Ми мириса мене нешто тукаа... Туку пијам кафе на тераса и штркот си помина покрај куќа, ии му се развикав... Да му се скршаат крилата оти не иди кај мене Пооооздрааавв
Бебуле мааа хахахахахахахаххахаха луда си скроз !!!! Викај му да слушне поубаво да почне да не посетува една по една инаку маф му е работата
Девојќи уште сум многу исплашена незнам што ми се случува. Пиев доста апчиња овој месец и се ми е пораметено. Бев сабајлето на лекар и плодот има срцева реакција и е долг 9 мм- само тоа ми го кажаа бидејќи не ми е матичен докторот па беше скржав на зборови. Освен што ми доцни ( а често ми се случува да ми доцни) почна да ми се гади од секоја можна храна ама тоа го препишував на желудникот (кашлам имам шлајмови воспалено грло веќе две недели ХАОС) Стомакот уште ме боли на периоди и незнам дали е тоа нормално...И на периоди снемувам сила како да ми се преспива...Не внимавав на плодни денови една минута не бев во кревет после односи... Во вторникот наредната недела требаше да одиме со сопругот за спермограм после една година убедување...Никакви анализи немам правено....ЧИСТО ЧУДО. До пред неколку месеци си правев бабски лекови ама тие ги правам веќе две години колку што се обидуваме
Уживај мила, ептен ми е мило што избегнуваш испитувања вака Се сеќавам дека мти беше тежок на убедување, ептен си се спасила Уживај, не дозволувај да те оптоварува ништо и свиркај си првите три месеци, да пројдат па на мира да уживаш во бременоста
Честитки до сите нови трудници, колку само ја разубавивте темава деновиве. Ајде сега секој ден без прекин по една нова трудница да ни дојде во труднички муабети. Многу се радувам за сите и ве гушкам
Нормално дека е позитивен Ајде пролетва е плодна многу, ептен се радувам што ќе ме заменат многу мамички
Абе лелее колку сум среќна. Значи ми ја разубавивте темава. Бравооооооо Се гордеам со вас, една по една сите да не снема од темава @BirMelek @letters Честиткииии
Честитки до новите трудници со лесно да ви помине целата бременост. Дај Боже секој ден да има по една,за секоја од вас се радувам најискрено од срце,ве гушкам мили мои храбри трудници