@bokace и јас се чуствувам 82% the same. Некако сакам да бидам го*но. На колку ли гом*а што го знам им се родија мали гом*енца. Ова моето што изгледа чека да станам полоша и поотпорна на надворешниот свет.
јас секогаш близнаци сонувам и свекрва ми пред една недела сонувала како во количка сум возела близнаци може ке бидат близнаци и сестра ми има близнаци
јас после една година отидов прв пат на лекар и оваа докторката не ме свака озбилно рано ми било ама ептен и се запнав дека сакам да почнам со испитуванје..
па првично ти викаат да почекаш, од други што сум слушала, мојата матична дали дека пријатели се со моите, уште коа зачестив со прегледи кај неа, ради цистички кои ми се појавуваа,одма почнавме со испитувања,значи после 3 месеци обиди, ПАП, па брисеви, па хормони...
јас оваа мојата ке ја сменам една година ме влече уште ништо не ми кажала како што треба никаква терапија има многу пациенти и се набрзина работи ама и нема некој кој знае како добар доктор во мојот град оваа ми ја препорачија ама не сум задоволна
Секаде е така, посебно во помалите градови кај што се многу малце доктори па има по многу пациенти по доктор. И од секој доктор има задоволни и не задоволни.
Ќе дојде и нашето време. Него да ве прашам нешто, дали на моменти се чуствувате суво таму доле и дали чуствувате одбивност кон вашиот партнер? Како да си помогнам сама на себе м?
Дааааа.. Многу пати дури почнав да се плашам. А тоа да знајш е само до нашите глави, наместо да си уживаме и да си имаме еден нормален однос. Ние цело време се стегаме и мислиме на бебе Дури некогаш јас ќе се чепнам и започнам ''утакмица'' и одма ќе ја зафркнам работата
Истиот муабет му го велам на мм, на толку навреди, озборувања, на колкуу луѓе сум помогнала душата ќе ја дам за нив. Одам вцрква почесто си се молам. И пак не, господ не искушува. А знам многу злобници што рекле пред мене дека не веруваат во господ, големи злобници. И пак имаат деца. Навистина треба да станиме лоши за да добиеме нешто...
И јас се загрижив за ова, но многу ми глупаво пред мм и не сакам да зборам за тоа, ке помисли дека не го сакам. Се опуштив скроз, не ни помислувам на тест на пример, немаме темпирани односи него кога ни се сака. Но ете пак јас сум сува, и тоа трае веќе подолго време.
@bokace вчера се парев од таа причина. Малку да се навлажни )) во садот за варење вода, ставив кесичка камилица и кантарион, и малку поспремна беше а имам еден мрсен крем, со него понекогаш си се спремам. Мора да е кејфски. Не смееме ни малку да ја изгубиме желбата за водење љубов. Таа е можеби единствениот начин за исполнување на соништата. Инаку и јас сум атеист. И тотално не верувам во ова дека има врска, бидејќи имам чуство дека сите други во групата се верници.
http://www.nmd.mk/media/40/4049864159ab7748c0a4a50016961d23ed-w=400-h=257.jpg Мислам дека ова би завршило работаа..
жени јас немам сеуште овулација Гинеко вика полицистични јајници ... кажувајте некое чаре Малку се вознемирив ... се друго е ок ...
Чаре за пцос нема, јас патам од тоа. Гинекологот ќе ти каже најубаво. Јас и не добивам единствено само со хормонска терапија. @Momichka каков е тој крем?
Третмани за постигнување бременост: За да забремените потребно е да се постигне овулација. Често пати овулација се постигнува со користење на Кломифен. Кломифенот е хормонален препарат, кој се зема 5 дена во првата половнина од циклусот, најчесто од 5-9 ден или од 3-7 ден. Ако лекарот увиди дека не се постигнува овулацијата, може да Ви препише и Метформин. Кај повеќето жени е ефикасна терапијата со Кломифен или комбинацијата со Метформин. Ако не се успее и на овој начин, се даваат гонадотропини во вид на инекции. Доколку не се успее да се предизвика овулација со медикаменти, се прави т.н. дренажа на јајниците. Тоа се изведува со лапароскопска операција, при која се прават убоди со струја или ласер, на површината на фоликулите на јајниците. На овој начин се уништуваат делови од јајниците, но се овозможува овулацијата. Успешноста на операцијата е поголема кај жени, кои телесната тежина претходно ја довеле во нормала. Често се употребува метформинот, за кој исто е утврдено дека после неколку месечна редовна употреба, позитивно влијае и врз овулацијата,.
Mozete da piete i lepavec(lepka) za samo eden mesec..odlicni rezultati. Se pie tri solji dnevno bez seker.Se vari po 1 l i se pie.mnogu e zdrava se cisti se od organizmot(najmnogu cisti) (срцка ова го најдов на интернет се надевам помогнав)
Фала ти најмногу .. гинеко ми ја зголеми дозата на метформин Ми рече ако добијам сега нареден циклус пак на гледање и ке видиме што понатака . Не е кој знае колку страшно ама се вознемирив