Јас?Излегување?Подготовка? Јао..тоа ти е еден процес како да го чекаш султанот Сулејман,море бетер Хурем! Ќе земам јас некои алишта шо сум ги планирала,арно ама ќе се облечам и ќе ми текни на нешто не знам како и одма менувам алишта како чорапите шо се менуваат...дома?Модна ревија на Симона сикрет... Дури да се одлучам тоа трае околу 20тина минутки и такааа..и ќе ме чекаат мене заради моите модни церемонии,а чудо-апокалипса!Е тоа чудо ќе биди кога јас треба да чекам некого... ете тоа ти е...
Најмногу време ми оди во шминкање.Обожавам да се шминкам и околу 30 минути можеби и повеќе на тоа посветувам.Косата ја правам претходно во текот на денот ми одзема околу половина час, 40 минути повеќе не.Облека брзо бирам, ама знам да го растурам цел шкаф.И не само мојот, дури и на сестрами. Тоа е тоа. Се на се околу саат и пол ми е доволно за се. За разлика од вечерно, денско излегување околу 40 минути и сум спремна. Ставам малку маскара и креонче, парфемче, лежерна облека, и готова.
Со мене човек може да си приумре значи. За денско искачање воопшто не сум комплицирана.Одбирам одма што ќе облечам и се шминкам за 10 мин.Ставам пудра,руж,маскара и лабело некое и готова сум. А за вечерно искачање е тоа е вечност. Значи идам да се бањам 30 мин па морам да се депилирам за тоа 1 саат. Потоа пробувам што ќе облечам, па не ми се допаѓа тоа па друго, па се мислам и на крај па првото што сум го облекла а во собата атомска бомба ко да паднала. Се шминкам па не ми се свиѓа па бришам и така 1 саат -.- На крај косата ја средувам и ставам накит, парфем и таман кога го зимам пликото барам ко ненормална клуч и уште толку е хаос а јас се нервирам бидејќи плус каснам по обичај. Се на се многу сум нервозна кога знам дека вечерта треба да искачам бидејќи знам дека ќе поминам низ еден долг процес.
ДЕНСКО ИЗЛЕГУВАЊЕ Се шминкам 10мин. потоа 20мин размислувам што ќе облечам, обично фармерки, кратки чизмички и некој џемпер во овој период, потоа 20 мин косата и ете сум цакум пакум за 50мин
ДЕНСКО ИЗЛЕГУВАЊЕ Се шминкам 10мин. потоа 20мин размислувам што ќе облечам, обично фармерки, кратки чизмички и некој џемпер во овој период, потоа 20 мин косата и ете сум цакум пакум за 50мин Вечерно: се шминкам 20 мин косата 40 мин се облекувам 30мин дури изберам облека 10 мин накит барам и толку
Велат ако ти треба подолго од 30 минути за да се нашминкаш- не си доволно убава ха ха Кај мене зависи од расположението и како имам време обично 10 мин шминка, 20 мин коса и 10 мин се облекувам тоа е тоа
Па отприлика сат и пол ми треба Понекогаш знам да направам цел хаос, некогаш знам што ќе носам, или пак во меѓувреме нешто ќе ми текне па ќе се пресоблекувам повторно. Па шмикање (Зависи каде одам, некогаш 30 мин ми требаат некогаш 15) Па Косата па на крај сликање
Мразам кога морам да излезам од дома а не сакам. Негодувањето се должи на недостатокот на време, креативност и инспирација. Во идеален случај сакам да излезам од дома без брзање. Под притисок елементот на кретивност не ми функциноира. Исто така останатите сегменти да соработуваат. Севкупниот изглед би бил одличен ако не станува збор за некои од многуte лоши денови на мојата коса. Просечното зјапање во плакарот ми трае 20 минути. Ако пробам повеќе од 2 комбинации знам дека селекцијата ќе потрае. Никогаш не станав една од оние жени кои имааt идеална комбинација во заден план за итен случај. Едноличноста не се вбројува меѓу моите одлики, па со тоа комбинациите бргу ми здосадуваат. Шминкањето ми оди релативно брзо во последно време. Црвениот кармин ми се вклопува во повеќето од случаите, а брзото нанесување на сенки добро го имам извежбано. Но најчесто, не испаѓа така. Јас искрено се трудам да внимавам на изгледот и за по дома, па самото излегување до продавница ме прави нервозна ако не сум во барем прифатливо издание.
