Епа како што кажа БЕБА, од таа работа само неможам да се опуштам да вежбам на раат. Цело време или ќе се стегам или ич нема да почнам оти знам дека се обидуваме. А знаеш што, Господ ако сака се ќе биди во ред и да вежбаш и да не вежбаш..Ако треба да биди ќе биди затоа ич не се секирај
Во текот на цел Август возев по 20км точак на ден, тој месец забременив. Денот кога направив тест кренав со мм острово тешко минимум 50кг. Ако ви е страв одберете полесни вежби, ама не де откажувајте
Posledno da i bide doaganjeto prethodniot mesec Ima nadez sekogas da znaes samo pozitivni misli, blisku e 27mi
Пробај да бидеш позитивна во тие моменти, да ги гледаш од друга страна работите. Малце е безвезе ама јас у таквите моменти размислувам како јас слободно можам да заглавам некаде саат плус додека другите брзаат дома ради децата, како јас немам потреба да се будам сред нок додека тие едвај можат да сврзат 3 саати континуиран сон итн. Истовремено гледам поголемиот дел да го поминам со децата, да слушнам некое интересно зборче од нив и потсвесно глеам да ги избегнам возрасните, бидејки тие се тие што мене ме реметат со прашањата што чекам, не децата утре т.е веке денес чекаме слика од 2те цртки
Jас се пријавувам од вчера веќе за недобивање,мада прошлиот месец на 30ти ден ми дојде а редовно ми е на 28,денес веќе 29 па ќе видиме,иако не се надевам многу зашто имав месецов само еднаш и тоа во неплодни денови,ама верувам во чуда п.с Не дека не сакав да се сексам поише,ама либето ми кидна за странство
девојки денес јас ни Д од добивање мм ке ме утепаше кога кажав за тест сума пари му потрошив на човекот за тестови ама после ке излезам во град ке купам држете ми срека
јас незнам дали да се пријавам воопшто дека ми доцни затоа што ептен ми се испоремети овие два месеци.. редовно ми доагаше на 24 во месецот но од јануари по неуспешната бременост ми дојде на 09 јануари па на 22 јануари па на 06 февруари и еве сега ја нема ...апликацијата ме потсетува дека ми доцни 3 дена а јас незнам дали да правам тест или не...може па ке ми се стабилизира и ке почне на 9ти да ми доага... а нешто во последно време не сме ниту активни со сопругот недвај имавме кога мислев дека ми се плодни денови еднаш...дали му е страв од хепатитот б што го имам и некако нема желба баш...а му викам дека може кај нас е причината зашти немаме редовно и често...и не ги погодуваме плодните денови...ама тоа ти е...
јас во последно време многу зелен чај пијам едно за слабеење и висок притисок а имам некаде прочитано помагал и во проблеми за забременување кој знае и јас во се верувам што ке прочитам а ти зошто пиеш камилица
е тоа ти е... мислам дека е премногу окупиран со мислите да правиме бебе и со сите неуспеси околу тоа отколку во уживање...колку и да зборам дека малку треба да се опуштиме и да не форсираме, дека може сето тоа со зачнувањето па неможноста да се имплантира, па со хепатитот ни се некои знаци дека треба да покочиме малко и да се средиме и психички и физички со здравјето па потоа, но некако тоа не му иде во главата ...незнам како да постапам веке...ми досади да молам за односи оставам да помине овој период па што биде ке биде...ако имате некој совет ке ви бидам благодарна
напротив во борбата за бебе треба да бидете уште по упорни а не да се избегнувате колку време се обидувате извини не сум те читала поназад
и ние скоро 2 години се обидуваме ама мм е многу по упорен и по самоуверен од мене тој ми дава много голема подршка тоа е заеднички проблем не е само твој болест си е болест и тоа треба да го прифати а не да те избегнува и да немате односи од што ке забремениш тогаш опуштете се и уживајте додека не ви се пикне една мала бебушка во средина
Прво ќе седиш да разговараш со сопругот, за да го имате посакуваното мора таа работа, одете на неколку дена на одмор негде уживате, шетајте.. Болката за загубеното секако дека не е лесна, ама за да се надмине тоа мора да се поддржувате и двајцата. Без него ти неможиш да успееш, а ни па тој. Така да седнете разговарајте, напрајте малце пауза, нека се одмори и телото и мозокот, после ќе биди се полесно нека помини време, по мене знам. Знам дека сте прокупирани со тоа ама колку се напрегате толку полошо, и не само вие и ние сите тука на форумов го правиме истото. Одморете некое време немора да имате односи, види како ќе биди ситуацијата пробај да го опуштитш сопругот... И да му објасниш дека тоа така не оди..