1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Подготовка за излегување

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 16 јули 2011.

  1. Monce89

    Monce89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    10
    porano spremanjeto mi odzemase mnogu vreme... mozam da kazam ako izlagav vo 10, jas od 5 veke pocnuvav....hahhah :D no od koga pocnav na fax svativ deka toa e zaluno trosenje na vreme i deka toa vreme moze da se iskoristi za popametni stvari :) sega se spremam od 1saat do saat ipol i mi e sosem dovolno za se :) huhu pa i taka sega ne e veke vo moda mnogu da si nadzizan nacindzuren i sl. :P :D
     
  2. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Епа бидејки и денски и навечер сакам да сум тип топ средена, си се спремам баги време. Денски не и толку бидеќи алиштата од навечер ми се спремни само ја пеглам/фенирам косата ставам маскара малку пудра сјај/лабело зависи од ситуацијата, ја земам ташната паричникот клучевите (мобилнот смрт ми е секогаш го заборавам а најважен е) и излегувам и не каснам многу прилично.

    За навечер си имам слободно време и повеке си се спремам бидејки ми е кеф да си се спремам не знам зошто... Се туширам или капам зависи колку ми е мрсна косата, се сушам алиштата ми се испланирани не од пред една недела (бидејки од тогаш си имам замисла) но нешто ке се измени и од пред еден ден веќе си знам. Ја пеглам косата и по бањарче пред огледало застанувам и се шминкам (мојот омилен дел :D ).Потоа земам се облекувам клавам штиклите си ги поправам недостатоците, звонам до кај другарка ми да видам колку е готова и среќна весела чекам да ме земи :).Ова отприлика трае 1 час и пол.
     
  3. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    Ееј, ве читам вака неколку страни поназад и се чудам како толку време ви поминува во подготвување. Јас неможам толку време да се спремам, едноставно алгергична сум на тоа и плус знам како му е на тој што ме чека.. а и сваќам јас лично колку се нервирам кога чекам некој друг.
    Косата не си ја пеглам, не ни имам пегла зашто знам дека е штетна за косата и многу ја гори а и не ми треба, отсекогаш косата ми била како пеглана, дури другарките ми се чуделе. Значи само си ја чешлам убаво и толку. И кога знам дека ќе излегувам, ќе се избањам минатата вечер или пак ќе се избањам тој ден попладне. Шминка не ставам, освен некогаш многу ретко лабело/сјај и римел, ама тоа па ептен ретко. Не сакам многу да се шминкам а и плус незнам, многу сум неспретна со рацеве. Штикли немам и не носам (сеуште сум мала) па затоа не ми е проблем да гледам еј сега кои штикли ќе ги искомбинирам и слично. Ташни исто не носам, се по џебови ставам ама и не носам многу работи со мене. Ако имам време ќе напрскам малку (малку повеќе :D) парфем а некогаш не ни ставам зашто заборавам. Облеката ја бирам тогаш кога ќе ми кажат дека ќе излегуваме, значи за бирањето ми треба од 5-10 минути. Миење на заби/лице 5 минути, облекување на старки (тешкиот дел :D) зависи кога-како, ама и тоа над 5 минути. Се на се, се спремам за пола час најмногу. Е сега, често ми се случува дур се спремам да загледам нешто интересно на интернет па ќе се заборавам и затоа им каснам на другарките и само ми се дерат колку голема влечка сум била, сто саати сум се облекувала а нема врска. :D
    И ова спремањево важи за вечерно излегување, ама вечерно онака низ населба така што не ми требаат некои којзнае ти какви подготовки. А кога излегувам во град, може малку повеќе да се потсредам ама ми зависи од расположение. Јас и онака не излегувам по дискотеки/кафичи, само се шлаам низ град, одам по продавници најчесто за шопинг и нема да се дотерувам сега продавачките да ме видат. :)
     
  4. K.e.ll.y

    K.e.ll.y Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    580
    Допаѓања:
    362
    Ми треба време,многу,поготово за вечерно излегување. Сите ми се чудат,ама ете,уживам во средувањето,сакам на тенане да си се нашминкам,облечам,да си се средам,никаде да не брзам. Едноставно уживам во тоа! :) :makeup:
     
  5. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.497
    Допаѓања:
    1.579
    Многу време. Највеќе ми одзема (посебно викендите) бањањето пред искачање. Се бањам 20 мин. се сушам 10, се пеглам 15-20 и само во тоа иде еден саат. Шминкање, не користам шминка многу тоа за 5-10 мин и готово. Одбирање на облека може подолго од 15 мин, се пресоблекувам неколку пати. И искачање од станот парфеми последни ''финиши'' може 10-15 мин. Најмногу 2 ипол саати што и не е многу за во споредба со некои 8) :lol:
     
  6. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Јас порано со саати, со другарките кога ќе почневме од 7 до 9:30. Залудно потрошено време, демек којзнае каде ќе одиме, а посебно пак навечер па и темно ништо не се гледа во дискотеки, ама ај... сега се шминкам облекувам за 30-тина минути. Бањањето, косата однапред ги средувам зошто ми е поголем проблем. Исто така некогаш зависи од расположение, али секогаш гледам да сум тип топ средена. :)
     
  7. LetsTalkFashion

    LetsTalkFashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    879
    ххх прочитав дека некои девојки дури една недела пред излегување одбираат што ќе носат па зар месец однапред се договараат во која дискотека ќе одат :D
    јас лично миам коса 20 мин и се туширам за 25 мин , имам таква навика косата и телото посебно да ги миам :)?) сушам коса , ако ја виткам или нешто слично тоа ми одзема време но имам многу прва коса и ако се брзам тоа е решен проблем , при сушење ја фенирам. се шминкам за 10 мин , се облакам и спремна сум.
    плус да додам уште 10 мин за мачкање со млеко за тело и ете некои такви други ситници :)
    саат време одприлика :)
     
  8. JustSimple

    JustSimple Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    48
    Се’ на се’ околу 45 минути. Бањање преку ден, 20 минути за косата, 15 минути облекувањето, шминка не ставам многу само сјај и маскара, и 10-тина минути во ставање парфем, местењето на чантата, земање пари ова она и тоа е. :)
     
  9. Saki15

    Saki15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    142
    Па за излегување не ми е потребно многу време ете на пример 30 минути максимум. Мене ми е пеглана облеката пред да одам.. Се лакирам 2 часа пред да одам некаде , а за шминкање 10 минути. Ова за вечерно излегување.
    А за преку ден излегување ми се потребни 10-15 минути. Не се шминкам многу само маскара, креон, моливче, сјај или лабело. :)
     
  10. soncenceto.matea

    soncenceto.matea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    57
    Се шминкам за 30 минути,туширање 15 минути,фенирање 20 минути
     
  11. Shoe-Gal

    Shoe-Gal Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    178
    Спремување за излегување :makeup: .. Обожавам да се спремувам за некаде, не знам зошто. Во глобала, скоро сите женски работи, депилирање, чупање, лакирање, бојадисување на косата, стилизирање... Никогаш не ми претставувале “обврска’’ која едвај чекам да помине, него едноставно уживам во истите, ме релаксираат истите :D и секогаш кога ги правам овие работи гледам да не брзам, за да нормално резултатите бидат подобри и тоа ме задоволува :) За дневно излегување ми треба од 30 - 45 минути. Некогаш повеќе некогаш помалку бидејќи бавно се спремувам и се зависи од локацијата на која што сум тргната. За вечерно излегување, влегувам да се бањам (околу 30-40 мин.), мачкање со лосион за тело (околу 10 мин) па потоа следува фенирање и стилизирање на косата (околу 45 мин), шминкање (околу 15-20 мин) и на крај, оутфитот за вечерта. :D Штиклите се облекуваат на врата бидејќи скоро секогаш таксито ме чека по некоја минута :lol:
     
  12. LadyH

    LadyH Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    85
    денски, школски да не речам, до кај пола саат. се облекувам и шминкам во глобала тоа е.
    а вечерно, околу 3 саати, најчесто сите другарки се собираме, е тогаш е калакурница невидена која се пегла која се шминка, се лакира :rofl: ама тоа е баш забавниот дел, се крева расположение, сега за сега заедничкото спремање ни е во подем, може малце повеќе време губам ама си се дружиме :)
     
  13. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    За на факултет 15 минути ми се доволно. Миење, облекување и шминкање 2-3 минути. Е сега ако е многу рано сабајле ми требаат 15 минути за облекување затоа што сум кома. Неможам да се движам.

    За вечерно излегување 40 минути ми се сосема ок. Со се туширање. Од претходно си ја замислувам комбинацијата и шибам. Шминката ми одзема 15 минути, затоа што нели сенки и тракаташки. Иако не се шминкам јако, затоа што секогаш носам јак кармин.
     
  14. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    За каснење и подготовка сум нумеро уно и помеѓу домашните и помеѓу другарките, и колку и да сум почнала поодамна со подготовки, нема шанси да сум спремна во договорениот термин.

    Денски, без разлика каква е обврската тој ден( средби, шетање, факултет), се спремам еднакво, а тоа подразбира туш од 5 мин.(се трудам косата да ми е од претходниот ден во ок состојба,прифатлива, инаку доколку ја мијам заглавувам страшно за плус 60-90 мин, потоа, облека бирање, па комбинирање со капут/јакна, чевли, часовник, чанта, наочари. Сакам секогаш се да ми е на место, ускладено во секоја смисла и затоа и многу време ми треба, а не дека сум влечка. Шминкањето ми одзема 10 мин преку сила, и уште 2 мин за чевли и полнење на чантата, минутка гледање во огледало и евентуални корекции и тоа е тоа, успевам за 30-40 мин да сум готова.

    Вечерното излегување е пострашна приказна, особено ако сум акала и сум се прибрала подоцна од денското излегување. Ме фаќа мрза и умор, ама сепак, подготовките се случува да ги почнам од 17 часот,а некогаш ако сум била тој ден дома и во 15 часот да се избањам. Косата ми одзема многу време и за миење (маски, шампони, спрејови, сушење, фенирање, пеглање и затоа заглавувам по 60-90 мин, освен ако не ја соберам и спастрам на др начин). Следи мачкање, и пауза пред шминката, а бидејки не сум баш спретна во тоа, кратко и ми трае, шлапам сенки за да добијам смоуки ефект, руменило, маскара, пудра, креон и тоа трае 20 мин максимум, па отпосле се облекувам. Облеката обично ми е дефинирана уште кога ми е купена, такада немам дилеми околу комбинирањето, само решавам што ке носам, и единствено што ме зезнува е доколку тоа не ми стои според замисленото или видам дека не е испеглано, но како и да е облеката ми одзема не повеќе од 10 мин, а и однапред, пред да се бањам ми е послана на кревет, и до неа и ташната која имам обичај да си ја наполнам тогаш и накрај пред излегување додавам некоја шминка за корекција, парфем и телефон, на тоалетната ми стои накитот кој знам дека одговара, што значи се ми е на дофат. По облекувањето, ми требаат уште 10тина минути за последни корекции и дополнувања, иако веќе во велико е поминато договореното време, и секогаш со трчања и паника излегувам. :D
    Депилациите ми се регулирани или порано во текот на денот или некој друг ден исто и веѓите, а ноктите имам навика пред легнување да ги средам за да се изфиксираат фино во текот на ноќта, бидејки многу пати сум се зезнала да се излакирам пред излегување па да ми се фати ноктот и да се нервирам, а сето тоа одзема многу време за корекции, се безпотребно.
    Лошо е кога сум уморна и нерасположена за спремање и си викам за 5 мин станувам, и тие 5 се претвораат во 45 и после во трчање се спремам, барам асистенции и помош од сестрами, мајками, и секако каснам.
     
