1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Подготовка за и прилагодување со твојот миленик

Дискусија во 'Дом' започната од x.Daisy.x, 26 март 2011.

  1. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.884
    Допаѓања:
    13.423
    За почетници

    Сакате куче...сигрни сте? Кога сте се одлучиле да имате куче,треба да знаете дека во вашиот дом доаѓа нов член на семејството,кој бара многу време,енергија,откажување и највеќе од се љубов. Треба да сте спремни и да знаете дека скоро секое куче во просек живее од 13 до 15 години,дека кучињата не се моментална забава и играчка,туку се живи битија и си имаат свои потреби и барања.

    На вас е, и сосема е сеедно дали ќе се одлучите за расно или не расно куче. Доколку сакате расно куче треба да одберете неколку раси,за кои добро ќе се информирате,во однос дали можете да воспитувате таква раса и да му ги пружите потребните услови за живот.Треба особено да внимавате на карактерот,темпераментот и големината на одредена раса.
    Веќе сте се одлучиле...побарајте солидни одгледувачи,сопственици на кучиња кои може да ви посочат и помогнат во изборот.
    Кога веќе сте одбрале,најважно е да бидете сигурни дека кученцата се здрави и правилно вакцинирани.Разговарајте со одгледувачот од каде ќе го земете кучето,советувајте се со други одгледувачи,собирајте искуства и највеќе од се имформирајте се за се потребно за расата која ќе ја земете.

    За почетници

    Веќе сигурно имате одбрано раса на куче или независно дали е расно или не, се е договорено и треба само да го преземете малото кутре! Сигурно сте нестрпливи и едвај чекате да тоа мало, мило суштество пристигне во вашиот дом.
    Но,што треба прво да направите освен да имате голема желба и љубов кон кучињата. Еве неколку совети кои треба да ги знаете:

    1.Треба да сте спремни вие и вашиот дом за превзимање на малото кученце.
    Тоа значи дека домот мора да е чист,ако сте во можност тргнете ги теписите и поставете линолеум,за да малото куче не се лизга по паркет. Изолирајте ги сите кабли,тргнете ги сите хемикалии и средства со кој го чистите домот.Добро е да ги замените со биолошки средства ,при понатамошно чистење.Тргнете ги од дофат сите лекарства,сунгерчиња,козметички средства,цвеќиња.

    Кога веке тоа сте го направиле одиме на втора фаза:
    2. Кученцето доаѓа во вашиот дом. Тоа е мало и збинето,ненавикнато на новатасредина! Оставете го добро да ја испита! Оставете го да се измокри каде сака,бидејки тоа сеуште не го познава просторот добро.урината може да ја исчистите со разблажен раствор од оцет и вода.Обично така исчистеното место,нема повторно да го наведе кученцето да мокри на исто место.
    Немојте да го карате кушето,ако направи нешто што на вас не ви одговара,тоа не е адаптирано,ниту на просторот ниту на вашиот глас и само може да го уплашите!
    Со соодветно воспитување,може да почнете после 2-3 дена,кога кученцето ќе биде веке навикнато и одомаќено.

    3. После добрата контрола и запознавање на просторот од страна на кученцето,понудете го со вода и храна.
    Однесете го до местото каде ќе му стојат посудите за вода и храна.Ако почне да јаде,значи веќе добро го запознало амбиентот и веќе е ослободено.Доколку одбива,оставете го,доволно е да се напие вода и да продолжи со истражување.

    4. Оставете и гледајте каде тоа после напорното истражување ќе се смести и заспие.Таму поставете му го леглото! Обично кучињата знаат кој дел од станот највеќе им одговара,каде ќе бидат сигурни и мирни.Но, внимавајте тоа место да не е влажно и студено.

