1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Подготовка на оброци за слабеење (готви еден ден за цела недела)

Дискусија во 'Диети' започната од ТедИ11, 8 февруари 2022.

  1. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    1.343
    Пол:
    Женски
    мене ова контра ми влиае. Го имам пробано meal prep и баш дека имаш секогаш достапна приготвена храна, цело време јадев иако тие оброци беа плански распределени....за сите денови во неделата:D
     
  2. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.390
    Пол:
    Женски
    Ваквиот начин на готвење е возможен со добри тенџериња, со дебело дно, како тие на Цептер. Мајка ми ги користи со години и навистина готвиш без масло и со заштеда на струја. Јас имам некои други, не се толку квалитетни како цептеровите, ама за тоа пролонгирање на варењето се доволни. На овој начин правам ориз на рингла, кој личи како печен во релна ама не е. Време и струја се заштедува.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.420
    Допаѓања:
    165.270
    Пол:
    Женски
    Јааааас ...... Не можам вака. :D Пошто ако во моментот неќам нештото да го јадам буквално ми се гади и лоши и едноставно не можам до уста да го доближам. И ако напрам поќе од напред нема шанси ист оброк да јадам поќе дена. Дефинитивно е олеснување ама кога сум пробвала секогаш го оставав на некој друг и јас нешто 10то си праев.

    Од препинг прам листа на продукти и купвам за неделата. И имам генерална слика за комбинации и обично практикувам lazy girl cooking па ништо не ми зема премногу време. Прам унапред работи шо знам дека 100% ќе сакам да ги јадам, најчесто то е нешто благо, се друго има ризик да речам "лол не". Друго прам непосредно пред јадење или некој сат пред јадење ако ми треба да е спремено пред време за надвор. Често ако прам фалафел да речиме јадам дур го дојадам, ама некогаш во тортоља, некогаш со кари во ориз, некогаш ќе го сомелам и ќе напрам болоњезе. Ама исто и од напред осмислено - не.

    Иако не практикувам, ептен вакви видеа гледам, релаксирачки ми се. :D
     
    На Cosmic Girl, MarijaMi90 и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  4. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    16.239
    Пол:
    Женски
    Најчесто на мени за вечера имам марула, туна, пченка варена, маслинки и ја правам со сок од лимон, некогаш додавам и семиња ако имам. А некогаш наместо туна ставам варени јајца, кромид млад, плус пченка, маслинки, семиња. И со двете варијанри е превкусно. Кога ја правам со стек, ставам, кубети маслинки, пармезан, шери.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    16.239
    Пол:
    Женски
    Истоо, не можам да јадам нешто што дента не ми се јаде. Плус не ми одзема многу време подготовка за оброк, сакам јадењето да е свежо.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.420
    Допаѓања:
    165.270
    Пол:
    Женски
    Кај мене и не толку свежината оти јас многу мрзнам оти не успевам да дојадам, колку шо ми е важно да е нешто шо во моментот ми се јади. :D И сите скандинавски божества ми се сведоци колку пати имав пробано да планирам. :D
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.812
    Допаѓања:
    23.374
    Пол:
    Женски
    Мислам дека насловот и категоријата не се најсоодветни, зашто подготовка на оброци унапред не е само за слабеење туку општо за да најдеш некој ритам на исхрана, особено избалансирана исхрана.

    Енивеј, јас имам проблем што ако немам спремено оброк, премногу сум гладна за да имам време да спремам тоа што сакам.
    Од друга страна, ако имам спремено оброк, не можам да си гарантирам дека тоа ќе сакам да го јадам... а ако јадам нешто што не ми е по кеф во моментот, исто како да не сум јадела. Морам да си ги задоволам cravings.
    Се трудам да имам секогаш печен зеленчук во фрижидер и leftover пилешко и такви слични работи со кои лесно можам да составам избалансиран оброк, ама точно планирање на оброци и спремање, не е за мене. :)
     
    На theowndemon, riba79, Cosmic Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.390
    Пол:
    Женски
    Дечки мислам дека ова preps е must за жени кои готват за повеќечлено семејство. Особено ако имаш работа и обврски, деца поголемки или пак си во заедница со старите. Во ретките ситуации кога сум била сама немам притисок и можам да си зготвам за себе нешто по моментално расположение и да пројдам. Ама во моменталнава ситуација како што сме сега дома - секој различна смена, секој со свој дневен ритам, каде некој е нон стоп гладен, каде некој (читај сите) бара посебен режим на исхрана различен од оној на другите, значи комбинаторика до максимум не е возможно без план и претходна подготовка. Ни временски, ни финансиски, ни здраствено. Никако. Има и самци што мора вака да се организираат зошто се презафатени, ама кога храниш и други и те како мора организација.
     
