Порано имав читано дека дури и лакот за нокти бил штетен за плодит ... Фарбите. За коса исто па и ув се ламбите зрачења и сл ... Проблемот е што не сум сигурна истата дата ми е ден за недобивање и свадбата
Има многу жени во бременоста што се фарбаат и со нокти. Ако гледаме реално и воздухов што го дишиме е штетен. Затоа не му ја мисли многу терај си како што ти е убаво...
Честитки @Bebulleee и @VedaG10 !!! Со лес во бременоста, се најубаво... Знам дека подоста беше активна на темава, мило ми е што конечно можеш да се префрлиш во Труднички Муабети Колку време се обидувавте за бебуш и која е тајната за успех?
3,5 години. Обидување... имам мн пишувано за мојот случај. Лани имав абортус и сега точно по 1 година повторно останав се надевам господ до крај ќе ме радува Што побрзо и кај вас
Се извинувам што те препрашувам, искрено не можам да ја допратам темата од толку многу постови. Ми падна в очи со интересните постови, затоа те прашав. Уште еднаш честитки, уживај си во бременоста! Се надевам кај сите тука ќе се враќа ваква радост.
Jas iskreno sum zadovolna od pristapot profesionalnosta megutoa premnogu mi e skapo se mislam ovoj pat za druga klinika..
Јас устрово правев тест и излезе позитивен. Две јасни црвени линии. Незнам дали да се радувам, затоа што незнам дали е можно да е лажно позитивен ?
Најпрво честитки. Лажно негативен е честа појава, за разлика од лажно позитивен koj е исклучиво ретка ситуација и е последица на некоја здравствена состојба. Претпоставувам ти касни? Доволно е повеќе часа да не пиеш течности, и со прва наредна урина направи уште еден тест.
Минатиот месец добив на 28. денес е 28. Мислам дека требаше да добијам досега. Не се замарав многу мислев грешка во рачунањето ми е, вчера мм купил тест, ај реков утрово ќе го направам да не пропадне додека не сум добила. Мислев дека денес ќе добијам. Кога видов две цртички, јасно исцртани веднаш се појавија. а немав некои симптоми, ме болеа градите, ама мислев дека ме болат затоа што ќе добијам. И многу често мокрев во последно време, ама и тоа мислев дека од чајот е. Навечер обавезно пред спиење одам во вц да не би станувала ноќе и џабе ноќе пак ми се приодува.
Мене на многу убава вест ми мириса . Доколку добиваш редовно, требало да ти дојде пред 2 дена значи, веќе ти касни.... Симптоми има само кога си бара човек. Од мисла му се лоши, добива нагони на повраќање, грчеви...а кога не очекува, не бара, не ни има. Опушти се, смирено, и пут под ноге да си набавиш уште еден, лично за сопствен мир пред да почнеш да ја споделуваш убавата вест.
Знам, веќе две години така се надевам секој месец си се умислував демек многу ми се зголемил апетитот и такви некои работи, и на крајот крах кога ќе добијам. Сега овој месец пиев чај, напишав и во темава Мацина трава, и си мислев не дека и ова ќе помогне туку ај, пошто и предтоа имам пиено чаеви и Фемисан А и џабе беше. Стварно не очекував, се изненадив кога видов утрово. A иначе менст, ми е редовна секогаш од 13 години кога прв пат добив досега никогаш не каснела, во ден е точна. Фала на честитките, ќе напишам до после за сигурно
Честитки, нека не ти се моткаат низ глава глупости! Со лесно да си ја износиш бременоста и можеш за своја сигурност да си видиш и од крв.
Честитки од срце, колку убава предпразнична вест , со лесно нека биде и уживај во бременоста со секој позитивен тест и мојата надеж расте, ајде да ни се множат II