Јас имам папагалче и можам да ти кажам дека многу се приврзува за една личност,многу сакаат да се галат но и многу какаат,но се чисти
Доберман ќе сакам да те прашам нешто,бидејки си дресер кажи ми како полесно да го научам кучето на хигиенски навики бидејќи планирам да земам куче па да бидам спремна И кај мене е истиот проблем но татко ми се согласува т.е тој ќе ми го купи кучето мајка ми сака кучиња но незнам од што се плаши и никако не се согласува ама кога ќе и спомнам кокер се топи а и јас ги сакам и ги имам сите услови да го чувам ќе си купам американски кокер шпаниел Ќе видам како ќе изреагира кога ќе го донесеме
Денеска зедов минијатурен пинч без знаење на моите,мајка ми го прифати,но татко ми не ми дозволува (бидејќи било голема обврска),се утепав од плачење. Помогнете ми како би го убедила :///
Пробај да го убедиш со тоа што ќе му ветиш дека ќе го чуваш,храниш,бањаш ти(можеби се плаши да не падне целата обврска не него)Ако го оствариш твоето ветување се надевам дека ќе се смири и ќе го засака кучето.Исто оставај го кучето малку насамо со него па ќе видиш дека ќе почне да му зборува да го гушка.Пробај па кажи ни како оди. Со среќа!
Доберман,и јас планирам да земам куче и тоа Лабрадор. И сега сакам да ми кажеш затоа што ми изгледаш искусен дали како мало треба да го чувам дома или одма надвор?Затоа што кога ќе порасне дефинитивно мислам дека ќе треба надвор.Но кажи ми дали треба да го чувам внатре или ништо не му смета ако е надвор?Ако не му смета тогаш ќе седи надвор,но дали кога ќе го купам,мало треба одма да оди надвор или прво неколку недели/месеци внатре па после надвор?И можеш да ми кажеш дали на куче му смета топло?Кога е најдобро да се шета наутро рано и навечер или?Бидејќи од сабајле сум на школо за да се шета 2 пати ќе треба да го шетам во 1 и во 6-7.Друго што сакам да те прашам е дали е вистина дека кога ќе почнеш да го шеташ тоа време,во толку часот така и треба да продолжиш?Инаку планирам подолго време да биде пуштено,не врзано затоа што дворот ми е прилично голем.Друго:Со што треба да го хранам?Кучешка храна,коски или од се по малку хаха?Ако знаеш уште нешто или ти или кој било друг во врска со лабрадорот нека каже.Не е проблем ако треба ќе станувам и рано за да го шетам,да играм со него колку што треба,но сакам да биде среќен,послушен и животот во моето семејство да му биде преубав.И за крај хаха дали треба да земам машко или женско(ова ми е прво куче )Хаха ако знае некој нека одговори,сепак јас му се обратив на Доберман затоа што ми изгледаше ептен искусен?Ее уште ова.На која возраст и од каде можам да го купам/земам?Хахаха ајде доста прашувам,ќе ве заболи глава,сепак сакам на кученцето да му биде преубаво Се надевам ќе одговорите
Доберман,и јас планирам да земам куче и тоа Лабрадор. И сега сакам да ми кажеш затоа што ми изгледаш искусен дали како мало треба да го чувам дома или одма надвор?Затоа што кога ќе порасне дефинитивно мислам дека ќе треба надвор.Но кажи ми дали треба да го чувам внатре или ништо не му смета ако е надвор?Ако не му смета тогаш ќе седи надвор,но дали кога ќе го купам,мало треба одма да оди надвор или прво неколку недели/месеци внатре па после надвор?И можеш да ми кажеш дали на куче му смета топло?Кога е најдобро да се шета наутро рано и навечер или?Бидејќи од сабајле сум на школо за да се шета 2 пати ќе треба да го шетам во 1 и во 6-7.Друго што сакам да те прашам е дали е вистина дека кога ќе почнеш да го шеташ тоа време,во толку часот така и треба да продолжиш?Инаку планирам подолго време да биде пуштено,не врзано затоа што дворот ми е прилично голем.Друго:Со што треба да го хранам?Кучешка храна,коски или од се по малку хаха?Ако знаеш уште нешто или ти или кој било друг во врска со лабрадорот нека каже.Не е проблем ако треба ќе станувам и рано за да го шетам,да играм со него колку што треба,но сакам да биде среќен,послушен и животот во моето семејство да му биде преубав.И за крај хаха дали треба да земам машко или женско(ова ми е прво куче )Хаха ако знае некој нека одговори,сепак јас му се обратив на Доберман затоа што ми изгледаше ептен искусен?Ее уште ова.На која возраст и од каде можам да го купам/земам?Хахаха ајде доста прашувам,ќе ве заболи глава,сепак сакам на кученцето да му биде преубаво Се надевам ќе одговорите Спојлер морам да го ставам во боја за да се знае што пошував не ми дозволува да цитирам компјутеров. Ај побрзо да ти одговорам... Лабрадорот е многу приврзан за сопствениците и сака да биде во околина со луѓе. Ако не планирате цело време да биде дома тогаш ќе морате да дозволите барем преку ноќ да биде со вас, а преку ден надвор. Но, дали си спремна да трчаш по малото кутре да не изврши нужда на било кое место во било кое време? Дали си спремна 15 години да се грижиш за него? Некои деца ќе се погрижат за животното 5 месеца и толку веќе е големо не е слатко и доста им е од грижа на кучиња! Па тие веќе си имаат дечковци и девојки што ќе им е куче! За да си спремна за куче би требало да имаш најмалку 13 и пол години и да знаеш што те очекува. За храна: Како мало храни го со храна за кучиња и подквасувај му ја со вода за да може да ги изгрицка. КУЧЕТО ДА СЕ ХРАНИ 2 ПАТИ ДНЕВНО ТОА ЗНАЧИ ДОРУЧЕК И РУЧЕК СО ВЕЧЕРА ЌЕ МУ СЕ ОДИ ПО НУЖДА! Машко или женско: Тоа е скоро исто дали машко или женско. Ако можете да истрпиде подмочување на секој чекор тогаш можете да поминете со машко. Ако не женско, но бидете свесни дека женските влагуваат во менструален циклус и ќе треба да носи гакички, а ако е влезена во тој период ќе треба да ја чувате дома. Зошто надвор може да имате неочекуван гостин. Но добрата страна на женските е дека не бараат девојки и се приврзуваат за сопствениците. Како што кажа Доберман на една тема дека за почетници најдобро е женско. Па, да и јас би ти препорачала женско за почеток! Шетање: За шетање на лабрадор треба да се посвети 30 минути минимум!! Лабрадорот мора да ги рашири нозете со трчање. Од сабајле на шетање не е потребно многу зошто може и во дворот да трча. Но, ако не сакате да ја врши работата таму, зошто не да го шетаат родителите? Но, преку викенд рано будење и шетање на кучето! Од сабајле рано во 8 или 9, по ручек на кучето, и навечер. Вдомување/Купување на кутрето: Најповолно е на 6-8 недели да го земеш. Тогаш му се развиени забчињата отворени очињата и развиени ноџињата за трчање. Но, може и на 2 месеца и повеќе. 3 месеца да биде најкасно. Тогаш ги има добиено вакцината и ревакцината. Вие ќе треба да го носите на 4 и 5 месеца на ветеринар и ќе ви биде завршена таа работа. Од каде да се земе здраво кутре: Немој да ти текнало на памет да земеш од некоја одгледувачница или пет шоп!!! Незнаеш дали педигрето му е вистинско а најмалку дали родителите му се здрави и отпорни на Дисплезија на колкови. Тоа е воспалување на коската на колкот и е многу болно за кучето, а и неможе да се излечи. Најдобро ти е да земеш од Пазар3 горе имаш да го ставиш твојот град и тоа што бараш и треба да се стисне барај. Цената на лабрадорите се движи од 50-250 евра. Еве линк од страната: http://www.pazar3.mk/mk/Listing/Classif ... pe=ForSale a eвe и едни кои се од соодветни одгледувачи, тие сега се вдомуваат и се во сите 3 бои: http://www.playfullteam.com/puppies.html За расата: Прва кучешка раса што може да ви падне на памет е Лабрадор Ретривер. Тој е помала верзија од Њуфаундлерот, а рибарите го направиле за да им ја врши работата. Лабрадорот потекнува од Њуфаундленд (незнам како да кажам на македонски) па дека неможеле да го крстат по земјата од каде што е, дека тоа име е веќе зафатено, го крстиле по морето: Лабрадор! Лабрадорот има двослојно крзно и многу масти за да може да плива во мраз студеното море. Но, како секоја активна раса тој е склон кон дисплејзија на колкови. Затоа е препорачено да се земаат малите од соодветни одгледувачи и газди. Лабрадорите ги има во три бои:
Многу ти благодарам.А дали знаеш нешто и за Златниот Ретривер?Или истото што го пиша за Лабрадорот важи и Златниот Ретривер?Ако имаш нешто кажи затоа што се двоумам помеѓу Златниот Ретривер и Лабрадорот.Би ставила смајли како се смее ама вика дека во пораката имало многу смајлиња хаха
Ха,ха добро, но си можела и да избришеш едно мое смајли не би се лутела. Тоа првото што го пишував е општо за секое куче. Единствена ралика меѓу Златниот ретривер и Лабрадорот е дека Лабрадорот нема да ви троши време за чешлање. Па затоа јас препорачувам Лабрадор. Но тоа си зависи од тебе, некои луѓе имаат вишок време па си го чешлаат кучето. Златниот ретривер не спаѓа во оние тешките кучиња за чешлање, но сепак треба да му го поминувате крзното со Фурмиратор (орстранувач на влакна) барем 1 неделно. За бањањето на Лабрадор или Златен Ретривер е исто, Треба да се бањаат месечно по 1-2 пати. После шетање (ова се подразбира на секоја раса на куче) треба да се поминат само нозете за да не ви внесе бактерии во домот. За златниот ретривер МОРА да се чува внатре. Зошто поради неговата топлина тој привлекува крлежи па треба да ги пребарувате низ цело тело (а тоа нема баш да ви се допадне зошто ја знаете големината на еден златен ретривер, истото важи и за Лабрадорот. Златните Ретривери и Лабрадорите имаат големи опаши кои секогаш мавтаат во повеќето време. Затоа ќе треба да имате маси високи колку нивната висина на стопот (место меѓу челото и муцката) за да ги избегнувате кршењата работи кои биле оставени на масата. Интересен Факт: Златниот ретривер како мал може да му се процени неговата идна боја според ушите. Ако ушите му се потемни од крзното значи таа боја ќе биде во иднина. Исто така од American Kennel Club Лабрадорите не биле само од Чоколадна, Црна и Жолта боја, прифатена е и Сивата со сиво-сини очи. Heкои луѓе ги мешаат со Ваимаранерот, но тие се многу повитки и по „билдани“ од Лабрадорот. Еве слика: Златниот ретривер како мал може да му се процени неговата идна боја според ушите. Ако ушите му се потемни од крзното значи таа боја ќе биде во иднина.
Фала ти многу Милениче.Незнаев за ова со крлежите.Значи мислам дека ќе земам Лабрадор.Сите во моето семејство сакаат Златен Ретривер ама мислам дека кога ќе им кажам за ова ќе се предомислат.Исто така и за влакната.Многу фала па ако ми треба уште некој совет ќе ти пишам
Ништо не е, јас па наместо Милениче си го прочитав милченце по неколку пати читање разбрав за што се работи!
Гледам добри совети сте дале,ние сега пред 3 дена го зедовме нашето лабрадорче (т.е. мешанче е,незнам со што) има околу 2 месеца,не сака да седи само,затоа дома ни иди,ама мало е сеуште,само многу ни мочка ,ако имате некој совет како да го научам на едно место да оди,кажете...Ако не пелена да му ставам Пошто ми се чини не разбира уште некако,незнам... А и еве треба сама да ја оставам сега,незнам што ќе прави,ќе збеснува А треба да одам за храна да видам... Патем и давам и лебче потопено во млеко,го јади,ете ако на почеток не ви јади други работи Додуша моево се гризи веќе,пуфка прави
Само ставајте весници наоколу и кога ќе порасне носете го надвор за да врши нужда, ако почне да извршува нужда дома (ако почне да потклекнува) вие искарајте го, ни под разно да го тепате за џабе го фрустрирате кутрето! Ако веќе си извршило нужда само избришете и подвикнете му! Но, никако носење на местото на злосторството тоа не маче за да тера голем инат!