    5. Како да го сотавите само? Идеално е кога би можеле првите два-три дена комплетно да ги посветите на малото куче.Најдобро е при самото запознавање и првиот момент на доаѓање на кученцето во вашиот дом да бидете само вие и вашето семејство.Со тоа кучето нема да биде во забуна и полесно ќе се навикне на неколку гласови,отколку на бучава од голем број луѓе.
    Но,неможе секогаш се да се подеси по наша желба,па добро треба да се организирате како ќе го оставите куќенцето само дома. Во зависност од тоа што ќе му оставите на располагање,дали целиот простор или некој помал дел од станот,мора првенствено да го ограничите до несаканите делови,се мисли на се што е лесно на дофат и слатко за грицкање,да не падне по скали,да не се качува по намештајот!Во ваков случај добро доаѓаат металните огради,зависно од тоа каде мислите да го сместите има типови: комлетна јасла-ограда,каде комплетно е заградено кучето и тоа му единствен простор за движење,браници-ограда која граничи дел од одредени простории(истите огради за врати како за бебиња),штитници за врати кои се еден вид кочници и неможе да се отворат вратичките од плакари,врати и итн.
    При оставање на кученцето прво припремете го на таков шок само на неколку минути,па пола саат,па понатака на повеќе!
    Најважно од се е да во тој определен простор каде ќе го оставате додека не сте дома,морасекогаш да има доволно вода,храна и играчки.
    (превземено)
     
    На MermaidKiky и blond им се допаѓа ова.
  2. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Грижа за домашните миленици


    Тој големиот текст за почетници што го имаш поставено во темава, е многу корисен за почетници и затоа мислам дека подобро е да се отвори посебна тема за тој текст, бидејќи вака ќе се изгуби низ странициве и многу почетници нема да го прочитаат, а текстот е многу корисен.
     
  3. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.884
    Допаѓања:
    13.423
    Те послушале модераторите/админите. :)
     
  4. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Навцистина е корисно се ова што си го напишала, само јас би додала дека се ова што е напишано X 10 треба да е спремен секој кој мисли да чува милениче дома, посебно кученце.
    Јас не одев на факулет заради кученцето, беше многу мало имаше само 45 дена, како да го оставам само? Немаше шанси. Ноќе станував на 3 саати исто ко со бебе зошто квичеше, сакаше млеко, или да мочка, да кака, а најчесто да си играме ме будеше :)
    Сега е голем има 7 месеци и дома седи без проблем, прекина веќе и да мочка дома додека е сам, чека да дојдам да отворам и одма оди во двор. Само обавено му оставам уклучен телевизор, мрази да е сам.
    Кога го оставам со моите дома а јас сум излезена, седи пред влезна врата чека да се вратам или седи пред вратата од мојата соба. Така да јас секогаш кога го оставам дома сам, гледам што побрзо да се вратам дома.
    Па после секое излегување од дома, му ги бришам нозете, ако се тркалал низ трева цел го бришам со влажни марамици за да не внесува дома нечистотија.
    После секое трчање во парк го бањам само со вода (со оглед на тоа што е ретривер обожава да се бања), морам да пазам зошто спие со мене, колку и да не му дозволувам пак ноќе се качува до мене да си легне.
    Така да милениче е гоооооооолема обврска!!!
    Ког ке размислам, се исплати се што правам за него, зошто ми го разубави животот!!!
     
    На Divinebutterfly и rossonerka им се допаѓа ова.
  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Убава кажа Бејби90 огрооооооомна обврска е кученце.
    Пред да земеме разговаравме со моите поточно кога ги убедувавме за куче (а имам и чувам маче, риби, папагал, зајак сум чувала сепак куче е куче) не прашуваа нашите ќе го храните секој ден? шетате 2 пати на ден? чешлате? бањате? ако лае навечер да го играте? да не искачате дека нема кој да го чува? и ние со сестрами сериозно на се одговоривме ДА. Сега после година ипол ќе кажам дека мајка ми и татко ми чуваат друго дете.
    Значи јас со сестра ми да го шетаме, да го храниме, ама ако е ладно, настинати, не мрзи, имаме да учиме одма татко ми го шета, мајка ми му подготвува ручек и испадна дека они повеќе го чуваат.
    Ние го мазите, галиме ама кога ние сакаме и кога ни е досадно. А она првичното од неискачање, од играње со него во доцна во ноќта се тоа го почитувавме ама на почетокот :) Уф па колку е лошо сабота сабајле ние сме скитале до доцна во ноќта и кученцето ве буди да го шетате, ах мразите што сте земале куче.

