Добро вечер како ми сте женчинаа? Арни, добри? Јас си седам ии си се дружам со другарками наречена ПМС, цееелл ден хахахаха. Пикнав од нервоза
Исто и јас. Штотуку ми излегоја и две црвени мозолчиња на чело Требаше да дојде веќе касни. Аман нека иде почнувам со убиствени планови за околината
Кај мене рано е уште 8 дена има до циклус. Ама така ми е мене лудилото пред време ме фаќа. А ова со убиствените планови е баш ме насмеа
Девојки добро утро!!Ви посакувам лесна и безгрижна бременост на новите трудници и навивам за тие што се во исчекување. Јас овој месец сум на друга бранова должина,со мм сме пред вселување во наш дом кој што не е наполно спремен - имаме спална и бања,досега живеев во стан со свекор и свекрва и нивни сателитипа ова со бебето го ставивме на статус кво..ниту броевме плодни денови ниту сме имале редовен секс..така да не се надевам ама ич..нареден месец со нови сили
Prekrasen den za ubava vest testot doma pokaza deka na pat ni e vtorata radost...gospod site da ve izraduva dushicki *
Во нов дом со ново да си бидите ,ви посакувам бебе да ви шетка во новиот дом . Кога најмалку се надеваш тогаш ке се издрадуваш. Само трпение се ќе си дојди
Колку убава вест рано наутро, си идам накај работа и си велам да се вклучам веднаш, да те побарам на форумот, бидејќи некако осеќав дека ете ќе прочитам позитивна вест од тебе Многу ми е мило и ти посакувам најубава бременост
Ти благодарам Дај боже да прочитаме убави вести за сите.. Планирана бременост е да, но навистина ме изненади што баш рековме со мм ајде ќе почниме да работиме на второ.. Ама дека толку брзински ќе биде... Дамо позитивна мисла , желба.. Еден пријател секогаш велеше:пази што посакуваш зошто може да ти се оствари
Знам како ти е, не се разочарувај, ќе помине бргу времето ...ти посакувам наредниот месец две убави II
Деца да ти трчаат и растураат во новата дома, цел ден да трчаш по нив и кашички да правиш. Доста ти е само спална и бања, друго не треба за дете правење
Честитки на новите ни труднички феминки , машала бројот ни се зголемува овој месец и јас да кажам 11 ден, најголемиот пораснал за 2 см, односно е 17,1мм, а ендометриумот за 1, односоно е 5.7. следи да видиме што ќе биде утре