па после спремањето си ги враќам работите на место, иако се случува и да биде расфрлано ако ептен се брзам. Како и да е, сите ме сметаат за влечка и за човек што касни, иако ми треба околу саат - саат и пол за целосно спремање. Што да правам, наследено ми е, се е до гените :rofl:
     
  7. Ruza.Ruzica

    Ruza.Ruzica Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    24
    Ритуал..Но сепак организирано :)
    Половина час за туширање...лосион за тело,
    комбинирање облека, облекување,
    коса, сушење + сите додатни препарати за нега + пеглање :angel:
    шминкање...пудра не ставам воопшто не ми треба.. маскара, ајлајнер, малку сенка, руменило, сјај за усни и бронзер по потреба.
    По некој додаток било накит или сл..
    штикли или сандали зависи и надвор! ;)
     
  8. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.538
    Допаѓања:
    7.835
    Пол:
    Женски
    обично мн однапред имам испланирано што ќе носам и како сакам да изгледам но јас сум си перфекционист и само едно праменче од косата да не ми е на место ке потрошам 15 мин за да го доведам во ред. туширањето ми трае 40-50 мин ( вклучувајќи пилинзи маски и се тоа ) потоа ставање на лосион, крема и антиперспирант и лакирање на ноктите а за тоа време ќе ми се исуши косата природно. потоа оди шминкање кое зависи како сакам да се нашминкам и може да трае од 30 мин до 1 саат, е сеа косата ми е слаба точка ако сакам пеглана ке биде готова за 40 мин 50 највеќе ама ако правал локни е тогаш ми треба и саат ипол, а за тоа време дечко ми дреме и ме чека ( греота се навикна веќе и по 40 мин да дреме ) а што е најтрагично обетките или било што од накитот го ставам во кола дур одиме :)
    а тоа што оставам неред позади мене е тоа е друга приказна ама обично утрето кога ќе станам се е на свое место пошто мајка ми не поднесува неред и секогаш кога ќе станам веќе се е средено :)
    фала мамо :)
     
  9. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    јас се спремам со часови а посебно кога ќе дојде петок или самота,за депилација и тие работи предвреме си сум спремна,облеката за барам сабјлето,ако излебувам вечерно,за шминкање се шминкам некој 30 минути .
    Воглобала 3 сати доволни ми се :tmi:
     
  10. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Ми треба време за да се спремам..
    за денско излегување половина час..се знае пудра римел и сјајче

    а за вечерно излегување со саати се шминкам комбинирам облека правам коса се лакирам ..... и сето тоа трае трае и траее... :worried: :D
     
  11. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Да си кажам прво за дневно излегување.
    Преку лето, си имам на страна ставено неколку парчиња облека и си правам комбинации. Значи нема толку спремање, а за шминка и да не зборувам.
    Само малку крема за лице и ако имам време маскара. Депилирањето не го оставам за 5 до 12, но затоа ноктите... :sweat: Никогаш неможам да најдам време за да убаво си ги средам! :lol:


    Што се однесува до вечерното излегување, тука ми нема рамен. :tmi:
    Понекогаш дури од 5 часот почнам да се спремам за во 9. :lol: Ама затоа, пополека си се спремам и си имам време за се'.
    Се туширам, си ги лакирам ноктите, (ако не е топло) си ја пеглам косата, правам разни фризурчиња, внимавам на шминката и убаво го анализирам шкафот за да одберам што да носам. :)

    Најважно од се' е тоа што спремањето не ми претставува стрес, не сум до толку пребирлива и проблематична!
     

    Прикачени фајлови:

    • paa368000038.jpg
      paa368000038.jpg
      Големина на фајлот:
      8,9 KB
      Прегледи:
      411
  12. femina989

    femina989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    14
    За дневно излегување доволни ми се некои 15-20 мин. Косата секогаш ми е фатена, особено на овие жештини, а пудра ставам само кога имам проблем со некоја мозолка....кога лицето ми е чисто ставам само кремче и толку...облекувањето ми одзема околу 5 мин и спремна сум.

    За вечерно излегување ми треба многу повеќе време...се капам околи 20тина до 30 мин. Потоа првото што го правам е косата....прво ја сушам па ја пеглам, а тоа ми одзема околу 30-40 мин. Потоа се облекувам, а тоа ми одзема околу 15 мин. Потоа околу 20 мин. се шминкам и готова сум.
     
  13. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    За излегувањата преку ден сум прилично брза. Капењето или туширањето ми одзема најмногу време, а за другото сум брза. Обично имам однапред подготвена облека, си знам што ќе носам така што околу тоа нема некакви посебни нервози. :D Ставам лесна шминка, маскара и сјајче обавезно, а по потреба и течна пудра. За преку ден не ставам накит.
    А за навечер, ми треба повеќе време, ( но не претерувам :!: ) Косата ми одзема најмногу време-најчесто ја пеглам, а тој процес трае некои 15тина минути. Потоа си смислувам некоја добра комбинација, се шминкам и избирам убав накит.
     