    На Kasiopaja221 и Srckata28 им се допаѓа ова.
  9. sunmoonstars

    sunmoonstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2016
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    753
    Пол:
    Женски
    Се замислив сега, да почнам јас барем салатите за ручек да ги исецкан во поголема количина, зборувам за зимскиот зеленчук сега што се јаде најмногу, цвекло, морков, зелка, марула, затоа што од што сме прегладнети после работа, најлесно ми е да отворам тегла со кисели краставички, цвекло или туршија.
    Да, за да се има балансирани и здрави домашни оброци, а притоа одиш на работа и треба да готвиш за цело семејство, мора да се има ваква организација. И јас многу повеќе сакам свежо приготвена манџичка, но за да има скоро секој ден домашно приготвен ручек мора така однапред, барем кај мене. Наскоро започнав УН Диета, и за да не сум како волк гладна и да посегнам по било што да каснам, започнав однапред да си спремам оброците, но во иднина сакам веќе да почнам однапред да ги спремам јадењата кои трпат поттоплување, за да си олеснам после работа веднаш да седнеме да ручаме. А за сечкање на салатите почнувам од денес, крај на теглите кисели краставички, цвекло и подлучени пиперки :D
     
    На GirlVolley му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ТедИ11

    ТедИ11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2020
    Пораки:
    845
    Допаѓања:
    4.289
    Направив нешто што е еден вид подготовка за неколку дена за појадок конкретно
    Овесна торта која ја комбинирав или со овошје или смуди и си направив леб од Киноа и Чиа исто го осеков во кутиче и во фрижидер си стои
    Во прилог и слики и видеа ќе ставам како правев така и снимав...
    20220216_120228.jpg




    20220215_152823.jpg

     
    На theowndemon, Macence_17 и GirlVolley им се допаѓа ова.
  11. ТедИ11

    ТедИ11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2020
    Пораки:
    845
    Допаѓања:
    4.289
    Направив денес 2 вкусни појадоци...
    На одмор сум уште некоја ден па да искористам....
    Првиот е лесен мнооогу...
    Палачинки од црвена леќа успеав од таа смеса да одвојам 6 палачинки ги поделив по 3 во кесе и замрзнав...
    Другиот е ПРОЈА за малата направив мафинчиња ги обожава а другиот дел од смесата во едно го испеков изладив исечкав во кеси и замрзнав од нив...
     
    На GirlVolley и sunmoonstars им се допаѓа ова.
  12. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.170
    Допаѓања:
    45.759
    Пол:
    Женски
    Малку офф топик : Каналов на јт е твој?
     
  13. ТедИ11

    ТедИ11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2020
    Пораки:
    845
    Допаѓања:
    4.289
    Да..
     
  14. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.170
    Допаѓања:
    45.759
    Пол:
    Женски
    (y) +1 sub.
    Инаку за брзо ќе почнам на работа, па и те како е добра идејава. Сум гледала на јт многу видеа ама не се пронаоѓав некако во тој принцип на работа.
    Да ве исчитам сега и да добијам некоја идеја што и како би можело да се спреми.
     
    На ТедИ11 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.736
    Допаѓања:
    14.375
    Пол:
    Женски
    Препорака за некој youtube канал/ instagram профил каде може да се дознае повеќе за тоа која храна колку време може да стои во фрижидер откако ќе се зготви/ припреми?

    На темата, на периоди сум многу дисциплинирана, а на периоди јадам глупости на работа. Обично варам киноа, булгур, просо однапред и комбинирам со брокула, карфиол. Гледам да имам конзервиран наут, пченка, хумус и сл за некоја брза салата со марула или рукола. Полнети пиперки јадам неколку дена, ќофтиња, ориз… Крем супи без компир правам поголема количина и во микро греам на работа. Овесни снегулки спремам од вечер со чиа, цимет, семки и наутро само ставам врела вода и една пасирана банана. Чија пудинг со кокосов крем спремам за 2-3 дена унапред.
    Кај нас дома никогаш не се спремале ручеци однапред, секој ден свежо зготвено сме јаделе, па затоа сега ми е тешко да се научам на овој начин на функционирање, но ако не спремам однапред храна- се хранам ужасно со што и да стигнам.