1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Подготовка на оброци за слабеење (готви еден ден за цела недела)

Дискусија во 'Диети' започната од ТедИ11, 8 февруари 2022.

  1. ТедИ11

    ТедИ11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2020
    Пораки:
    845
    Допаѓања:
    4.282
    Здраво!!
    Доколку има ваква или слична тема избришете....
    Ме интересира дали некоја од вас го применила овој начин на здраво хранење....
    Да подготвам појадок,ручек и вечера во недела за наредната да не готвам за мене колку би било здраво?
    Доста гледам на you tube подготвуваат се и сешто ор месо,јајца,зеленчуци и овошје...некои работи не би трпеле подгревање...некако ми е шубе да топла компир во петок што бил од неделата печен..
    Јас си правам денес за утре ама пак сум така на шпорет...

    Пишете ваше мислење или искуства а можеби и некоја идеја за комбинирање намирници...
    Поздравче
     
  2. ТедИ11

    ТедИ11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2020
    Пораки:
    845
    Допаѓања:
    4.282
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.659
    Допаѓања:
    99.634
    Пол:
    Женски
    Една недела унапред не, ама неколку дена да, пример зелка сецкам најчесто во недела за цела недела стои во пластично длабоко, јајца сум варела по цело пакување, стек сум пржела по цело пакување, риба, ама додатоци не. Најчесто спремам сабајле рано, станувам во 6 и спремам оброци, појадувам и ручам на работа. Јас сум брза во кујна па не ми треба многу време и за максимум 45мин сум готова со двата оброка, со спремање дете за у градинка и јас се спремам после. Во лето знам многу често и да вежбам сабајлечки.
     
    На KittyAgnes и ТедИ11 им се допаѓа ова.
  4. ТедИ11

    ТедИ11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2020
    Пораки:
    845
    Допаѓања:
    4.282
    Сакам да пробам како на видеата ама ме бунат некои работи гледам ставаат авокадо на пример ами тоа малку ако постои потемнува а не 4-5дена ..
    А инаку општо за сите неможам на направам имам и свекор и свекрва они повеќе по манџичка се ние сакаме суво и помодерни јадења...

    А за зелка и јас така правам и со марулата исто мијам 3на пример и во фрижидер
     
  5. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    696
    Пол:
    Женски
    Mnogu ubava tema,i jas slicno kako vas,ama jajca ne mi teknalo za cela nedela,ama ke stojat.Vo leto sum pravela tostirani modri patlzani,mnogu se dobri za prilog,i kolicinski moze neograniceno ,baska se mnogu vkusni.
     
    На ТедИ11 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.659
    Допаѓања:
    99.634
    Пол:
    Женски
    Aма не мора се исто, припреми напраи си, пример месо испечи и ориз направи, свари зеленчук што може да стои, па ќе доправиш само. Ова е ок, ама се што лета не се јаде. Пример испечи стек, свари ориз измешан со зеленчук, запржи мелено телешко, исецкај зеленчук, свари моркови, брокула и карфиол, свари јајца, подели се по здели и пред јадење само ќе додадеш тоа што не може да стои, пример компир или авокадо или сос или нешто друго. Не мора да е 100% спремно. Јас и манџи имам во диетата и тоа спремам однапред во тегли вакумирано, не се слабее само од фенси шменси јадења суви. Баланс, си сака баланс.
     
    На sunshinebabe, kjofti4, Vanilla15 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. ТедИ11

    ТедИ11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2020
    Пораки:
    845
    Допаѓања:
    4.282
    Здравје наредна недела сум на одмор па ќе пробам
     
  8. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.241
    Пол:
    Женски
    Ќе се согласам со @AngelOfArh , не мора се да е спремно а и не може некоја храна да трпи толку долго.
    Манци во тегли, месо сварено со зеленчуци, исецкани салати спремни за секој ручек (морков зелка цвекло пример трпат), само да си ставиш зачини дента.
    Пример и вака нешто можеш, за малата варев голема количина телешко/пилешко и ги ставав во кесички, во една кесичка месо и моркови, во друга месо и тиквичка, трета брокула, после мешано итн., и ставав во фрижидер за длабоко, вадам варам 10минути и има готов ручек.
    Ти направи си со варено месо, и само зеленчукот да се довари да не седиш цел ден в кујна.
     
    На ТедИ11 и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  9. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    696
    Пол:
    Женски
    Убаво си написала АНГЕЛ,не мора се да се спрема,може 2 пати неделно за да биде свежо ,месо варено во длабоко.Дали е почната новата програма кај АНА од февруари?
     
  10. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    8.248
    Пол:
    Женски
    Па може да се каже дека го практикувам, но за одредени видови храна. Не за се како во видеава. На пр. овошјето кое е веќе смрзнато си стои во замрзнувач и за оброк си вадам малку во чинија и му ставам топла вода. Дур си спремам храна си се одмрзнува и ги додавам. Во суштина може да зготвиш манџи (вкл. сарми, полнети бабури), или посебно месо и да го замрзнеш. Мајка ми вака ни имаше за 7-10 дена оставено ручеци за тројца кога бевме мали и отиде на службен пат на друг крај од светот на 3-4 недели. Татко ми нормално готвеше ручеци кога веќе се изеде јадењето или кога сакавме свежо нешто (и го откривме дека го бива за готвење ептен, па продужи да готви) ама ова беше од помош. Вкусот секако не е ист кога е подгреано и тазе зготвено, ама имавме домашно јадење секој ден. Махер е за планирање и подготовки, секогаш работела и дома било се под конец, од неа имам научено многу олеснителни работи. Меѓу кои:
    Во недела навечер ставаш во експрес лонец (најчесто) телешко/свинско месо колку за 3 оброци за 4 лица. Го вариш за 30 минути. Го делиш на три месото сосе водата во кое се варело. Две дози одат во замрзнувач (било во пластична ќеса, било во пластична кутија), една продолжуваш да правиш за ручекот за наредниот ден. Што и да ставам после во манџата ми требаат макс. 20 мин. преку сила за да се свари-компир, морков, боранија, грашок, или што било веќе. Тоа значи три ручеци со манџи за работната недела имаш за останатите 2 дена сум правела нешто што може да се зготви од вечер и да стои 12 саати до наредниот ден после работа: тавче гравче, леќа, полнети пиперки/бабурки, риба (рибата оладена обично ми оди во обичен фрижидер за секој случај.) и сл. Секогаш готвам одвечер, така да внимавам кога ќе се олади ако е топло или лето, да ставам во обичен фрижидер за нареден ден зошто некогаш треба да стои и повеќе од 12 часа додека да се јаде. Искрено, ориз и компир (било сладок, било обичен) печен во релна или варени во тенџере (или пире на пр.) практикувам да ги правам за дента и не ги готвам однапред зошто стварно многу брзо ферментираат и вкусни се само ако се топли. Мусака исто сакам да е тазе. Исто и пржени компири правам свежи, најчесто само по желба на децата ама тоа многу ретко се јаде кај нас, воопшто како и пржената храна. Месо свинско печено во релна исто добро се одржува уште ден два во обичен фрижидер а во замрзнувач и подолго и со некој прилог е исто добра опција за брз ручек. Салата марула исто мијам и листовите ги оставам во фрижидер во чисто ќесе за храна или во затворен пластичен сад, несецкани стојат цела работна недела и се свежи и спремни за салата по потреба. Спанаќ исто-мијам се и пола го готвам и употребувам, пола стои чист во обичен фрижидер за нареден оброк. Цвекло морков и зелка, рендам наеднаш повеќе и ги чувам во кутии за наредните 2-3 дена (обично се изедува брзо кога е спремно порано и не сум чувала повеќе од ова). Модри патлиџани на лето кога се големи и ефтини, ги печам и лупам и цели одат во замрзнувач, секој во посебно ќесе. Супер се за вон сезона за јадење или за малиџано салата за зимски празници или ако доаѓаат неочекувани гости. Се одмрзнува брзо, го сецкам, му додавам лук, сол, ореви, сирење или урда и мајонез. Спремам хумус за неколку дена домашен, истотака кога имам желба. Житарици мешам од овес, јачмен, рж, суво овешје, чиа, семиња разни (не ги сакам засладените готови мешавини) стојат суви во кутија и си вадам колку ми треба за да си однесам во помало кутивче или ќесе за на работа. Ако е добро кутивчето може да додадам и млеко или јогурт/к. млеко од дома, но обично им додавам пред јадењето, не ги сакам кога се отстојани. Чија пудинг, обичен пудинг, сутлијаш, правам повеќе и стојат за два дена во фрижидер. За викенд правам пецива како кифлички, банички, пита од готови кори и ги замрзнувам за доручек и за на школо/работа. Ако ги извадам одвечер од замрзнувач до сабајле се одмрзнати и убави се како да се тазе печени, не мора да ги топлиш и да ги пресушуваш. На лето знам да спремам сок цеден поголема количина и да го оставам во фрижидер во големо шише или да си претурам во мало за на работа. Редовно си носиме остатоци од претходниот ден во кутија за на работа (палента, качамак, јуфки, макарони, додавам само сирење рендано или ако е нешто од ручекот му додавам и салата некое парче или лазањи и сл.). Многу подобро ми е така да јадам во работна недела него ли да купувам готова храна за пауза. Ниту е здраво тоа што можам да го купам, ниту е ефтино. Да имам голем замрзнувач би мрзнела сезонски и многу повеќе храна за да имам вон сезона, ама ограничена сум со просторот. Пр. од праски, кајсии, сливи, јагоди, вишни се сум мрзнела, на зимо си правев тарт овошен, торти и колачи или компот. Или бабурки, пиперки замрзнати исчистени без дршки и семки, колку за еден ручек во ќеси, спремни за полнење кога не им е сезона. Бамји, костени. Целер исто имам секогаш во замрзнувач. Измиен исецкан и поделени гранки од листови - листови за супа, гранки за печење месо или чорби од кои ги вадам после. Вишокот магдонос исто го сецкам и мрзнам. Секогаш имам на дофат замрзната свежа пченка, грашок, брокула и боранија (сите се варат за 15-20 минути).
     