    Ама оние очиња кои ме дочекуваат секој ден да си дојдам дома, она допирање носе со носе кога ќе му речам ајде буби ме :D, она мазење, галкање со ништо не би го менувала. Просто го обожавам и пак не би спиела навечер и пак би го чистела на 5 минути тепихот од неговото мочкање и фала на мама и тато што го чуваат зашто јас и сестра ми сме мрзи :)
     
    На baby.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Јас мојот верен пес, лав во пекинезерско руво, си го чувам добри 11 години. Се сеќавам на сите „маки“ што ме снајдоа мене и мама ми кога го земавме. Дур беше мал мочкаше и какаше кај ќе стигне, не` будеше во 4 сабајле, па моравме да му ставаме весници околу корпата за да го слушаме кога излегува и да трчаме по него пред да направи беља. :D

    Се` беше супер, се до пред 4-5 години, кога нагло се разболе од болест која на сите ни ги смени животите. Две операции, скоро секој ден на ветеринар, пазење бетер од детуле. Ама издржавме, и сега е подобар. Никогаш не се откажавме од него, без разлика колку ноќи јас место да излегувам/учам/спијам седев будна за да му ја следам состојбата, и без разлика колку пати требаше да одам горе долу по скали за да го изнесам надвор. Тоа ме носи и до поентата на мојов пост:

    Луѓе, не земајте куче заради помодарство. Куче не се купува за да се носи по кафиња, да седи мирно на едно место и да ви го дише чадот од цигарите. Куче не се купува за да му се купуваат беспотребни смешни облечиња (освен зимно време), и не се купува за чалам. Не може секој да чува куче, пред се` мора огромна психичка спремност, точно е дека неретко знаат да изнервираат, ама не смее да им се крене рака, тие не ги разбираат причините зошто вие сте лути.

    И најважно: КУЧЕ НЕ СЕ НАПУШТА! Ако сте веќе одлучени да земете куче, бидете спремни на суштество што ќе ве сака вас повеќе од самото себе, и ќе ве гледа како Бог. Не смее таква љубов да се напушти!
     
    На rossonerka, baby.90 и Theodora им се допаѓа ова.
  7. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Јас можам да се пофалам дека сама се грижев за него, и кога треба да одам некаде, ги прашувам моите дали ке го чуваат. Јас си ветив дека за прв пат во животот, дека ке бидам одговорна и дека ке ги исполнувам сите обврски околу него.
    Секој ден мислам што за јадење, зошто и му готвам, да јаде се што треба.
    Кога беше мал зошто мочкаше каде што ке стигне, ми го измочка цел тепих во собата, па го перевме во октомври месец и го собравме, уште немам тепих во соба :D
    Еве да ви раскажам кога кученцето мое мило имаше само 65 дена што направи...
    Станувам сабајле, што да видам, јорганот го измочкал, си легнал на мокро, па цел се направил лом. Така мокар си лежел по паркет - кој исто така го направил лом. Кога станав незнаев што попрво, дали постелнината да ја перам, дали јорганот, дали кучето да го бањам, дали паркетот да го бришам :D :D :D
    Изигравав пепелашка во 9 саат сабајле. Сега ми е смешно, ама тогаш не ми беше до смеење ама ич :D
    Значи секој кој мисли да си земе кученце дома нека биде подготвен ама баш на се.
    Незнае кученцето дека ние сме уморни и неможеме да си играме со него, да трчаме, да шетаме.
    Неможе да го гушкаме и галиме нас кога ке ни текне.
    Кучето е исто како дете, ги има истите потреби.

    Уште една случка која ја видов на ФБ: Кокер шпаниел 11 години стар, се подарува, бара некој кој ке го сака и кој е се грижи за него. Причината... Кучето е старо, не му преостанува уште многу, па зошто сопствениците да тагуваат по него, кога може некој друг??? Како не им е срам на тие кои го подаруваат кучето, како може да дозволат да го дадат на некој кој, кога ке се зближи со него ке треба да се збогува и да тагува по кученцето??? Ми се гади од вакви луѓе...
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Хаха, да ме послушале :)
    Али стварно штета би било вака убав и поучен текст да се изгуби низ страниците, добро е тоа што се отвори посебна тема за текстот.

    Ај и јас да си кажам како беше со моето Пудличе.
    Го земав на точно 45 дена старост и таму од каде што ја купив ми рекоа дека само е прочистена од глисти,но не е вакцинирана.
    И јас си ја зедов мојата принцеза Луна (инаку 6 женски кутриња беа во леглото и се одлучив за мојата убавица бидејќи таа прва ми прииде на мене :inlove: ).
    И си ја земав и одма директно на ветеринар ја однесов да и стават прва вакцина и потоа дома си дојдовме.
    За вршење нужда за многу кус период се научи, бидејќи како што знаете дресер сум и ја знам вистинската метода како брзо и лесно да се научи кутрето да не врши нужда низ домот.
    За да не врши нужда низ домот потребно беше околу 2 недели и после не правеше никакви бељи низ домот, многу послушно кутренце беше.
    Обично на 4 месечна возраст кога почнуваат да ги менуваат запчињата, многу кучиња гризат се што ќе им дојде на патот, но моето си имаше една гумена играчка и само неа ја гризеше. Папучи, теписи и слични ствари нема пипнато во живот, никаква штета не ни направила.

    Според мене ако со вистинска љубов се чува и се сака кучето тогаш нема да претставува никаква обврска кучето, пардон, ќе претставува слатка обврска.

    Инаку не е секој за куче да чува.
    Многумина ги зимаат кучињата за занимација на нивните деца или од помодарство или од Х причини, и после кога ќе видат дека секој ден треба по минимум 2 пати да го шетаат и дека си има обврски, им поминува меракот и почнуваат да ги подаруваат или да ги пуштаат по улица.
    Секој кој сака да земе куче треба да е свесен дека добива уште еден нов член во фамилијата и да биде спремен во наредните 12/13 години (а некогаш достигнуваат старост и по 16/17 години) да му пружи на кучето убав живот.
     
  9. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Фала ви многу на сите за советите. Во план сум да си земам женско кученце тоа ми е одамна желба. Чувам веќе 4 ипол годи мачор, знам дека не е исто како да чуваш куче, кучето си бара далеку поголема грижа од колку мачка ама сепак на некој начин веќе знам што претставува слатка обврска па вашите совети само ми помагаат псхички повеќе да се подготвам за тоа што ме очекува. Доколку нешто се сака од срце не е тешко само на моменти напорно. :) И многу сте во право кога викате дека целиот тој напор се заборава кога ќе ме поглене милно, кога си играме или кога ме пречекува кога си доѓам дома. Тоа не се опишува тоа треба да се доживее.

    Може некој да ми даде совет какво кученце да земам дали машко или женско? Имали ли некоја разлика или не?
     
  10. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Да, има голема разлика помеѓу машко и женско куче.
    Женските се помирни и поприврзани за фамилијата и имаат помек карактер, а машките не се толку приврзани за фамилијата и често знаат да бегаат по женки и многу често знаат да се здават со друг мажјак.
    Секој искусен кучкар како што сум јас, ќе ти препорача да си земеш женско и да си немаш проблеми.
    А плус уште една причина да земеш женско е тоа што ќе ти биде прво куче и многу полесно ќе се справиш со женката отколку со мажјакот.
    А во врска со расата, бидејќи ќе ти биде прво куче би ти препорачала да си земеш некоја раса со помирен карактер.

    Незнам што раса да ти препорачам бидејќи незнам каква сакаш да биде, ај одговори ми на прашањава па врз основа на твоите одговори ќе видам која раса најмногу би ти одговарала.

    -Каде ќе го чуваш кучето, во двор или внатре со вас ќе седи ?
    -Колкава големина сакаш да биде кучето (мало, средно, големо) ?
    -Каков карактер имаш ти, дали си спортски тип или си „мрзливка„ :)
    Ова последново прашање е едно од најбитните прашања пред да се земе куче бидејќи многу е важно да се совпаѓат карактерите на сопственикот и кучето бидејќи ако ти си личнос што не сака многу движење и шетање, тогаш ти неможеш да чуваш раса што бара многу шетање и трчање бидејќи нема да бидеш во можност секојдневно да и ја трошиш енргијата на кучето, а ако кучето е со непотрошена енергија тогаш доаѓа до други проблеми.
     
    На A-j-a му/ѝ се допаѓа ова.
  11. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023

    -Каде ќе го чуваш кучето, во двор или внатре со вас ќе седи ?
    Живеам во стан па така кученцето ќе живее со нас дома.