  14. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.599
    Допаѓања:
    23.119
    Пол:
    Женски
    Прво нели се бањам. Околу 20мин.
    После ја сушам прво косава, па потоа ставам млеко за тело.
    После правам пауза додека ми упие и додека пуштам музика. После наизменично се облекувам и се шминкам, без некој посебен редослед. Се на се, без тие гореспоменати 20 минути, ми требаат уште толку за да бидам готова..
    :makeup:

    Чисто за спремање не ми треба многу време. Ама каснам редовно затоа што губам време пуштајќи музика на пц, баш кога имам само уште неколку минути време мене ми текнува на некоја песна, на некое интервју, на некоја слика, па наместо да се спремам, јас ...
     
  15. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    Прво стиже купање. Тоа ми е најинтересниот дел, плискање, шлакање - подобро, здравје. :lol:
    После доаѓа мачкање лосион или млеко за тело, па крем за омекнување на петите.
    Се стои околу 10тина минути за разгледување на шифоњерот. Гледам, гледам, гледам...И дури после 20 мин. се одлучувам што ќе облечам. Ако е ладно ја сушам косата и тоа.
    Епа, тоа е воглавно за денско излегување.

    Епа вака. Излегувам вечерта накај 8 или 8 ипол, зависи. Од кај 19ч, почнувам со спремање. Значи, обавезно се стои пола саат пред шифоњер пробувајќи најразлични комбинации. Кога ќе ја најдам онаа вистинската ( :D ) си ставам ташничка, алки, рачен саат и други различити тракатанци.
    Си ставам римел, сјај, парфем. Барам пари од мама или тато, а во тоа време си ги облечувам сандалките и се дерам на цел глас „Иииидааам!“ на другарката која предвреме се спремала, па излегла да ме чека. Ах, како ме брзаа... ]:) :D
    И кога ќе ги обавам овие работи сум реди ту гоу. :lol:
    п.с. Во некои случаи се додаваат и дополнителни работи како: лакирање, пеглање, и така... :)
     
  16. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.706
    Кога се работи за излегување јас никогаш немам време да се доспремам ако цел ден ми е на располагање.Се капам крај 6 сатот негде,потоа средувам нокти ова она ако ме изнервираат и немам време ги оставам неналакирани.Па си се влечкам некој филм серија ова она и кога ке видам сатот 9ипол 10.Се шминкам потоа,косата ја средувам.Среќа што за облека секогаш си имам искомбинирано што ке носам порано ден два.Така да тука нема дилема се облекувам.До крај 11 сум готова и после дилемата за каков накит па ова она не ми стои а често и го заборавам.За чевлите немам многу голем избор,па не му ја мислам многу.Али се на све секогаш во 11 сатот трчам ко олава уште ова уште она и пак каснам.
     
  17. Morning.Sunshine

    Morning.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    18
    Капењето и средувањето после него ми одзема највеќе време :) Значи полека полека дур се искапам ми требаат околу 20 минути.Потоа да се намачкам со млеко па да ја средам косата.За шминкање најмалку време торшам,пудра римел моливче, сјај набрзина и толку.За облекување секогаш имам веќе испланирано нешто.
     
  18. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.197
    Допаѓања:
    2.522
    Спремањето за дневно излегување не ми одзема многу време..пола саат до 45 минути
    Нежна шминка
    Косата ќе ја испеглам или ќе ја навиткам со пена
    Облекувам што прво ќе ми дојде при рака

    А спремањето за навечер е веќее друга песна :lol:
    Бањање-отприлика 1 саат,мачкање со лосиони,млека и 300 чуда,после пеглање или виткање на косата околу пола саат,средување на веѓи,шминкање околу пола саат-45 минути,облеката обично ја бирам преку ден а заедно со тоа и накит,после тоа следува бањање во парфеми и тоа е тоа :)
     
  19. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    835
    Допаѓања:
    1.462
    Подготовката за дневно излегување не ми одзема многу време,најчесто околу половина час,се облекувам, се шминкам минимално ,а косата веќе ми е средена од вечерта.
    Додека за вечерно излегување ми треба повеќе време можеби некои 2ипол часа...Значи прво се бањам што ми одзема околу половина час,па се мачкам со крема,си барам облекаова ми одзема голем дел од времето :P ,па си ја сушам косата и ја пеглам,потоа се шминкам и на крај се облекувам и реди ту гоу :)
     
  20. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Кога излегуваме со сестра ми заедно, на нашите дечковци им е смрт. Секогаш касниме.
    За вечерно излегување прво правиме план која прва ќе се тушира, која што ќе носи, па паѓа карање за накит и штикли.

    Прво иде туширање, сушење, пеглање коса - 45 минути. Мачкање со млеко, лакирање и тука почнува да ѕвони телефонот ,,до кај си? уште колку време ти треба?,, не бе брат, јас абер си немам. После таа процедура следи пеглање на гаредеробата, облекување и на крај шминкање. Тука пак ѕвони телефонот ,,јас тргам, ако не си спремна сама ќе си идеш,,. Миење заби, пудра, руж, сенка, туш, маскара, кармин. Слушам титкање на мобилнот, значи стигнал, ставам парфем, го вадам индексот од ташна, а ја надополнувам со шминки и такви глупости, облекувам мантил, штикли и трчам по скали, притоа не вртејќи се позади. Може да имам трауми од бомбата што паднала кај мене во соба. Откако ќе се вратам уште пола саат ми треба да го средам хаосот што сум го направила. :lol: