@Dear_Thing , честитки, ме израдува И јас лани ова време рикав од среќа во Плодност, сега ене ја спие во креветче. Ме потсети на мене. Имај си лесна бременост
@Dear_Thing ама добро утринско будење сум имала денес Честитки мила мм ме прашува што ме возбудило вака, еееее Ти посакувам лесна и школска бременост. Пишувај на труднички, ќе собираме искуство и останатите каде и да е леле луѓе дај пракајте позитивни тестови, прекрасна анти стрес терапија жал ми е @podravka , се надевам овој месец да излезе посреќен од минатиот
Е сега сум спремна да ви кажам како си дојдовме до чудото, иако уште ми е страв да зборам оти е рано и човек не може да знае што го чека ама го дочекав ова што мислев дека можеби никогаш нема да го дочекам и морам да споделам сведоштво, за Божја слава заслужена и праведна. Однапред се извинувам што постот ќе биде долг ама имам да кажам повеќе работи И знам дека некој може ќе си помисли дека сум луда или забегана ама побитно ми е да помогнам, макар и само на еден двајца што ќе ме сфатат сериозно, отколку што си мислат другите за мене. Значи вака, јас и мм отсекогаш сме си верувале во Господ ама тоа е онаа традиционална вера останата од нашите. Прекрсти се, отиди во црква на празник, запали свеќа кога имаш мака и толку. Од нигде-никаде, пред две години ми подарија Библија, само Нов Завет и почнав да ја читам. Си ја читав често, некогаш и секој ден ама тоа беше све. Почнаа некои мали промени духовно и карактерно во мене и така терав година дена ама не преземав ништо повеќе, освен тоа што почнав да си се молам навечер. И лани почнавме да се обидуваме за бебе. Колку повеќе не сакаше секој месец, толку повеќе се молев, толку повеќе читав за Господ. Кога ги добивме најлошите дијагнози, имав еден лош период кога Му бев толку лута што не сакав да чујам за Господ. Ми траеше две-три недели и се чувствував одвратно, како препуштена сама на себе на цел свет, па почнав да гледам видеа и да читам текстови на тема "How to Get Over Being Angry With God" - имаше едно особено добро видео на YT баш со овој наслов. И тогаш сфатив дека лошите работи што ни се случуваат се само искушенија и последици на нашата сопствена гревовност што Бог ги дозволува само за да се приближиме до него. Сега тука морам да кажам збор два за мене и мм, зошто некој можеби одма ќе си створи некоја погрешна слика во глава, еј овие вакви, овие такви, овие забегани, овие конзервативци некои... Значи не сме забегани, не сме од планина, не сме некои утепани Напротив, многу сме модерни Млади сме, акаме по светов, си водиме здрав живот теретани, пилатес, си имаме успешен приватен бизнис, еден куп пријатели, вака да не види некој како изгледаме никогаш нема да очекува да не види во црква во недела. Значи вербата во Бога и све што следува во приказната можеби е необично за некого ама не е селско и забегано И значи тогаш, да речеме пред некои 5 месеци, за првпат отидов во Бигорски манастир да поразговарам со некој за проблемот. Да не должам многу, монахот ми рече: „Дете, таа традиционална вера не е доволна. Тоа што не можете да имате дете, без разлика дали има медицинска основа или не, е последица на вашата гревовност, твојата и на маж ти. Сите си мислат, Абе какви гревови, па јас сум добар човек не сум направил ништо лошо, но сите грешиме и тоа е уште полошо, кога се самооправдуваш и не си свесен за сопствените греовови. Сега, ќе си се спремите, ќе си најдете духовен отец, па ќе си се исповедате двајцата, па ќе си постите за велигденскиот пост и на крај ќе се причестите. И после тоа ќе видиш дека све ќе биде како што треба“. Си отидов малку збунета, знаев дека мм нема шанси да оди да се исповеда кај поп или монах, ама на раб на очај веќе, си реков ќе правам јас што треба за двајцата. Знаев дека ќе морам да почнам од одење во црква, па почнав секоја недела да одам на литургија по некој саат во најблиската црква овде кај мене во Аеродром. За моја среќа, како пратен лично од Бога, литургиите овде ги држи еден од најдобрите свештеници во цело Скопје - отецот Бобан. Уште со првото одење комплетно ме освои и некако знаев дека ќе го одберам него за духовник, иако размислував уште скоро цели два месеци додека сварам све. Еден ден закажав средба кај него, му кажав за проблемот и тој ми кажа све исто како и монахот. Ми даде листа со гревови за да знам што све спаѓа во грев кога ќе се подготвувам за исповед. Се вџашив кога земав да ја читам и кога видов КОЛКУ ВСУШНОСТ гревови сум имала: лажење, оговарање, посакување туѓо, завидување, среброљубие, недоволно помагање.... Ќе ви ја пратам и листата што ми ја даде ако сакате. Да скратам, го одбрав отецот Бобан за духовен отец, се подготвував за исповед со недели се присетував на се што сум згрешила во животот и отидов да се исповедам. Сама, мм уште не беше спремен за овие работи, му беше ту мач све. Исповедта беше уникатно искуство, он ти кажува „Дете, зборувај слободно, ти се исповедаш пред Господ Исус Христос сега, а јас сум само сведок“. Збориш и плачеш, збориш и плачеш, се виткаш од срам ама се’ вреди на крајот кога ќе ти ја стави раката на глава и Му вели на Бога: „Боже, погледни искрено се кае, прости и ги гревовите, јас ги земам на моја совест...