    -Колкава големина сакаш да биде кучето (мало, средно, големо) ?
    Мало (само не чивава)

    -Каков карактер имаш ти, дали си спортски тип или си „мрзливка„ :)
    дефинитивно не сум спортски тип па затоа би рекла ,,мрзливка''


    Се мислам за ваква малтешка пудла па може ли да ми кажеш дали таа би била погодна? Ама сепак сакам да видам што би ми препорачала ти. Фала ти многу, дефинитивно се одлучив за женско кученце. :)
     

    Прикачени фајлови:

  12. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Значи ти треба мало кученце што ќе го чуваш во стан и кучето да не биде многу темпераментно :)

    Прво што би ти предложила е да си земеш Пудла.
    Јас имам Средна Пудла, црна боја и веќе 6 години ја чувам во стан.
    Позитивната страна на Пудлите е тоа што не се митарат и дома нема да имаш никакви проблеми со влакна, а и Пудлите се на второ место по интелегенција, е сега доколку знаеш дека постојат повеќе од 350 раси на кучиња, а Пудлата го држи екстра високото второ место, мислам дека се е кажано за нивната интелегенција и за тоа колку многу се паметни.
    Еве ќе ти оставам слики од расите што мислам дека би ти одговарале

    1) Пудла

    [​IMG]

    2) Малтезер

    [​IMG]

    3) Ши Цу

    [​IMG]

    4) Пекинезер

    [​IMG]

    5) Западно шкотски бел териер

    [​IMG]

    6) Јоркширски териер

    [​IMG]

    7) Минијатурен Пинчер

    [​IMG]

    8 Минијатурен Шнауцер

    [​IMG]

    Има уште мнооогу раси.
    Кога ќе се одлучиш за расата, слободно можеш да ме прашаш да ти кажам нешто повеќе околу расата што си ја одбрала :)
     
    На A-j-a му/ѝ се допаѓа ова.
  13. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    Домашни миленичиња

    јас сакам да си земам кученце , од тие страните за посвојување што се...е се уште да ги натерам моите :( не е фер никогаш сум немала , а и како што тргнале и никогаш нема да имам :(
     
  14. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Домашни миленичиња

    Многу би сакала да чувам кученце дома, или маче, сеедно. Голема желба ми е уште од мала да имам милениче ама никогаш не сум можела да ги натерам моите. :(
     
  15. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    Домашни миленичиња

    Може совет за какво животинче да земам? какао што кажав татако ми нејке куче или маче , ни па некои што мирисаат како хрчаците.....и да нека прави ѓубре , јас ке чистам, само нека не смрди...совет?? :(
     
  16. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Домашни миленичиња

    Штета што не ти дозволува таткоти да чуваш куче или маче :(

    - Папагал неможеш да чуваш бидејќи ќе ти прави ѓубре и пердуви ќе имаш околу кафезот.
    - Џуџесто зајче / Морско прасе / Хрчак исто така неможеш да чуваш бидејќи мирисаат.

    Би ти препорачала да си земеш аквариум со риби или водна желка.
    Не ми текнува кој би можел да биде друг миленик што нема да прави ѓубре и што нема да мириса, единствен избор ти е аквариум со риби или водна желка.

    Додуша и хрчакот нема да мириса ако редовно му ја менуваш пилевината, али за да не мириса треба на 2 дена да му ја менуваш пилевината.
     
  17. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    Домашни миленичиња

    изгледа не ме разбра реков нека прави колку сака ѓубре, ке чистам, само нека не смрди...епа изгледа папагалче ке земам...фала :)
     
  18. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Домашни миленичиња

    исто е и кај мене ;(
     
  19. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Домашни миленичиња

    ^ Ни моите не ми дозволуваа, ама јас еден ден без нивно знаење им тупнав дома едномесечно малечко пекинејзерче и одма го засакаа :lol: Не можеа да го фрлат туку така, башка „поклон“ ми беше (договорен), а поклон не се враќа ;)
    И еве после 4 години сега татко ми изиграва газда, пошто него најмногу го слуша, а мајка ми само ја мази небаре е мачка :) Куче многу лесно може да се засака!
     
    На Divinebutterfly и WhiteAngel им се допаѓа ова.
  20. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    Домашни миленичиња

    сдп дали освен кучињата и мачињата и некое од помалите животинчиња може да се поврза со сопственикот? Или сите се инстинктивни и се мртви ладни ако си играш со нив? :(