Воопшто не сум комплицирана. Не се мислам што да носам, обично додека правам нешто друго го размислувам и тоа. Се бањам порано, не пола саат пред излегување па да ме чекаат сите. И тоа е тоа. Најмногу ме нервираат личности со кои треба да се договориш три дена однапред за да бидат спремни. Ако им се јавиш дента, Еј, ај да праиме нешто вечер, Ама не можам, па немам време да се спремам, па требаше вчера да се договориме... Мислам озбилно? Па нема на бал да одиме мајка му. Ако ми се излегува не пропуштам добар помин зашто косата баш дента не ми била миена, зашто ми се јавиле во пет до дванаесет и сум немала време да се спремам и други глупости. На крај краева ја врзувам косата, ја оправам некако и тоа е тоа.
Зависи кога како... За денско излегување може да бидам готова и за 15 минути. Се облекувам нешто најлежерно, фармерки и блуза или некој џемпер, патики или чизми... пудро, маскара и сјај. А за навечер, некогаш може 1 саат да пробувам алишта, да си замислам едно, а да завршам со сосем друго. Не се шминкам многу, така да шминкањето и косата не ми одземаат многу време
Кога излегувам преку ден се спремам за само 10-15 мин. се облекувам едноставно фармерки, блуза, патики.. ставам маскара и малку креон и готова сум. Но кога се работи за вечерно излегување ми треба околу 1 час.. 20 мин. се пеглам/фенирам, 20 мин. се шминкам бидејки сеуште не сум баш добра во шминкањето штотуку почнав се бришам милион пати и се одново и се облечувам за 5-10мин бидејки секогаш ми е испланирано што ќе носам..
хмммм преку ден околу 30 минути, а за навечер....охоооо околу 2 часа обожавам да си се спремам лежерно,по полека
За излегување на викенд: -преку ден ќе излезам да купам хулохопки и такви глупости ако ми се потребни за вечер -си одам дома, кревам паника дека нема што да облечам -пола час барам нешто прикладно за облека -пола час плачам пошто не ми се свиѓа тоа што треба да го облечам -пола час ја колнам државата, зошто им дава такви ниски плати па јас да не можам еден фустан да си купам како што треба и повторно липам -после некако ќе се приберам и одам да се бањам -се бањам околу 1 час (влучува:бричење и ставање маски на лицето и разни креми) -сушам косата околу пола час -косата ја пеглам околу пола час -се шминкам за 20 минути -се облекувам -повторно ја пеглам косата, пошто веќе е виткана -конечно може да излезам За излегување преку ден (на кафе/прошетка и сл) ми требаат околу 20/30 минути да се спремам, само се шминкам малку и се облекувам и толку. Прилично бавно а ... таква сум!
Почесто сум брза .. ама секогаш ме чекаат дури кога ке викнат по мене тогаш почињам да сее средувам или досредувам
Уф многу навечер можам да почнам до 20 ч и до 23 да се влечам, бањање, фенирање пеглање, целиот шкаф со алишта надвор, облечи соблечи и пред да излезам веќе изморена сум . Но сепак прекрасно е чуството кога ќе облечиш нешто топ и идеш у град полна со самодоверба
Хихихи читам и се смеам, какви сме ние женските, посебен процес е подготовката за излегување навечер. Јас ако почнам три часа пред договореното на време би успеала убаво да се спремам, ама работата е што никогаш не почнувам така. Гледам дошло 20.30, паника ме фаќа дека уште не сум влегла да се бањам. Додека се бањам низ глава ми се мотаат потенцијалните комбинации на облека. Завршуваш, па млеко за тело, па шминкање, па коса, па проба на пола плакар (секако собата ја правиш хаос), за на крај да облечам нешто што прво сум пробала. И така најчесто доцнам од 15 до 30 мин. на секое искачање.
Кога однапред знам каде одам и во колку саат,добро е. Тогаш одма прво во глава си правам комбинации и после си испробувам. Шминката ми одзема најмногу време. Обожавам на раат полека да си се средувам,ама кога мора знам и да побрзам.
За 15 мин сум готова пред излегување и секогаш ги чекам другите. Од цел ден на располагање и знаејќи дека излегуваме и пак доцнат. Јас кога знам дека излегувам си го планирам времето...
Па однапред испанирам што ќе облечам и кога дојде време се облекувам, шминкам и сум готова некаде за 15-20 минути.