Девојки . Имавме односи ден после мензис и свршуваше во мене. Е сега мене плодните денови ми се одма после мензис. Рано ми е да правам тест само 12 дена поминаа. Според се,треба да добијам околу празникот на 1 ви. А не можам да исчекам. Можно ли е да ни се фати после менструација одма
Па ми свршуваше внатре на 10 ти и 11 ти месесов.во календар ми пишува дека од 11ти ми почниваат плодните денови. Значи ми свршувал на 5 и 6 ден од циклусот.
Многу ти е рано за све(за симптоми тест и сл). Јас мислам уште можете да поработите имаш уште девет дена.
Календарот не е точен за сите. Со првото овулација ми беше 13-14 ден. Сега кога бев на преглед и по симптоми ми е 17-18 ден. Така да не се води по календар тоа е поголемиот дел не важи за сите.
Знам него сигурна сум пошто на 18 ти бев на гинеколог и ми рече дека овулацијата ми е веќе помината а 18ти ми беше 13ти ден од циклус
Провери со Self clear се прави 8 дена по односи,ама почекај уште 3-4 дена да не е лажно негативен само ќе се нервираш.Преку крв мислам одма ќе покаже ама нема логика да даваш 800 мкд.
Ее ај здравоo и од мене, реков да пишам да не ме заборајвте... - Јас сум добра, ми касни 6 дена ама незнам дали да се надевам оти си знај и да касни кај меене. Зедов тест Self Clear ама незнам кога да го направам.. Дали утре или среда... Тоа е од мене народе, ќе ве известам за ситуацијата..
Ме интересира дали сонувавте? Ја последниве денови сонувам многу ,еве синоќа сонував тест бил негативен валјда од мисла ,некни сонував прстен
Јас пред неколку денови сонував позитивен тест Ама нема врска мислам тоа , дека сме преокупирани со тестови и со целава работа затоа сонуваме такви работи
Кога сме кај соновите, сношти сонував дека пијав мноооогу водаа мн пијав... Видов на соновник значи тешкотии, и беше бистра вода. А тоа било здравје. Ќе видиме шо ќе излези од ова работа