Јас кога останав бремена првиот пат(ама за жал не заврши добро) се јавив на мојот духовник и тој ми ги убалажи постите. Консултирај се со духовникот тој најдобро ќе ти каже. Позз мила
Страв тие дур останеш бремена страв тие од кога ќе останеш за да биде се во ред .. Само ќе кажам дај боже .. Дај боже на сите да им подари никого без деца да не остави .. А посебно вас на оваа тема кои што сте ми толку блиски и ја делиме истата мака ..
Јас планирам од утре петровиот да го почнам, мислам дека не може ништо негативно да има, исчистена исхрна баш уште подобро, башка за овој пост сабота и недела е дозволена риба. Сега сум уште помотивирана да постам од што сум благодарна на Бога, башка рано е уште немам никакви посебни апетити и нагони за храна, па не е дека ќе се лишам од нешто страшно. Ако ми стане тешко, ќе му пишам на духовникот да ми ублажи, само не сакав ни него да му кажувам за новостите уште.
Јас постев во петок и го прашав попот и ми рече дека можи да мрсам додека сум бремена , а и сите ми кажуваат дека на бремени , стари и деца му е простено ако не постат. Сепак прашај си поп тој да ти одобри
Честитки Енџи. Воопшто не се оптоварувај со безвезни работи. Мајки што се не јадат и раѓаат здрави бебиња. Се верува дека со тоа што носиш ангел во тебе ти не мора да постиш. Ама мене душава не ми дава да се откажам и нема. Јас сум 4-ти месец, редовно постам и здравје, до крај не планирам да прекинам, барем во петок. А, (извини не знам која религија си), ако постиш за Бајрам, затоа што не се јади ништо преку ден, тебе и онака нема да ти се јади овие дена ако почнат мачнини, но без вода тешко ќе издржиш, а ќе мора и витамини да земаш.Редуцирај го барем ако постои таква можност, како што христијаните ги ставаат на бели пости. А ако си христијанка те молам не прашувај поп да те ослободи, оти тие и сами не постат.Сериозни сте со попов? Постои ли кај нас достоен поп да те ослободи од постот?! Не би рекла! Впрочем таквиот би требало да ви каже дека ниту една болест, бременост итн не ве ослободува од обврската за исклучување на месото од исхрана во, среда петок и празнични пости.Ти кога си одлучила да не постиш, не постиш и готово, Што совест ќе смируваш со поп што не пости салам ни за Велигден? Постот во христијанството вклучува единствено здрава храна, па зошто бремена жена не пости? Од форес за еден ден? А бе ајде! Тогаш не бил вистински постот ни пред тоа, оти нели постот не е само нејадење, тука е пресудна вербата и добрата мисла, што ако те водат се намалува потребата за храна и воопшто не е тешко да издржиш. Јас го разбирам ослободувањето од петровденски, богородични, велигденски, велигденски пости, ама од еден ден, ниту го разбирам, ниту го оправдувам!
Постам за Бајрам мила , затоа се мислам да го прекинам зашто кај нас не се јаде преку цел ден а и не се пие ..затоа мислев да не штети иако е рано .. И во нашата вера бремената жена е поштедена од постот .. Како што кажа ти до човекот е и до вербата ..
Никаде во библијата не прочитав постења какви што прават православните.Всушност потребата за пост треба да ја имаш за да постиш,и самиот ти одлучуваш кога и колку дена,и тоа треба да биде имтимност мегу тебе и Господ,значи тој период му се посветуваш Него,затоа и постиш,целосно си му предаден.И не го разбирам постот,јадеш се освен мрсно.Никаде не пишува во библијата(всушност треба да живееме според новиот завет)дека поп или духовник треба да те ослободи ако немеш да постиш илида те води ако сакаш да постиш.Едноставно многу нелогичности ми има православната и католиците,па решив си читам библија и си се молам на Господ,не ги посетувам нит ги следам нив.Али да не забегуваме од темата.
@ANGIE1 а да се консултираш со гинеколог? Кога ќе одиш на ехо прашај и најубаво ќе ти објасни и за храна и за течности. Духовното може да се надокнади, ќе имаш многу прилики да постиш и да се искупиш доколку го прекинеш постот, сега најбитно е здравјето и бебуш да добива се што му треба.
Знам дека не се јаде и пие, а тебе ќе ти биде неопходна вода, посебно на топлово. Во секој случај, постот е ништо, ако само се откажуваме од храна, а мислите не ни се чисти, ако навредуваме, се караме и слично. Верувај поважно е тоа што излегува од уста од тоа што влегува во неа. Во секој случај течности и овошје ќе ти требаат, не е еден ден повеќе се, а надвор е жешко. Мора да и признаеме и на медицината, сепак не сме во примитивно општество. Ти како бремена не можеш цел ден да останеш без вода. Пости во мислите, тоа е доволно
Честитки до сите нови труднички со лесно ме нема некое време и многу се исчистиле од овде. Ајде влечете уште со вас.
Кога сме кај постот. Здравје од утре почнувам да постам, се до Иванден и на тој ден ќе си се причестам, бидејќи на тој ден ми се имат случено повеќе работи
Честитки Енџи со лесно да си ја износиш бременоста Стварно кажи ми која е тајната на успехот на луѓето од вашата вера, немам сретнато муслиманка а да нема деца алал да им е сите по 3-4 си имаат, немаат мака при зачнување. И по болнички ходници кога ги гледам машала со мешиња си шетаат. Што ве прави толку посебни дали уште веднаш кога ќе се земете си почнувате со испитувања, и почнувате со постапки односно не чекате како нас две години ?