Не. За на школо станувам се мијам, чешлам си зимам фармерки и маица и патиките доле пред врата ми се и ја сум спремна. Не сум некој шо стојам пред плакар 20 минути и да се мислам што да облечам. Обично алиштата за на школо што ми се (фармерки и маици) ги купувам едно да иде со повеќе парчиња облека и така кога се брзам јас сум спремна веќе . А за на свадби и такви свечености се ми е од навечер спремено, ма не од навечер од пред 3-4 дена, за секој случај да не се деси нешто па да неможам да се спремам.
Секогаш имам испланирано,секогаш без исклучоци.Се подготвено и испеглано ме чека сабајлечки.Таман работа сабајле да смислувам,па да пеглам...ако немам временско ограничување кога треба да стигнам некаде,ама и така не ми се верува да одбирам кога ќе станам. Дури ми се случува,кога поради временските(не)прилики носењето на смислената комбинација е дискутабилно,смислувам и друга резервна. Така сум си навикната и така функционирам,не препуштам ништо на случајноста. Насабајле само се облекувам,ја средувам косава,малку шминка и излегувам.Време за мафтање немам,повеќе сакам да го искористам за спиење.
Планирам, планирам .. дали ќе ги облечам црните/плавите фармерки и белиот дуксер/блузата од униформата. Тешки одлуки се тие .. Шала на страна, никогаш не правам така. И кога немавме униформи на училиште, а и сега за излегување, го фаќам тоа што е испеглано, што ќе ми дојде прво в рака. Едвај заспивам навечер, пак и уште дополнително и без потреба да го оптеретувам мозоков. Не, не.
Кога одев во школо, па и сега на факс, у 5 до 12 пред излагање одлучувам.Не ради друго,туку времево е толку неарно што и да сакаш неможеш да спремиш. А за пример, роденден,прослави,слави,свадби,излагања со дечко ми, си ги планирам однапред(во мислите), но никако не зимам да ги пеглам и средувам.Зошто како што реков врмето во последен момент може да се смени,така да за се си чекам 5 до 12
Никогаш не планирам дури и ако треба сабајлето да одам некаде на пат, едноставно тоа што ми е при рака го облакам и ајде чао не се замарам многу со тоа. Сепак облеката не го прави човекот...
Никогаш не сум планирала што ќе носам утредента, освен ако не се работи за некој посебен настан. Дури и тогаш знам да се премислам во последен момент. Не се ни замарам многу со тоа што ќе облечам за тој ден, само зависи од времето и расположението. И многу брзо се припремам за на школо, тоа што ќе го фатам прво го комбинирам со останатите работи кои ми се на видик.
Никогаш. Што ќе носам ми текнува во последниот момент, т.е. сабајлето пред да излезам. Зависи и дали е некоја специјална прилика или не, и зависи од расположението. И покрај тоа немам проблеми со каснење, брза сум.
Буквално се ми е испланирано од вечер затоа што станувам 40 минути пред да ми започне работното време,па така не би имала време да размислувам што да носам кога тоа би го правела пред работа.
Кога треба да станам рано имам испланирано отприлика, но само во глава, не ми е ништо наместено и извадено. Тоа ми е грешка зашто често се случува да видам дека нешто не е испеглано или е за перење и така на крај барајќи да облечам нешто друго, каснам
јас се од вечер спремам од секогаш така не учеше мајка ми а и насабајле за во школо стварно немам нерви да се думам што да облечам и ако имаме униформи уште од вечер ја ставам на столче едноставно се тешам дека сабајле ке имам уште 5 мин за дремење
Кога сум прва смена на училиште комбинирам одд навечер а кога сум втора смена сабајле комбинирам што да облечам.
Не сум вработена , студентка сум , ако треба порано да одам некаде си мислам од вечерта што да носам и тоа пред спиење , а ако сум попладне си мислам пред да тргнам
Секогаш одвечер си планирам што да носам наредниот ден, несакам на сабајле да трчам по луда па да расфрлам алишта на сите страни да си правам комбинации. Вака уште одвечер се ми е спремно и насабајле мирна главата .
Додека бев помала ми остана засадена навиката од мајка ми.Секое утро да те чека облеката и да имаш време да се спремиш и да не доцниш. Но со тек на време тоа изумре. Сега за излегување секогаш имам замисла, и пеглам пред да излезам, а за секојдневно само избирам и облекувам. Облеката ми е секогаш испрана, испеглана и уредна во орманот-така да немам проблеми со тоа во последен момент.
Мноогу ретко, кога не ме мрзи вечерта. Почесто кога ќе станам од спиење, набрзинка барам нешто и се пцујам зошто не си подготвив се од вечерта.