    На azelea, riba79, sunshinebabe и 6 други им се допаѓа ова.
  11. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    696
    Пол:
    Женски
    Супер организација за диета или не,ама мојата мајка не ми дозволува ни бел грав да замрзнам за друг пат,се губела хранливоста и не било добро,магично заборави дека како дете се сеќавам правеше манџа од вечер за утре.,како вработена.Ама сега како пензионерка има вишок време и соли ум.
     
    На Cosmic Girl, L.i.n.a.a и ТедИ11 им се допаѓа ова.
  12. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.166
    Допаѓања:
    23.357
    Спремам поголеми количини и пакувам во садови, па седат во фрижидер. Варам киноа, просо, хељда, цело зрно овес, булгур, ситни макарони, наут, пченка, прокељ, брокула (не скроз сварена, повеќе обарена), карфиол (не скроз сварен, повеќе обарен). Сецкам/рендам свежи зелка, морков, цвекло, прокељ, брокула, карфиол, марула, рукола, ротквица, краставица, пиперка.
    За на работа да носиш редовно оброк, вака е најдобро. Сабајле мешам што имам, малце од варениот јаглехидрат, малце некој протеин (мевце ли е, јајце ли е, урда/моцарела ли е)(тоа или правам вечерта претходно или што ми останало од ручек), малце од зеленчук, и терам. Или ќе смешам зеленчук (салата), и во мало посебно минијатурно едно садче смешувам масло/балсамико/сол/бибер, смотувам тортиња со хумус и протеин, и ете оброк од сендвич и салата.
    Пред некое време налетав на една добра идеја: во тава за мафини, во секое калапче ставаш измешано по 1 јајце со исецкан зеленчук (печурки, пиперка, спанаќ, брокула, што сакаш), ги печеш, па кога ќе се оладат ги замрзнуваш и кога ќе ти се присака си одмрзнуваш едно за ужинка или да искомбинираш со нешто (што е супер, зш е малецко, а има едно јајце во него). Тоа следно ќе истестирам.
     
    На Cosmic Girl и ТедИ11 им се допаѓа ова.
  13. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Јас ако не спремам унапред ќе јадам глупости.
    Земам еден ден, спремам тоа што стои подолго да е скроз спремно, тоа што не стои го припремам сѐ до варење/печење за дента само да го довршам и јадам. Пр. Некоја врста омлет, ќе изблендирам сѐ и сабајлето само да го испржам. Или месо за манџа го варам и го мрзнам, па дента само додавам тоа шо е манџата.
    Исто пазарам со список сѐ што ќе ми треба, до најситна состојка зашто таква сум, ако нешто немам не можам, се нервирам.
    Замрзнатите намирници кога ќе ги купам ги делам по количина. Ако ги готвам ок, ако треба пак да ги мрзнам ги местам за еден оброк во посебни кесиња. Исто и од зготвеново нешто ако ми е сумливо во обичен фрижидер, го мрзнам, па одмрзнувам во микро. Леб кога правам во пекачот исто го мрзнам пошо правам за повеќе дена. Нема шанси да зготвам квалитетно кога ќе ми дојде време за јадење. Само унапред.
     
    На sunshinebabe, JoyJoy, Cosmic Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. ТедИ11

    ТедИ11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2020
    Пораки:
    845
    Допаѓања:
    4.282
    Леб правам за мене(останатите јадат бел) си го сечам на кришки и го замрзнувам..ова ми е омилено дури и го снимив.. ..


    Кога сум 1ва смена на раб готвам кога ќе си дојдам кога сум 2ра пред да одам се додека сум во заедница така ќе биде тоа е....
    Јас лично за мене сакам да направам друг редослед да ја променам исхраната е тука ако има желба и мм и него ќе го уклучам... вечера најискрено ретко јадеме...јадам на раб околу 10ч..иии ручам во 6 кога ќе си дојде мм...на раб сум до 14ч и додека од градинка су дојдеме со малата ме фаќа 15ч...и ајде ручекот се спрема и толку ми мине времето...
    Кога сум 2ра почнувам со ручек уште у 9 ако појадам нешто гледам или овошје или некоја овесна каша..а од ручекот су носам на работа и таму јадам пак околу 5ипол6 и од тоа нередовно јадење имам проблем со килажата..и затоа се мислам вака да спремам нешто за да јадам поредовно...
     
  15. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.159
    Допаѓања:
    1.596
    Дајте некои идеи за салати со марула и ајзберг. На пример со туна, пилешко, така да има нешто во неа како брз ручек или вечера?
     
  16. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.166
    Допаѓања:
    23.357
    Со туна покрај марулата би додала и пченка, благи маслинки, кисели краставици, семки од сончоглед и балсамико/масло. Со пилешкото би додала свежи шампињони, домат, солени зелени маслинки, семки од тиква и сенф/балсамико/италијански зачин.
    А би додала и јх, на пример наут или црвен грав или киноа. Може и некои домашни крекери.
     
    Последна измена: 8 февруари 2022
  17. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    8.248
    Пол:
    Женски
    Ако не се организираш тешко и работа и храна домашна...
    А знам што ти зборува, демек мешунки не се оставале, брзо се расипуваат. Ама свекор ми си јадеше грав и по три четири дена од обичен фрижидер, ништо не му беше. Јас ова не било го правела, ама тој немаше гајле. Пазеше како го подгрева само. Ништо нема да му е од вечер направен за нареден ден, тоа сигурно. Ако сакаш можеш вечерта да го свариш, утрото кога е оладен во фрижидер да го ставиш. Ако е во тенџере чорба ќе си извадиш колку што ти треба за ручекот и само тоа го подгреваш. Остатокот ако не е пригреван и цело време си е во фрижидер, може и нареден ден да го јадеш. Само пази топло јадење да не го ставиш во фрижидер, ќе скисне. Така да нема потреба да оди грав во замрзнувач. Јас само зелен лиснат зеленчук не смрзнувам, како спанаќ на пример. Не ми се допаѓа ни тој смрзнатиот од супермаркет.
    Кога се складира храна битно е како е зготвена, кога е после готвењето замрзната и во што е ставена (чист сад). Во принцип во храната која е зготвена, ако стои на собна температура повеќе од три саати започнуваат да се развиваат бактерии. На сонце и жешко и порано. Колку подолго на тие услови, толку повеќе ги има. После 12-24 часа на собна температура мислам повеќето храна е за канта.
     
