Па спора сум многу, бидејќи во последен момент ми текнува све, и одма облекувам нешто друго и така облечи соблечи
Некогаш знам да доцнам, некогаш и сум многу брза. Се зависи од тоа како сум расположена а и кој ме чека. Обично се договорам ден унапред за излегување па од сабајле си ја мијам косата, преку ден си ја пеглам/виткам и планирам да облека. Така да саат време пред да излезам прво се туширам, мијам лице/заби, се облекувам, се шминкам нежно и сум готова.
Брзо се спремам,никаде не каснам,сите ми се чудат како никаде не каснам и како секаде и секогаш сум на време за облекува имам испланирано а не да барам во моментот
Најчесто околу 1 час ми треба за спремање.Можам да се нашминкам и за 15 минути ама затоа облека бирам 3 дена