  15. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Па се на се не ми треба многу време да се спремам, најчесто затоа што до последна минута седам на компјутер па 15 мин. пред искачање трчам до соба и се облекувам и свашта.Можеби затоа и каснам, али со моиве другарки и во мој случај не каснам него подранувам |( .Пред некое време си купив гелендар и полесно можам да комбинирам облеки( според татко ми откако ми го купи гелендарот се облекувам како манекенка :lol: ) и тоа зафаќа можеби најдолго, околу 8-10 мин., за шминка не се шминкам многу, само сјајче и маскара, можеби и малку светла сенка на капаците, потоа ташни не носам, се бутам по џебови. Работата со мене е јас имам ташнички и можам да ги носам ама преку лето, пролет оти немам каде да си ги ставам стварите, а за време на есен зима се тоа ставам во моите гоолеми џебови :) На нозе во последно време носам само чизми така да тоа е 1 минута работа, само ги ставаш на нога и ајт.За коса мене ми е виткана на краевите, со плетенки ефект, едино што и правам е една Лорен Конрад плетенка. Иии јас како јас, секогаш кога ке си ја облечам јакната и спремна за низ врата ми текнува дека не сум ставила парфем и трччиии до соба паак, па после каде е мобилниот, па косата нешто не ваља, па стави го пак тоа боби-пинот , и ај конечно ќе заклучам чекаајј го лифтот... :| Мојата секојдневна рутина....
     
  16. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    Колку време и како се подготвувате за излегување.
    -45 минути обично, полека, прецизно, пажљиво, си се облекувам, па косата си ја правам и на крајот шминка.
    Брзи сте или тоа ви трае со часови?
    -Прилично брза сум. За денска прошетка сум готова за 15 минути. А за навечер како што кажав ништо повеќе од 45 минути.
    Одбрана ви е однапред облеката? Или цел плакар го вадите од шкаф и собата ви е лом?
    -Најчесто однапред, но се случува и по последен момент да одберам.
    Пеглана ви е облеката или баш во 5 до 12 вие пеглате низ дома.
    -Пеглана секогаш однапред, мајка ми е организирана жена :D .
    Пред излегување се фенирате, лакирате, депилирате? Или тоа однапред ви е направено?
    -Пред излегување доаѓа во предвид само фенирање и лакирање. Депилирање во никој случај бидејќи имам проблем со црвенило, па секогаш тоа ми е однапред готово.
    Колку време одвојувате за шминка?
    -5-10 минути.
     
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Со се туширање, средување, шминка, фризура, избор на облека и накит саат време.
     
  18. Macushkaa

    Macushkaa Нов член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    155
    Секогаш се лакирам ден пред тоа..
    За туширање и депилација ми треба околу 1 час. (пошто коа ќе влезам под туш не ми се излегува)
    Фенирање,пеглајне, шминкање, облека, накит околу 1 час. ..
     
  19. IviA

    IviA Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    24
    Доста комплицирано е ... за преку ден кога излегувам вечерта пред да заспијам мислам што да носам, и утрото само туш се облекувам ја средувам косата се шминкам и излегувам , и тоа некаде за 1 час сум готова ( бидејќи се заборавам кога влезам во бањата ) ... додека за вечерно излегување пак туш , па 30 минути барам што да носам пробам , ова ..она ... па пак се вратам на првото ... и така ... знаете како е
    .. :D инаку што се однесува до депилација постојано се депилирам и некогаш нема потреба за пред излегување да го правам тоа ;) не правам некоја кој знае што фризура , сакам благи локни или исправена да ми е косата , се шминкам , ноктите ми се секогаш средени бидејќи посетувам козметичар и за некаде околку 2 часа сум готова :D
     
  20. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    За нокно околу 1 час за дневно 10-20 минути.
    Не пред да излезам ја бирам.Па не ке ги отворам вратите и ке гледам ама пред тоа знам што ми ке носам дали сукна или фустан или панталони.Пред излегување само косата си ја средувам и лето се туширам.10-20 минути за шминка.20-за коса ,20 за облека.