ПА кога излегувам денски најчесто ми треба околу половина час максимум доколку за вечерно час до два со се капење,сушење,фризура па шминка,па облека и сето тоа одзема време.За специјални пригоди 3 часа не ми бегаат .Ех пусто женско еден куп церемонии треба да заврши пред да се спреми целосно ,а машките во 5 минути готови се
^ Па и зависи од машкото, дечко ми некад еден саат не го оправа. Ритуали во веце прави, се бричи изгледа влакно по влакно ама таков е педантен и среден, плус и додека да искомбинира ехеее Јас за денски излегување ми треба еден час, вклучувајќи миење лице, заби, кафе си пијам обавезно додека се спремувам, додека да најдам што да облечам, толку е времето. Плус и во зима еден куп алишта додека се облечат За вечерно излегување, обично се бањам порано заради косата, и треба време да се исуши, а за спремување исто еден час, шминка, местење коса и барање облека. Но, зависи, некогаш можам и за 15 минути да бидам готова. Вака бидејќи имам време на располагање (дека сум си дома) и си се спремам лека полека. Да сум во ситуација секогаш да бидам спремна пример за 15-20 минути, e тогаш сум експресно брза, завршувам за 14 или 19
Најчесто 15 минути и помалку бидејќи предходно бирам што ќе носам па само го облакам, не се шминкам и не губам време на тоа, па така да само за облакање, косата и да се видам дали се е добро, тоа е некој 15тина минути...
За преку ден, скоро секогаш однапред ми е спремена облеката. За дотерување ми требаат максимум 10 минути. Е навечер е друга прича, колку и да си смислам однапред што да носам, пак нешто нема да ми одговара, па така иде пробување, па кога ќе решам конечно облекување. За коса во последно време не ми треба многу, само чешлање и ај, а кога ја пеглам само за тоа ми одзима до 20 минути . За шминка ми е потребно, горе доле 20 минути ( освен ако не зезнам со сенка па мноооогу подолго да потрае)
Па за вечерно излегување ми е потребно околу 2 саати со се капење.Се издепилирам очупам и 1 саат барам што да носам.Тоа ми одзема најмногу време.Останатиот 1 час се пеглам, фенирам и се блекувам и шминкам. За денско ми треба околу пола саат.
Аххх мојата лоша страна... За денско ми треба минимум 1 саат ако е за со другарки ова она, а ако е нешто по специјално може и 2 саати xD. Е вечерното е... пример ако искачам од 9-10 почнувам во 7-8 со спремање а завршувам 9 и нешто или 10 и непто -Бањање (обавезно пред секое искачање, Депилација и такви глупости си е средено пред време, ноктите исто затоа што стално скоро имам надградба не ми се проблем) -Облека мислам една недела пред искачање и имам милион комбинации ама на крај 5 до 12 испаѓа нешто сосема 10то -Косата иако ми е права пеглање обавезно.. а може и виткање некогаш. -Шминка помалку од 40 мин. никогаш xD -Изборот на парфем исто ми одзема време. Мислам каков парфем да ставам 10 мин xD -Исто после изборот на штикли може да се деси да неможам ташна да си најдам или негде да сум ја дала па ајде вртење по другарки ова она. -После едно 5-6 пати ѕвонење од другарките облекувам штикли и искачам. И еднаш се нема десено право да отидам кај што треба еднап барем се враќам дома по нешто што сум заборавила И така каснам 15-30 мин XD
Мојата подготовка за излегување трае 45 минути а понекогаш и помалку. 15 минути одлучувам што ке носам,15 минути се шминкам и останатите 15 минути ги минувам во средување на косата,па и шупкање околу собите како муа без глава како нешто да ми фали.
Мојата подготовка за излегување трае околу 30 мин. без разлика дали е вечерно или дневно излегување.Однапред имам испланирано облека и фризура,не оставам на случајност и затоа сум експедитивна.
За вечерно излегување ми требаат 2-3 часа со вклучено капење,секако! Се капам,сушам коса мачкам крем па почнувам да се шминкам едно 40тина минути па малку ја потсредувам косата,се облекувам и дефинитивно потрагата за нескинати хулахопки ми одзема највеќе време!
Па за денско излегување 1 час дека не се шминкам многу за преку ден обично пудра малце сенка а може и не маскара, моливче руменило и то.. малце косата да ја средам обично во реп и во меѓувреме смислувам што ќе облечам, а за навечер 2 саати обавезно може и повеќе (се разбира со вклучено бањање)
Порано бев брза али сега како минува времето сум се побавна за вечерно излевање ми требаат 2 саата,бањање,коса правење,нокти,шминка,облека...бидејќи ме депилира и чупа козметичарка секогаш сум средена..е сега се бањам околу пола саат,па млеко за тело ово оно да се облечам 1 саат ти отишол...облеката ми ее однапред испланирана оти ако ја планирам пред излевање е тогаш како и да додека да осамне готава ќе сум..на закачалка испеглано одма и штикли и ташна оставено на креветот стојат...потоа косата да си ја направам пола саат сакаш несакаш оде и за тоа и на крајо се шминкам пола саат некаде и ако излегувам 9-10 јас почнувам да се спремам 6:30-7 саато.. за да сум на време и секогаш јас сум таа што касни.. Е сега за дневно излевање пола саат миење лице и заби,облека многу многу не ја мислам ама секогаш одвечер ќе си испланирам што ќе носам и секогаш имам комбинации за секој случај искомбинирани ако треба набрзина да излезам,крем,ако има потреба коректор сјај,парфем....
За вечерно излегување најмногу ми треба 1 и 30 мин. За тоа време се бањам,сушам коса, се шминкам и се останато. Додека за излагање преку ден за 20 мин сум готова..
За дневно излегување било каде за 30 мин сум готова. Облеката не ми е испланирана однапред секогаш е она што мислам дека ќе ми биде удобно и топло. За вечерно излегување се спремам повеќе сати. Облеката ми е испланирана во мојот мозок. Како сум имала замислено така... Е сега некад се десило да се заседнам од 16часот да се спремам, ако почнам тогаш повеќе време ми се одзема за косата бидејќи ја пеглам прамен по прамен. Потоа пијам кафе па се шминкам и секогаш ми доаѓа до два сати само за шминка. Па ќе се облечам,па парфем...и на крајот ќе си правам фризура. Секогаш сум точна кога ќе излегувам ретко да каснам.
Најмногу ми треба еден час,без вклучено капење,фенирање и таквите работи.И многу ретко се случува да каснам,а ако каснам,каснам најмногу 5минути.
За дневно излегување најбрзо што можам да се подготвам е 10м...но ако не се бразам може и 30мин и никогаш не доцнам. А за вечерно излегување е нешто друго ако сум договорена во девет и триесет морам да започнам со спремање од седум бидеќи имам долга и бујна коса па...пеглањето ми одзема време,а облекувањето окулу 15 до 20 минути. Задоцнувањето е обавезно кога станува збор за вечерно излегување.
За вечерно излегување највеќе време ми одзима да ја средам косата ( околу 40тина минути) а се на се со се бањање сум спремна за саат и пол
Па вака, 15-20 минути доколку претходно имам испланирано што ќе носам. 10 минути ми одзема шминкање и останатото време го користам за ситници да не заборавам нешто. Е сега зависи дали некој ќе се плетка околу мене и ми пречи, и каков ми е денот. Обично толку ми треба за да бидам брза а да не брзам. Има денови кога се случува ни саат време да не ми биде доволен, ама тоа не е за фалење.