Bokace а ти да си отидеш кај трдното дрво јас имав обратен проблем од тебе-не ми запираше без хормонска терапија. И зошто не си пиеш мака за хормоните?
Најверојатно дека психички се ослободив па еве добив . Би отишла на тоа трудно дрво но за мм нема никакво подобрување за неговата дијагноза, и искрено доста ми беше шетање по Македонија за барање на лек . Ги дадовме документите во фондот затоа што таму го гледам нашиот спас за бебе . Конечно сонце ме огреа Се чуствувам како на највисокиот врв да сум се искачила и сум победила во нешто најтешко
@sunny12 кога пред три години испитував хормони, беа одлични. По трите неуспешни инсеминации(стимулирани со кломифен) испитав хормони ми беа пореметени. Не ми беа двојно поголеми, ама беа на самите граници, кој пониско, кој повисоко.
Да пријавам симптоми, да ми олесни пред спиење 1. Подувана ко балон 2. Чудна состојба со градите. Не се зголемени, само ме жежат. На допир не е страшно. 3. Чуден бел исцедок без мирис. Ете така. Сега ќе спијам.
Ајде и јас да пријавам ситуација, скроз сум збунета. Четврти ден денес со по еднаш до двапати дневно истиот чуден исцедок! Не е крв, не е некое бело прање како за инфекција (нема чешање, печење, никаква болка во јајници, нема гаден мирис, не боли на мочање - апсолутно ништо), само исцедок со чудна светло кафена накај розева боја сабајле при прво одење во веце и со прво мочање по доаѓање од плажа, после тоа цел ден ништо. Уште немам добиено, треба дури на 18-19. Не ме болат уште гради, лицето ми е чисто, никакви симптоми за ништо. Не знам што да мислам, никогаш досега не ми се случило ова. Ја читам сега @Momichka за хормоните и одма си размислувам, којзнае што се случува со моите; исто три неуспешни инсеминации, стимулирани со кломифен, плус за сите три естрофем од 2 до 6 апчиња дневно, утрогестан по две недели после инсеминација, тие инекциите за пукање на фоликули... Којзнае што хаос е направен од моите хормони, а идеални ми беа пред да почнеме со све. Може да е нешто од тоа, не знам. Последната инсеминација ми беше минатиот месец мислам. Како и да е, решив дека летово терам вака, не правам друга инсеминација, не проверувам пак хормони, не собирам документи за инвитро, дигам раце од волан малку и оставам да вози некој друг. Резервиравме само за одмор горе-долу да фатат плодни денови, мада гледам изгледа дека ќе се измести и тоа и не ми е гајле. Ако нема ништо до 1ви септември, ќе почнеме да размислуваме за следни чекори - до тогаш, само Господ и ништо друго
Ако може помош многу сум збунета. Вчера кај 13ч одам во вц и се бришам и што ќе видам - малку кафенко.Ден за недоагање ми беше 14ти ама секогаш ми иде некој ден порано. Се бришам малку подлабоко и на тоалетната две кончиња црвенки и му кажувам на маже готово ми дојде. Вчера цел ден бев во депресија и не станав од кревет, лаптоп и дањинско во рака ама буквално само станав за јадење и тоа не направив туку мачканици јадев и изедов две чоколада. Баш депресија ден ми беше и цело време лежев. Е сега вчера кога и да отидев во вц на тоалетната имаше малку кафенко само подлабоко кога одам ми вади некоја многу светла црвена боја. Синока касно кај 01-02 после полноќ пак одам и кога на тоалетната само една точка дури неприметна-кафно. Се помолив на господ да е тоа што си мислам, но друго ми е страв - имам денес еден куп работа а многу мие страв да станам од кревет и да се движам. А од друга страна може не сум раздвижена ипоради тоа не пробива убаво. Незнам што да правам и до аптека да земем тест мие страв оти многу ми е далеку. Маже ми е на службен пат неможам да гопртам. Ваше мислење што да правам? На гинеколог можам утре да отидам денес не работат...
Има мајка ми Ама не сакам да ја потресувам има здраствени проблеми жената. Додека со татко ми и свекорот не сум доволно блиска за овие работи. Поарно не мрдам од кревет, ова мие побитно одколку дома да ми биде чисто
Citam deka imas praveno tri inseminacii jas stavaav utrogestan ama pocna da me boli dolniot del od kicmata pa me interesira koga dobivase dali ti kasnese mn
Здраво феминки,повторно се враќам на темава ве читам секој ден,пред 5 мес.имав спонтан во 5ти месец,сега пробуваме пак и земав кломифен од 3ден денес ми е осми ден и имав некоја тапа болка во јајниците и бела слуз па зедов тест oview ми покажа рдна бледа и една потемна црта,па дали е можно олку рано да настапи овулација,ви праќам и слика од тестот и се извинувам за долгиот пост
И најбледа да е, позитивен треба да е. Јас сепак мислам дека Си. Ти ја посакувам цела среќа на светот!
Доколку имаш можност повтори го тестов за овулација наредните денови. Оној ден кога ќе биде дебела црта може и наредните 24 или дури и 36 часа ќе настане овулацијата. ЈАс кога користев монитор за овулација една недела пред настанување на овулацијата почнуваше веќе да детектира хормон и да добивам ознака високи шанси, со тоа што макс. беше детектиран најчесто после недела. Нивото на хормонот е индивидуално, но секако дека може да настанала овулацијата и сега штом детектира хормон.