“ или нешто слично. Излегов од таму како 10 кила полесна. Отецот само ми рече, Ќе мора и маж ти да дојде, ова е борба на двајца, не може само еден да ја води, но не го форсирај, биди му пример и нека посака да дојде сам. Па така продолжив да си одам на литургии, да си постам кога треба, ме причести отецот неколкупати, ми даде молитви да си ги кажувам во текот на денот. Добив и следниот месец и кога ми дојдоа солзи, мм ми рече, „Аман до кога. Му се молам на Бога секој ден да не благослови, ако не поради мене, ако сум јас толку грешен, барем поради тебе и све што правиш ти“. Веројатно тогаш почна да се буди внатрешно. И минатиот месец отиде да се исповеда! Освен тоа, отецот ни даде и гранче од чудотворната лоза ама уште не стигнавме до „ритуалот“ со гранчето, само го ставив под перница. Се молев секој ден, некогаш заедно со мм - ништо посебно, со свои зборови и Исусовата молитва: „Господи Исусе Христе, сине Божји, помилуј ме мене грешната“ по 50-60-100 пати дневно. И тоа беше, како што реков, мм се исповедаше минатиот месец и овој месец две цртки. Можеби све ќе беше побрзо да ги направевме сите овие работи побрзо ама нема брзање тука, мора све да биде по своја волја, оти со сила убавина не бива. Освен тоа, една членка на форумов ми пиша лична порака да ми каже што запалило кај неа, моќта на позитивното мислење - ми рече испринтај си тест со две цртки и гледај си го секое сабајле. Јас го споив тоа со молитва, го испринтав тестот и секој ден Му се молев на Бога да видам таков тест. Тоа исто беше сега скоро. Значи вака звучи долго и можеби страшно, но има ли нешто пострашно од битката што ја водиме? Одвојуваш саат-два неделно за една литургија во недела, си бираш ДОБАР! духовен отец, се исповедаш, постиш една недела, се причестуваш. И најважно во сето ова, ВЕРУВАШ. Не ја губиш верата ни за час. Пишува во Нов Завет, „Маловерни, зошто се сомневате? Имате сила и да и речете на планинава помести се и таа ќе се помести ако го кажете тоа со верба!“ На крајот на краиштата, не губиме ништо, само добиваме подобар квалитет на живот; не можам да опишам колку сум посреќна и поисполнета и посмирена откако си водам ваков живот. Си гледам и промени кај мене, позитивни плодови на малку подобра личност од тоа што бев. Тоа е мојата приказна во најкратки црти што можев Кој сака нека се чуди, кој сака нека се смее, ќе бидам среќна ако макар една од вас сфати сериозно, го направи истото и доживее чудо
Тука сме со тебе. Ќе сочувствуваме со тебе и кога ќе успееш, а ќе успееш, ќе плачеме од среќа со тебе. Немој да се откажуваш. Ние сме борци, не се предаваме во ниедна борба.
Ова заборавив да пишам, едно од прашањата што најмногу ме мачеа и му го поставив и на отецот, беше: „Зошто кај нас мора да е олку тешко, зошто олку стрмен и тежок пат, кога кај некои парови се фаќа од прва, а можеби се многу погрешни и полоши луѓе?“ Тој ми кажа дека секој си има свои искушенија, кај некој е дете, кај некој е болест, кај некого пари, кај некого семејство. Рече, "Нема да завидуваш, нема да посакуваш туѓо. И тие немаат нешто што имаш ти, дали љубов, дали пари, дали среќно семејство, убава работа. Можеби нема љубов меѓу мажот и жената, па детето ќе им биде среќа да ги држи заедно. Господ знае што прави и зошто не’ става во одредени ситуации, можеби сака да не доближи до него оти најмногу го бараме кога страдаме, може сака да не научи на трпение, може сака да ни го смени карактерот за утре да сме подобри родители. Во секој случај, не смееш да очајуваш оти ако очајуваш, тоа значи дека не веруваш во Божјата промисла и волја." И вистина е така, јас најмногу го барав Бог кога најмногу страдав и сакам да верувам дека се’ што се случуваше било за да не’ доближи до Него и да не’ направи подобри луѓе.
Кога се будам сабајле градиве скоро па нормални ми се. Чувствувам како жежење само. Како одминува денот, прслучето ми станува тесно, а кога ќе го соблечам е оф мори мајко.. Нормално е ова?
Da ne se javuva nekoja vena na desnata vidi? Za moeto zezenje ti kazav, a na momenti bea sosema normalni i togas se obeshrabruvav.
Имам како V па се спојува во едно накај аеролата (ама објаснив е!).. Се опседнав значи! Колку што не мислев 2 месеца, толку овие 2-3 дена сум опседната.
Еден Бог е сведок како ти се радувам! Плачам 2 дена од среќа за тебе. Ме погоди и првиот твој долг пост, ме погоди и овој. Посакувам никаква мака да не видиш во бременоста, освен оние слатки мали и убави кои секојдневно ќе те потсетуваат дека имаш живот во себе! Бог да е со сите вас и сите благословени да сте!