  18. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    8.248
    Пол:
    Женски
    Супер е лебчево, ќе пробам да го направам. Само да знаеш дека ленено семе ако го јадеш цело, немелено, ќе помине само низ цревата и нема да ги искористи телото хранливите состојки од него. Треба да се измеле. Вака е само за декорација. Јас со години имам фурна за леб, онаа машината за месење леб. Пред да легнам си ставам состојки за интегрален леб и си ја пуштам. Таа ќе си го направи лебот дур спијам. Утрото само го вадам од неа и го завиткувам во чиста крпа, и ми трае два дена. Не смрзнувам. Бел леб и јас избегнувам, купувам само за децата. Леб направен од интегрално брашно, значи брашно од цело зрно е богато со растителни влакна што не само е похранливо туку и ќе те држи подолго време сита а и помалку од него ќе изедеш.
    Мислам дека има врска и тоа што викаш со ритамот на јадење. Јас кога скокам оброци се дебелеам а сум без енергија. Веројатно телото складира зошто знае дека не му даваш храна со саати, па кога прима храна си чува. А и кога си многу гладен ризикуваш да се прејадеш во еден оброк. Кога јадам редовни мали три здрави оброци со здрави ужинки, значи на 3-4 саати оброк отприлика, тогаш ми е топ. Со тоа што никогаш не јадам бар 2-3 саати пред спиење и наутро не јадам одма после станување. Јас се дебелеам само од благо, тоа ми е слабост и се трудам да не јадам/пијам тоа. Или да јадам нешто што е помалку калорично и поздраво ама ќе ми ја задоволи желбата за слатко.
     
    Последна измена: 9 февруари 2022
    На ТедИ11 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    8.248
    Пол:
    Женски
    Исто. Ако не спремам однапред за работа, многу се нервирам, не знам што да јадам и купувам тоа што има. А нигде во близина немам нешто здраво. Се се класични пекари што само бело брашно користат. И јас пазарам така, со тоа што однапред правам план за неделата или бар за три дена унапред. Ама не сум ригидна. Ако нешто има во маркет што е добро, свежо, а не сум го планирала, го земам и го додавам на мени. И исто смрзнувам мали дози, колку за еден оброк, посебно месо (стекови, кришки, коцки, мелено месо) ама и зеленчук. Побрзо е за одмрзнување, пошто немам микро (не го сакав и го поклонив). А и попрактично е ако ти треба да дозираш количина.
    Само во ова најдов разлика - јајца не јадам пошто сум на нив интолерантна, па ги избегнувам максимално. И хроно диета не можам и ради тоа и ради други здравствени причини..Ама варени јајца оставам во фрижидер однапред за децата за појадок или за вечера.
     
    На ТедИ11 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.780
    Допаѓања:
    30.145
    Пол:
    Женски
    Ние секоја недела имаме барем два оброка вака зготвени. Во викенд кога спремам секогаш спремам уште за една плус. Некогаш е само месо да остане (зашто прилог побрзо се прави) некога е манџа па може да стои. Пример зелка манџа јас не знам како само за еднаш да направам. Вака во викенд или преку недела секцам се во тенџере Цептер го пазам додека се загрее и исклучувам и додека се олади се готви внатре. Ама за тоа ми треба цела зелка и повеќе месо. И автоматски имаме за два пати. Исто на пример и турли-тава, сарма, подварок, полнети пиперки и слични такви работи. Не се готви по малку и секогаш ми останува. Супа секогаш шравам поголема количина зашто сакаме супа со оброк и исто не можам да направам пола кило супа. Плус свекрва ми и мајка ми знаат да ми пратат за викенд нешто (фала им ептен на помошта) и тоа се пригрева.

    Салати не правам во големи количини а може треба да размислам да рендам, сецкам за повеќе денови.

    Најнов трик за мене за појадок ми е да ставам од вечер во тенџерче цела житарка (јачмен, овес, спелта, ориз) и да врие 5 минути. Потоа исклучувам, поклопувам и оставам на врела рингла и одам да спијам. Сабајлето зрната се супер распукани. Догревам малку со млеко и брусница/суво грозје и имам супер доручек. Или ладни па им додадав варено јајце, кисело млеко и слично.
     
    На riba79 му/ѝ се допаѓа ова.